1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Запросување во јавност

Дискусија во 'Свадба' започната од femina90, 24 февруари 2012.

  1. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Дефинитивно сум против
    Според мене тоа е момент кој е само за мене и за НЕГО - евентуално некој кој ни е многу близок и мене и нему.... Мразам сценарија и секако некој филмови - пошто мене реално њоопшто не ми се допадна тоа видео кое беше со типот на плоштад,...., како демек таа не знаела - изненадување... цело семејство ја чека- бомбони -цвеќе ово оно ..и на крај КЛИШЕ од СОЛЗИ...
    но сепак тое само мое мислење..
    п.с. и да плус моментот на Сашко за Бубамарата можеше ако веќе се филмуваа и се пишеа сценарија на таа тема да го направат милиарда пати подобро !!!
     
  2. skorpija123

    skorpija123 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.624
    Јас не сум баш за запросување во јавност. Повеќе би сакала тоа да биде интимно...сепак тоа е наш момент и само ние треба да уживаме во него...Шо мора др да знаат како ме запросиле
     
  3. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Јас имав запросување романтично и во интимна атмосфера,а јавните запросувања според мене се за јавни личности
     
  4. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    И јас сум против запросување во јавност ... Најдобро би било онака интимно, дома, само ние и нашите семејства :)
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
  6. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Запросување во јавност да, ако е на начин својствен и препознатлив за мене и него. Ама како начин да привлечеме внимание на ју-цевка, не. Значи без камери и остали реквизити.

    Можам да замислам само колку бракови ќе останат нереализирани заради превисоките очекувања на девојките од нивните момчиња за начинот на просидба. Кај нас остана уште запросување со флеш моб, а не ме чуди и тоа да го видиме во блиска иднина.
     
  7. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    168
    Би сакала да ме запроси на некој интересен начин, но не јавно. Тоа е сепак интимен чин и не гледам зашто би салала да го ставам на ју туб и сите да го гледаат, па да викаат лелееее браво за дечково, блазе си и на девојкава... Доволно е јас да бидам изненадена и среќна и секако моите блиски.
     
  8. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Ако вистинскиот човек го направи тоа во вистинското време, мошне индиферентна ќе бидам кон тоа дали е во јавност или не. И само ние и штурците околу да сме, тоа е убав момент за секој пар, што не зависи (барем за мене) ни од тоа колку луѓе ќе го проследат или пак ќе аплаудираат.
    Веќе досадни станаа со овие јавни запросувања. И медиумиве видоа луѓево се запалија по вакви видеа па почнаа да ги копаат од пред 7 - 8 години кога на истите сеир фаќаа...
    Ја разбирам оргиналноста и желбата да биде моментот посебен, ама мислам дека од една страна па и притисок е за жената. Речи не и со табла јајце ќе те испратат наместо со букети... :^)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dinamickid

    Dinamickid Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    27
    Мислам дека во јавност кога се случува запросување веќе девојката е ставена на одлука на која нема право да одговори негативно,поради сочните погледи на милион случајни минувачи.
    А и можно е да се добие позитивен одговор на понудата,и прегратка сочен бакнеж додека толпата се разотиде се утепа од аплаудирањеи свршување и фаќање сеир !! :P ама... покасно ..Имаш раскинување и фрлање прстен во очи ! :D ...

    А пак додека ако нели за прв пат женска ти ја однесеш на ручек во „Буре“ во Карпош или Кај „Жабар“
    карши вардар,веќе е јасно зашто го правиш тоа и девојката ќе мора да одглуми : ЛЕЛЕЛЕ ДУШО КАКО СУМ ПРИЈАТНО ИЗНЕНАДЕНА ОД ТВОЈАТА ПОНУДА ЗА БРАК ,и ќе стапиш во брак со ебено првата лага ! :rofl: ...а додека пак се повеќе ПИНК настроените емисии и настани каде што има ПРЕМНОГУ љубов..веќе ми се лигави и клише работи како : СВЕ ЗА ЉУБАВ,јавно на фејзбук искажување емоции преку фотографии, знаете на какви клишеа се мислам ... итн. слични гадости кој веќе немаат смисла Јас имам одлична идеа за јавна честитка за роденден на моја другарка,но не би ја кажал јавно вака.
    За да не ми биде превземена.Тоа е многу подобро од запросување во јавност !
    А сепак без расфрлување со пари за скапи подароци за роденден и слично
     
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно поубаво е запросувањето насамо.
    Но не верувам дека некоја девојка би била разочарана ако запросувањето биде јавно, неа во тој момент нема ни да и падне на памет тоа, ќе биде пресреќна и воодушевена.Можеби после пола саат би му спомнала нешто,но тоа е се до карактерот на девојката.
     
