1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Запросување во јавност

Дискусија во 'Свадба' започната од femina90, 24 февруари 2012.

  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Бидејќи јавното запросување стана многу модерно и кај нас во последно време, редно е да отвориме тема :)

    Дали ви се допаѓа ваквиот начин или сепак сакате да се случи во интимна атмосфера?
    Дали мислите дека ваквото запросување особено кај јавните личности е можеби со цел да привлечат внимание и да се саморекламираат?

    Можеме да споделуваме и видеа од интересни јавни запросувања надвор од државава.
     
  2. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    запросувањата што ги имаше досега се се по договор и мудро испланирани, секако за популарност, бидејки кај нас за се се зборува и се се коментира, па зошто не и тоа, да имаат со што да се фалат утре.
    јас сум за интимна запросувачка сепак тој момент сакам да биде само мој и на дечко ми, а и од кај да знам можеби нема да сум доволно спремна за да прифатам, па да се обрукам и мене и него пред цел свет, не благодарам, и интимото може да се направи за паметење, со романтична вечера, свеќи, тивка музика и сл. :$ :)
     
    На sj *O* и katerin им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.972
    Допаѓања:
    233.200
    Имало и ваква тема :) .
    Па да се изјаснам...
    Јас сум за интимно запросување, сепак тоа е дел од нашата интима.
    Сакам да биде посбено, необично и карактеристично само за нас.
    Да биде на начин кој не опишува нас, како карактери.
    Еве може на Сан Сиро да ме запроси :D .

    Но, слатки ми се и оние јавните.
    Многу ми се допадна запросувањето на Сашко Коцев, оргинално и романтично.
    Може е клише, ама слатко е.
    Може тоа ги отсликува нив како личности и чуствуваат дека тоа е вистинскиот начин.
    За убаво е, а се што е за убаво и јас сум за ;) .
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    По природа не сум личност што искажува емоции во јавност,така да би сакала да ме запроси во интимна атмосфера, јас тој и прстенот. :lol: Не знам, не би ги испитала истите чувства доколку ме запроси во јавност пред толку луѓе, не би знаела како да изреагирам. Поточно, би си ги потиснала чувствата може ќе ми дојде да плачам, или да викам, или да ги правам и двете водејќи љубов со него. :)
    Интимна атмосфера за мене.
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Јас порано сакав јавно, гламурозно и помпезно запросување, сите да зјапаат, јас да се топам ко сладолед на асфалт, и да ми љубоморат на среќата, јаааааа ]:)
    Сега, како што ги гледам запросувањава, морам да признаам и покрај храброста, ми делуваат благо патетично.
    Уште од тоа демек реалното шоу што беше ми стана налудничаво троа, со запросување на Кале и некои колачиња, паметам една реченица на тој буцкото - мое слатко колаче, со ова колаче те запросувам - сакаш ли да се омажиш за мене? :^)
    Камера снима, на оваа лиги и потекоа за колачот, го дрпна и зема да го руча, којзнае што одговори.

    Така што - не, за запросувањето во јавност.
    Исфорсирано и клише.
    Јаааа, видете ние колку се сакаме, вие поим немате.

    Сакам интимно и фино, евентуално во кругот на најблиските.
    Сакам да биде тотално изненадување, но познавајќи се него и себе, веројатно тоа ќе биде во склоп на неврзан муабет, уз филм и пуканки.
    - Еј, сакаш да се земеме?
    - Сакам, зашто да не сакам.
    - Епа ајде.
    - Ајде.

    :|
     
    На Valerin, Neytiri и Lola-M им се допаѓа ова.
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Не сакам интимно, сакам во јавност, не во стилот на Сашко на Златна Бубамара, ама некое изненадување во ресторант може. Сакам да сум во центар на внимание, и сакам јавно запросување. Напротив не е тоа желба за да се покаже колку тоа ние се сакаме и нас ни е најубаво и такви срања :angel: туку за мене тоа е за пофалба за храброста. А не некои мажи кои не можат да се прежалат да бидат 2 минути романтични за тој чин, и до свадбата никој не ни знае дека се верени, па ке се вадат со клишето дека не се тАј тип.
     
