Мој иден сопруг, ако планираш вака да ме запросиш ќе се обрукаш и ќе ти речам не Јас секогаш сум си замислувала и поприватна и помала свадба, па дефинитивно запросувањето сакам да биди сосем интимно, само јас и тој. Некои видеа сериозно се слатки да ги гледаш си прајш, „еј се потрудил“ ама реално повеќе го прави за него него за неа (а 90% и таа знае што се случува па како супер глумица ќе одглуми дека е многу изненадена и дека премногу го сака). Едино едно вакво видео ми се има допаднато, знам другарка ми ми го пушти, кога во Прилеп одеа во парк нели младите, ми се допадна зошто мн слатка ми беше невестата, човеку колку се збрка ко почна овој да вади прстено. И беше поприродно од останатите, без некоја огромна режија АМА СЕПАК сметам дека ова би требало да остани приватно на нивните фејс профили или уште подобо на CD и да го гледааат нивните деца, роднини поблиски, а не сите.
Не го поштувам многу тој чин на јавно запросување, тоа е интимен момент. Кај мене на пример немаше запросување, беше ствар на договор. Знаејќи го партнерот така и очекував, договоривме дата, дојде со родителите кај нас на вечера, ми даде прстен, па еве ништо не ни фали.
Мене ми е баш возбудливо таков начин на запросување.Бев јули некаде на хуманитарен концерт на Димитар Андоновски и Ламбе Алабаковски.Имав две причини шо отидов:да донирам за битолчанецот Пеце и да се видам со Диме(кој ми е кум).Цело време Ламбе нешто невести,бело такви работи кажуваше па оп одеднаш Диме вели оваа песна шо ќе ја пејам ќе биде посветена на една личност многу драга за мене.Со песната Разбуди ме на полноќ полека,полека отиде кажа неколку интересни збора таму се насмеавме тро и клекна на колена,ја запроси и сите така фамилијарно си честитавме ова она и публиката на нозе аплаудираше...баш беше интересно и плачевме од среќа
Можеби не сакам пред широката јавност (а не дека би ми сметало или би му рекла “не“), ама премногу сакам запросувањето да можат да го видат нашите најблиски, да бидат дел од сето тоа.
...ако, барем навреме ќе знам дека не е човек за мене. Јас сум затворен тип и вакво пренемагање во јавност, не.
Хихихи, пропоузл за памтење. Измеѓу суџуци, кадинско брашно и тоалетна. Среќа па излеа погодиле непензионерски ден у Стокомак за глупирање.
Секакви запросувања имам видено на нет ама досега овакво немам видено, нели е малку глупо до фрижидер со сувомесно да ја запросиш девојка ти . Им посакувам среќа ама ич не ми се свига ова
Boze bozeeee cel personal na noze, krazba kollu sakas Sto nema da vidi covek..vakvi zaprosuvanja mi se najglupi.
Некои јавни запросувања се добро смислени и навистина изгледаат слатко, некои се тотално аут, но како и да е, јас сметам дека јавното запросување не е добра идеја. Прво, заради срамот ако те одбие а второ, затоа што сметам дека е тоа еден интимен чин и не треба да биде за пред очите на јавноста. Се надевам мојата сродна душа (ако ја најдам) нема да ми го направи тоа. А којзнае, може и баш заради тоа девојките ја одбиваат понудата.
Се сложувам со претходното мислење. Запросувањето е интимен и сензуален акт а не театрална представа за другите. Демек видете ме сите и пукнете колку сум уникатен али извинете ме ве молам што не се пресоблеков овој пат како кловн.
Секогаш се сетам на случката со другарка ми од средно. Имено, се скарале со дечкото и, и тој ангажирал "Се за љубов" за да ја изненади. Арно ама, навистина било изненадување. Ја среќаваат на сред улица, тој нешто паѓа на колена, и изјавува љубов, таа затечена, фатена од моментот, не знаеше како да изреагира и му кажува Да. Камери се гасат, таа му раскинува - дефинитивно Што е најтрагично, ја пуштиле епизодава на тв, ама без нив на крајот како гости нели. Љубов без среќен крај Да се произјаснам: не сум за такво нешто, не сум таков тип и највероватно би се посрамила од таков чин. Освен и само освен ако не се случеше пред ептен блиски луѓе, пријатели. Мада сепак сум за поинтимна варијанта.
