1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Запросување во јавност

Дискусија во 'Свадба' започната од femina90, 24 февруари 2012.

  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Не ми е ништо посебно запросувањето во јавност.Дури не знам и што толку врева се крена за овие последните јавни запросувања.Некако се тоа ми е премногу искомерцијализирано,не ми е воопшто романтично.Секоја чест за смелоста но сепак,не ми се допаѓа.
    Запросувањето ми е повеќе интимен чин и според мене треба да се одвива во четири очи.Така ми е многу поубаво,а и поромантично.Кога ќе дојде време,здравје боже сакам да биде во интимна атмосфера,со некоја вечеричка но сепак на специфичен начин.Да не биде обично запросување со прстен туку да има нешто посебно и креативно во запросувањето.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. HappilyLoved

    HappilyLoved Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    17
    http://www.youtube.com/watch?v=l7ldWtO2Lg0
    Мене ова ми е најјако, незнам дали е реклама или местено како што имаше коментари, ама фацата која ја прави девојкава хахахаха :D
    Иначе и јас сакам изненадување ама меѓу нас двајца, ни роднини ни пријатели освен ако не учествуваат во изненадувањето. А ми се допаѓаат идеите со балонот и патувањето, за прстенот ич такво не ме боли каков ќе биде.
    Ама кај мојов ни Р нема од романтика така да и моето изгледа ќе биде уз филм, смоки и кока кола.
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.798
    Допаѓања:
    38.194
    Пол:
    Женски
    Не сакам да бидам запросена јавно.
    Тоа ми е премногу интимен момент за да го споделувам со светот околу мене.
    Сакам да биде интимно, може нешто оргинално, но би била среќна ако биде и сосема едноставно, за време на вечера пример.
    Секако сакам наредните што ќе дознаат да бидат моите најблиски а не прво јавноста па потоа тие.
    А да не би ми сметало и тие да се присутни.
     
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.027
    Од порано,сум сакала,баш ми изгледаше сето тоа симпатично.
    Но ете гледајќи го трендот на се повеќе вакви јавни запросувања,благодарна и среќна сум што мојот не ме запроси јавно.Беше интимно,само меѓу нас двајца .Не ги сакам нити запросувањата по договор,иако одевме долго и секако само по себе се наметнуваше во кој правец одиме :lol: ,не сакав да биде од типот-Ајде ќе се вериме,епа ајде,ајде да си одбереш прстен :^) Мило ми е што тој ми одбрал прстен,кој премногу ми се допадна, што ете како маж,внимавал на такви детаљи :)
    Незнам што да мислам за јавните запросувања,ама како зачестија ме влечат накај правецот-публицитет.
    Сепак,секој со своите желби,само нека е за убаво :beer: :)
     
    На kate21, maca99, srcekrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    На 1209, srcekrsacka, Buttterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  6. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    На некои личности јавноста им е дел од животот,нешто што нив ги одсликува па можеби затоа се одлучиле на ваков чекор а не заради популарност.Но некои можат да го испревртат тоа.Така да сепак до човекот е.Запросувањата во јавност повеќе им лежат на јавните личности оти тука доаѓа до израз баш нивниот живот,нивната професија.А за обичните луѓе мислам дека треба да е поинтимно.
     
  7. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Мене не ми се допаѓа, не сакам така да бидам запросена и не ми е симпатично кога други го прават тоа.
    Воопшто не ме интересира приватниот живот на останатите, а уште помалку ја разбирам потребата свесно да се споделува интимата со светот.
    Менувам програма ако затекнам нешто такво на телевизија, е ако се најдам на јавно место, малку потешко ќе можам да избегнам такви изливи. И колку да се знае, не хејтам никого и не мрчам намерно, само никогаш не ми се допаѓале вакви работи.
     
  8. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    Ке се надоврзам на Марјанчо (Битлоски)Георгиевски со последното видео :D .
    Ојдени В Охрид, и водителиве пикнати в грмушки:
    -Еве тука се наоѓаме. Сега поскали ќе се симне новата невеста.
    Тука дечкото ќе ја побара.
    Дечкото ропак некој невиден и вели:
    -Те донесов Охрид, те клаив в Котел(хотел), на езеро те однесов да те искапам,
    јаде вечерта? Јаде!Шо остана уште мори???Да те побарам за жена!
    И нормално невестата почна коси да корне да плаче и кажа ДА!

    И моментот на Марјанчо што сакав да се запази е моментот на камера и монтажа.
    Пошто во монтажа на видеа чуда се прават :D
    Мислам у реду е! Нека биде во јавност, ама ако има видео запис нека биде за младенците,
    немора пола Балкан да знае дека Тој и Таа се зеле.
    Нека им е со среќа. Ама тоа е интимен момент!


    Еве еден моменат на скопско запросување.

    http://www.youtube.com/watch?v=-9fQGWa9 ... r_embedded


    ^^^^^^^Со среќа нека им е на дечките^^^^^^^^^^
     
    На maca99 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  9. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Не сакам јавно. Дури одвратно ми е. Клише. Детско. Уанаби центар пажња. |(
    Некако добивам чувство на засраменост, ама оној срам како кога ќе се избрукаш нешто.
    Нејќам!