    На ELENA*** му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    после добар секс, нека ме запроси ќе му кажам да :makeup: :smoke:

    запросувања у јавност леле мори мајко, уште рози да ми постели, црвен тепих, нека клекне на колена, и ајде нека го постави судбоносното прашање |( .
    па да му мавнам 2 шамара!
    значи јас кажувам огромно HE!
    |( Aјде тоа на Cител ок беше, ама со овој на бубамарава епа се*ка.
    ич ама ич ич ич не сум по вакви работи, и никогаш нема да бидам! :yawn:
    во ред е, свадба
    ќе правите, не сте ни први ни послдни, нема потреба од глумење трес метрос собре ел сиело и компанија
     
    На lolitoo, Trendafilka, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    897
    Пол:
    Женски
    Мислам дека јавниве фаци го прават тоа за популарност, а „обичните смртници„ мислам дека прават такви запросувања само за да имаат еден куп слики и видеа, па се фино лепо да се стави на фб, па да има 1500 коментари и дупло повеќе like-ови. :puke: :puke: :puke: Без навреда мои драги форумџики, ама ова е моето мислење.
    Јас сум за интимно запросување. Сакам да ми приреди некое доооообро изненадување :party: ама да бидеме сами.
     
  9. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    И моето ќе биде вакво некое, сигурна сум МИЛИЈАРДА посто.. И плус ќе се утепам од плачење гарант!!
    Дури може и да не укапирам кога ќе биде вистинското, затоа што и сега чат-пат знаеме да се кажеме “Еј ај биди ми маж/жена.. Сакаш ли?’’. :lol: :lol: :lol:

    За овие јавниве, ми станаа досаднички, како натпревар се - ајде кој подобро, ама ако така милуваат - слободно. Од Сашко дефинитивно очекував нешто покреативно. (Thumbs Up за Каролинка - чинам она пееше)
     
  10. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Јас се имам изјаснето во една друга тема дека не дека сум против овие запросувања во јавност интересни ми се за гледање,ама јас не сум таков тип, а и овој мојов е по малку срамежлив,ќе се стутка и ќе поцрвени :$ .Така да сакам да биде интимно,а како што пиша некој погоре повеќе ќе биде како разговор,а за плачење, не бре нема да плачам. :)
     
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Ја обратно, тоа на Сител ќе го ставам во фалбаџиско запросување за Латас да се фали, неможам да го сварам тоа запросување кое интимно се случило веќе 1 недела однапред, гости по дома славење и оп ќутете не смее да се знае, па ај за јавноста запросување број 2 и сите изненадени божем.
    А ова бубамарава кажав му опростувам на Сашко само ради песната во позадина што се пееше :D

    Инаку јас лично го почитувам секој избор, кој како сака, иако оваа нова шема за публицитет ме нервира. НО подобро ќе гледам јавни запросувања него црни хроники и тепачки меѓу млади, убиства меѓу млади, политичка верска расна омраза. Така да они ако веќе решиле нека им е за арно за убаво, ако сакаат да се познати и да ги има низ весници, интернет страни и вести супер, јес да досадни се да, клише е веќе, а хејтери како мене и како многу други ќе има секогаш, битно нека се љубат они.

    Јас лично сакам интимно. Не сакам цела Македонија да ми го гледа клипот на јутуб.
    Најбитното е тој од срце да го сака тоа, сакам да сум изненадена да не го знам тоа и да смисли убав говор. Добро и прстенот да е убав :lol:
    Јас му реков да одиме на одмор на некое егзотично место како Малдиви, Кариби, Сејшели, Тајланд одма ќе ти се подадам и со прстен од хартија направен :D
     
    На AziskaStrslenka, Hipster, CIA и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Не би ми сметало да ме запросат во јавност, ама како што сум си јас емотивна се плашам од својата реакција :D Сеедно дали е во јавност или не, сакам да е ненадејно, искрено и романтично и што е најбитно да не изгледа вештачки и без некое беспотребно "филмање".

    Како и да е, би сакала сето тоа да биде снимено, но видеото да остане само за нас за после некое време кога ќе сакаме да се потсетуваме на мигот, ама никогаш тоа видео да не излезе во јавност и да биде тема на разговор во цела Македонија (пример како што се случи со запросувањето Скопје на плоштад).

    Некако многу ги имаше ваквите запросувања во последно време така што одсега и со најискрена намера да е ќе испадне дека е неоригинално :)
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Hе, сакам да кажам у фазон демек ајде ок, ќе пројдеме преку едно :D Aма не после тоа, сега сите ајдее јавно да се запросуваат :)
     
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    42.990
    За многу кратко време, просидбава јавно кај нас доживеа зенит.

    Прво беше на вести, па договор на дело на плоштад, сега на манифестација од забавен карактер.

    Убаво рече една моја пријателка - Љубовта не е за пред јавност да ти гребат на врата.

