Хахаха тогаш да не праиме трошок.. ... Нез ама наводно кратко траеле тие бракови Хахахахаха Сега ме уби
А, извини ако толку многу сакате, што не те запроси сега?! Или треба баш на 26ти април 2020 да е запросувањето? I don't get it. Едит: И шо има врска престапна била или не? Е што мразам вакви глупости ау.
А овие шо се трудни и треба да се породат 2020, да си почекаат до 2021? Сексови исто така се забранети да не се зачне детето у престапна?? И празниците не се слават у престапна... Од на митра, станка, епа ќерка и на стојна имала дете, кое правело свадба у престапна... се развеле после 1 година... Јеа, откривме причина за шо мажот ја тепал. Сфатете животот си го градите сами, а не суеверијата.
Дечко ти може потсвесно да е исплашен од тој голем чекор пред уште поголем чекор,па без да сфати си се правда на страв од суеверие.
... Ако некогаш имаш работа со луѓе кои се суеверни или од мало место не навредувам и јас доаѓам од провинција по родителите и поголемиот дел од нас но тогаш ќе видиш како е... А меѓу другото не чекавме туку испадна муабет др година нема да може да те запросам бидејќи е престапна и погоди што МИ ГИ ЗАПАЛИ ЖИЧКИТЕ... мразам суеверија Ммм може му е страв од брак, ама и од црни мачки сакам да кажам суеверен е too much
Не ти се чини ко алиби ова, читај меѓу редови. Нема намера да те запроси у догледно време, така да земи ја работата у свои раце
Како што ти пиша @John Snow ,читај меѓу редови.Ете,како што ти велиме,или му е страв од брак или не мисли сега на тоа. Разговарај со дечко ти подетално.
Мојот одговор беше сосема на шала, не го сфатив ни прашањето сериозно па затоа така и напишав Ако ти е за утеха, јас сум мажена во престапна година па ете не размислувам за развод
Луѓе сите коментари ги прочитав и пак не сфатив. Што е престапна година? Како дозванате која година е престапна? Што верување има за тоа? Ај јас како да сум од венера стварно првпат слушам па ако може некој да одвои време да ми објасни хаха
Престапна година е кога февруари има 29 дена, односно годината има еден ден повеќе 366. Се паѓа секоја 4та година.
Леле хаха никогаш не сум слушнала дека така се вика таа година. Стварно сум изгубена хаха. го знаев тоа со годините но незнаев дека така се вика Сепак ти благодарам
Сум слушнала за свадби дека не се правело во престапна година. А зошто никој не знае. Премногу суеверен народ сме за жал. Народ што уште верува во магии и бајачи, не само ова. Уште долго ќе треба да се искорени тоа. Вака смешно ни изгледа, ама во реалноста е факт дека најмалку свадби има во престапни години.