    И тој клипот од плоштад, сите го ставаа на фб во смисла колку било романтчно, а мене ми се повраќаше кога го видов. :puke: Најискрено.

    Сакам сами, отсекогаш сум сакала. Од типот на седиме во ресторан и идат на маса и ми свират на виолина додека тој клекнува на колена и ме запросува, ми се гади. Не сакам други да ме гледаат.
    Да не можам да се распиштам на мира коа ќе се случи тоа. :lol:

    Дури и нека не клекнува на колена, ептен геј ми е и веќе видено. |(
    Аман нека ми го стави прстенот додека седиме двајцата, и ќе си прославиме убаво после тоа.
     
    На 1209, Masnickaaa и Trendafilka им се допаѓа ова.
  10. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
  11. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Ау јас сакам едно такво. :D Немора вака баш како овие на вестите на Сител или како на Сашко Коцев запросувањето ама сакам нешто така. Не дека е лошо или ќе речам “Не“ ако ме запроси на само или пред неколку одбрани личности ама земајќи ја во предвид професијата на дечко ми лесно и интересно може да се изведе фамозно запросување кое ќе го паметиме ние двајца како туку и сите присутни таму. :D
    Мечтаам за тоа, не од сега од кога стана актуелно ова јавното запросување, туку од кога сум со него си го замислувам запросувањето. :lol:
     
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Да знам дека дечко ми е природно позитивно откачен, романтичар кој и онака внесува по малку драма во секојдневниот живот, и го направи тоа на скроз оригинален начин како она со паѓањето од тараса или некое слично лудило тогаш ДА...
    А запросување во јавност колку да не сними камера и да не видат неколку случајни минувачи, па чоколатца, мама тато одоколу, без некоја посебна атмосфера или да делува ко со сила и срамежливо да го прави тоа-НЕ!
    Ако си таков тип и знаеш да го истераш до крај-ок, инаку немој молим те не ме брукај :tmi:
     
    На Lovely93, Magnolija, ceca-1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    убаво е запоросувајнето во јавно но сепак да биде несто и романтицно и убаво,несто посебно,несто вистинско и со емоци...
    :)
     
  14. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Хмм зашто да не...
    Мене баш ми се допаѓа овој начин на запросување. :)
    Храбар чин е,но подобро да биде пооригинален одколку само јавен. :)
     
  15. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Никогаш не сум коментирала во темиве под заеднички наслов Свадба, од причина што не сум тој тип и такви фешти никогаш не ме привлекувале, ама сега ќе искоментирам...
    Запросување во јавност е чист воајеризам според мене.Нешто слично како и реалните ТВ-шоуа...
    Ако не сакам да се карам во јавност со дечко ми, зошто тогаш побогу би сакала да се сакаме во јавност?!
    Многу лични и интимни моменти,кои такви и треба да останат.Во тоа е магијата.
    Не ми се допаѓа, дефинитивно...
    Исто како што не ми се допаѓа идејата за свадба.Па, тресење до последен денар во овие тешки времиња за неколку часови опа-иха и после имаш, плескавицата беше ваква, музиката беше онаква..
    Пак, воајеризам...
    А, за истите пари или многу помалку, можеш да го доживвеш најсовршениот меден месец (или макар, недела) со саканиот.
    Ама, ајде...тоа е веќе за друга тема :hai:
     
    На eloves, ForeverYoung, aprokovic и 3 други им се допаѓа ова.
  16. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Сакам да биде убаво испланирано,да се потруди,а не само ај да се земеме,меѓутоа не сакам јавно воопшто!
     
  17. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    3.211
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш си замислував дека ќе ме запросат на место кај што сме сами, се добо смислено и средено, без публика и сл. но понекогаш сум сакала и јавно.. Е сега јавно запросување е веќе видено, мислам почнаа сите така... Секако, со добра замисла би можело да помине..

    Како и да е, да биде само тоа што го сакам и ме сака па нема да ми биде важно дали сме негде на остров, на плоштад или пак дома.. Важна ми е личноста а не чинот на запросување... :)
     
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Колку вештачки изгледа целата ствар со сите камери наоколу, повеќе ми е како за слава, за себе, него за девојката и за љубовтта. Таа тука ти се лигави, а ти глеаш наоколу дали добро ти аплаудираат, браос цар си.
    Јас сакам интересно и интимно и забавно. А не да ми се праи фраер пред публика :))
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Запросувањето за мене е интимен чин така што се изјаснувам ПРОТИВ запросување во јавност.
    Спонтано, интимно, неочекувано...
    Јас, тој, прстен, магични зборови, гласно и јасно ДА и веднаш после тоа пост-просидбен сeкс. :inlove:
    Толку.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Со цел да се биде пооригинален, повторно се затупува со едни исти работи. Не сакам запросување во јавност од причина што не мислам дека треба публика за тоа. Не сакам да не гледа цел народ и да чека да кажам „да“ и притоа да приредуваме некое шоу за присутните. Најмногу што би претрпела е запросување во најблизок круг на луѓе, другари со коишто се дружиме секојдневно, па сите заедно да прославиме.

    Но би сакала да се случи на само, на некој забавен и специфичен начин што на некој начин ќе биде поврзано со нашата врска и ќе даде уште поголема доза на емоции.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.