    Секогаш некој ќе се најде да сеири, да сере, да грофта на туѓата желба за нешто поинакво. Неутрален став имам, зошто на моменти ми изледало патетично (кога вриштеше девојката на плоштад ко да ја кољат, а не ко да ја запросуваат) но и романтично во случајов на Сашко.
    Нејсе, не би сакала да бидам запросена во јавност, им посакувам се’ најдобро на младенците, но за мене тоа е премногу.
    А и му кажав на мачорот мој дека сакам да ме запроси во балон у вис, така да ќе се помачи :lol: 8)
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Во друга тема се изјаснив дека јас лично не сакам јавно запросување, сакам да биде интимно.
    Но, тоа не значи дека не ми се допаѓаат оние запросувања во јавност. Мене баш ми се симпатични.
    Она на плоштад ми беше повеќе патетично отколку романтично, ама на Сашко му давам десетка за целата реализација. Фејк или не, мене ми изгледаше прекрасно. И едвај чекам утре да го изгледам тој момент целосно, од подруг агол и на поубава снимка :)
     
    На eli25 и butterfly.93 им се допаѓа ова.
  16. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Веќе претераа, јас ги сваќам таквите гестови кога се стварно случајни и добро организирани од еден од партнерите а за другиот тоа е изненадување. А не овие нашиве со месеци двајцата планираат и на крај испаѓа ауф леле ме иненади... боже мој, себе си се лажат или се брукаат.
    Камери по неа ја снимаат таа глуми,... можеби до вчера глумела во реалити шоу па девојката се навикнала на камери... не сватливо е, не се работи за изнендување.
    Ова се интимни моменти кои бараат нежност, внимание, љубов, а не камера и дежурен камерман по тебе.
    Вештачки НЕ!
    Е ова го оправдувам и секоја чест, дечкото вистински се труди, а и камерата не му виси на патец... :)
    http://www.youtube.com/watch?v=9m_Ajrcx ... _embedded#!

    Да е стварно изненадување би сакала, ама ако знае некој друг освен него (баби, стрини, тетки, плетки...) нека си врзи камен околу врат со време и нек си скокни кај што е подлабоко, зашто во плитко можи да преживее.
     
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Издишувам со олеснување, не сум била скот неромантичен имало како мене и други!
    Уф темава ми мава во срж, за мене нема ништо поодвратно од јавно запросување,само од една причина, мене ми е премногу фалбаџиско и к*рнаџиско!
    Добро не мора да знае цел свет дека ние цветаме во љубов и дека сакаш да ме жениш, доволно е мене да ми кажеш, интимно и да завршиме работа!
    Викате јас сакам јавно да се топам јас би се срамела бре сите во мене да гледаат како да сум слика!
    НЕСКАМ и точка.
    Од секогаш ми биле патетични и типично амеркански, на многу филмови кога ги даваат на бим на безбол/рагби/баскет утакмица он ја запросува.
    Ма ајде молим ти се, сра*е во боја!
    Зашто секогаш само неубавите работи и комлицираните ги земаме наместо едноставните.
    Што убаво американците си прават интимна свадба со 50тина касимум гости, без некои обичаи скапи кафани, и што уште не, а не ние мораме од сите адети да поминеме!
    Не би до толку да побегнеме и пијани да се венчеме во Вегас, но сепак не и овие нашиме циркузи.
    И ова со запросувањава ми се циркузи и овој на Сашо а тој па на Сител ич да не го зборам.
    неможе никој да ме убеди дека не е фалбаџиски, ако ти сакаш да ја изненадиш и нели викате дека тоа е најсреќниот ден за жената тогаш она треба да ужива во тоа, а не да го дели со милион други гледачи.
    Патетични ми се, и само сметам дека е фарсантно.
     
    На eloves, Neytiri, crazyinlove19 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Мене воопшто не ми се допаѓаат јавните запросувања, посебно ми беше смешно онаа на плоштадот, Александар мислам дека се викаше дечкото и во позадина трчаат свекрва, золва, комшики со атлантис бонбоњерка со ружи и со што уште ли не.
    На Сашко ми беше симпатично само поради тоа што девојка му не почна да лее крокодилски солзи.
    Не знам што претставува плачењето, никогаш ли порани не е спомната темата брак во нивната врска.
    Не ли разговараат на таа тема, кога ке се женеме ке живееме ваму ,таму , ке правеме ова, она.
    Па солзи па патетики не знам малку ми е се филмски обработано со голема доза на глума.
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.109
    Допаѓања:
    100.221
    Пол:
    Женски
    Добро е не сум само јас што мрчам на вакви јавни искажувња љубов. Според мене цела оваа циркузијада од запросувања во јавност е само за дечкото да се направи фаца, да испадне еве јас кој сум фраер демек романтичен. Глупости. Запросувањето е интимен чин и тоа треба да си остане меѓу двајца што се сакаат. Што е следно?? Губење на невиност во јавност?? Вадење крвави чаршафи на плоштад?? А бе ајде.
     
    На tessie, Hipster, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    СКАНДАЛ: Скопјанец ја побарал својата девојка за жена додека биле САМИ!! :clap:
     
    На Valerin, kjukli, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.