Запросување во јавност??? Дефинитивно НЕ. Тоа е интимна работа која трева да се направи на само или евентуално во круг на блиски пријатели
ЗАПРОСУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ НАЧИН – ВАКВО НЕШТО НЕ СТЕ ВИДЕЛЕ И досега сме гледале многу јавни и романтични запросувања по светов, па и во Македонија, но ова досега не сме го виделе. На Јутјуб се појави видео на кое тројца најдобри другари од Штип во исто време ги запросија своите девојки во еден ресторан. Збунетите девојки очигледно не ни претпоставувале што може да им се случи таа вечер. Романтичните другари во исто време добија одговор „ДА“.
Bas e slatko. Mene nikoj dosega me nema zaproseno. Bi sakala nesto vakvo i na mene da mi se priredi. Nikogas ne se znae
Овде во Прилеп што го познавам едно момче Коста девојката беше од Струмица (Таа година бев мажена таму) шетајки низ плоштад ги видовме ја запросуваше итн со цвеќиња свеќи, отворив на фб кај него сам се рекламираше Запросување во центарот на Струмица , се изнасмеав само бидејќи беше смешно не беше вопшто направено како тие што прават со оранизација и се убаво порталите да ги пренесуваат , ова беше на смешен начин само неговиот профил рекламираше (Тие што се од ПП Знаат 100% Виделе ) По година две, пукна бракот (Нормално она си заминала кога не се погодува со свекрва.. така се зборуваше низ град ..но колку е точно само тие си знаат не е битно..) По месец два, има нова девојка со која е најлудо заљубен Слики фрчат по фб Сакам да кажам ваљда и неа ќе ја запросува јавно Ај за водителот на канал визија стварно се сакаат се гледа низ град кога шетаат и затоа нивното запросување кај судот кај пајчината беше преубаво.. Кај некои супер .. Кај некои не.. Затоа мислам се се прави потајно, па потоа може некоја слика на фб да прикачат доколку јавноста сакаат да знае, а она јавно запросување итн е малку смешно па утре ќе и текне ќе го остави и фактички само се изглупирал , или може и да го одбие
Јас морам да ви раскажам што се случи кога мм ме запросуваше. Дека не сме од исто место, т.е сме од различни држави и никогаш предходно немаше дојдено во Велес, предходно кога шетавме, него му се засвиѓало мало мовче и тоа како било осветлено со рефлектори и решил дека тука прстенот ќе ми го даде. Прво бевме на вечера јас, мм и моите родители, кога им соопштивме дека ние веќе решивме само сакаме да ги испочитуваме со тоа што ќе им кажеме нели. Продолживме после тоа, јас не очекував дека ќе бидне одма истата вечер, он веќе испланирал, јас мислев само во шетња одиме хаха. А он и сестра ми се издоговориле, нарачале букет, сестра ми се скрила таму во близина со се букетот и прстенот и таман на средина на мало мовче некаде ми вика мм ај стани ту да те сликам. И застанав ја а он отиде сестра ми да му го даде букетот и прстенот. И доаѓа најјакиот дел од приказната, доаѓа мм и го гледам носи букет изнасмеан до шеските, а сестра ми стои на почетокот на мостот, немаше никој дека касно, само ние бевме, а во меѓувремено додека мм ми го даваше прстенот, двајца роми сакале да поминат преку мостот хахахахаха сестра ми им спукала стојте бе ваму, почекајте 2 минути хахахах и овие двајцава кога сконтале што е фората, се свртеле накај сестра ми и рекле ЛЕЛЕЕЕЕ АБЕ ВОА Е ВЕРУВАЊЕ БЕ СЕ ВЕРУВААТ ОВИЕ ДВАЈЦА! После тоа сестра ми ги пуштила да поминат хахахаха и ни честитаа кога поминаа покрај нас. Убаво го осмислил сето тоа, јас се чувствував убаво, не беше јавно пред цел град, туку одбрал сепак поинтимно место.
Ако е во јавност, би сакала на некој јак концерт или не некое патување надвор од земјата така. Каде и да е само интимно да е мразам јавни драмења и многу се нервирам со такви глупости. Не ми се ни специјални ни интересни. Да ме однеси на концерт на Pearl Jam на пример и да ме запроси во публика...О је бејбиии. И дома може. Само да нема триста души шо ќе се гледаат и портали шо ќе пренесуваат. That's stupid.