  12. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    http://www.mkd.mk/29347/sport/sino-bel- ... -na-elena/

    Ѓорѓи и Елена, двајцата големи навивачи на тимот од „Јане Сандански“, се во долгогодишна врска, која полека, но сигурно водела кон нејзино официјализирање. Но мал „проблем“ за тоа бил зборот што Ѓорѓи го имал дадено пред себе и пред другарите дека Елена ќе ја побара за жена дента кога неговиот МЗТ ќе стане шампион.

    Затоа, кога судијата го означи крајот на синоќешниот меч во Кавдарци и кога Тони Грнчаров го крена шампионскиот пехар во своите раце, Ѓорѓи знаел дека е дојдено времето да го оствари ветеното



    A инаку,немало да ја побара,Бог да чува |(
     
  13. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Мене ова ми беше најприфатливо од јавните запросувања. Кежуал, во еуфорија од победата, со природни реакции.
    Сигурно планирал да ја побара скоро како инаку и прстен ќе имал во него, па ова му испаднало како супер прилика.
    Не хејтам на вакви работи, камо среќа вакви вести да ги полнат страните :sun:
     
    На miss.ella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Многу извештачени ми доаѓаат тие јавни запросувања, кој на познати фаци кој на анонимуси но истите обавезно мораат да бидат снимени и поставени на некоја мрежа.
    Прашувам зошто ? па не е ништо посебно нити романтично кога некој во јавносте ке те побара за жена,нити некој ке ти завидува во моментот се ке биде заборавено за 15 минути после дешавката.
    Како течат романтичните јавни запросувања, па како и секое запросување од 99% во денешно време.
    - Слушај ми касни 10 дена.
    - Правеше тест беше на гинеколог ?
    - Правев тест негативен е , наредната недела имам закажано кај д-р таа и таа
    - ОК

    Наредната недела
    - Направив тест и бев кај гинекологот, бремена сум
    Тешка пауза една до две минути
    - А што сега ?
    Повторно пауза
    - Не знам .......
    -Еј а што викаш да се земеме ?
    -Абе млада сум,факултетот не ми е завршен........
    -Абортус ?
    -Не тоа никако
    -Епа тогаш ке си се земеме.
    -ОК ама не сакам вака и на тој начин и поради тоа да биде дека сме се земале.......... дека сум останала бремена.
    -Срце утре ке дојдам кај твојте,ти не им кажувај ништо ке излеземе со другарите и другарките
    ти ке глумиш лудило дека си изненадена,а јас ке изрежирам едно романтично изненадување.
    -ЛЕЛЕ срце мое душичка.
    -Ке видиш колку само ке те изненадам.
    - те чекам утре во 19:00 се надевам дека ке бидеш спремен до тогаш,а на мојте ке им кажам да ме причекаат да не си легнуваат рано ЧАОООООООО
    -ЧАООООООО
    Мислам дека вака проаѓаат 99% од запросувањата па и оние - јавните романтичните.
    Се однапред договорено и изрежирано :D

    Што се однесува за мене, тој што ке собере храброст да ме запроси убаво нека размисли дали би сакал тоа да го направи во јавност :)
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    ^ Секоја чест на храброста ама не можев да го изгледам :tmi: :tmi:
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    на ваквите работи повеќе се гледа на храброста, идеата.... а не на тоа колку била оргинална или не и како била изведена.
    Во секој случај браво, и со среќа нека им е
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Вакво запросување најверојатно се уште не сте виделе. Актер од Портланд на својата сакана и приреди спектакл кој сигурно никогаш нема да го заборави.
    http://www.youtube.com/watch?v=5_v7QrIW0zY
    Ејми Франкел тешко ќе го заборави 23 мај. Нејзиното момче, актерот Исак Лемб и приреди вистинска претстава.

    Тој собрал повеќе од 60 пријатели и членови на семејствата кои му помогнаа во идејата да ја запроси Ејми на еден оригинален начин.

    Кореографијата како парада кај голем број луѓе предизвика солзи на очите. Погледнете зошто.
    изворно
     
  20. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Јас сум против јавни запросувања, вистина е спектакуларно и божем се искажува љубовта јавно, но ете мене не ми се допаѓа.
    Ако некој ме сака, ќе ме сака и пред сите и пред мене.
    Јас сум за интимно запросување меѓу мене и љубениот, а потоа за споделување со блиските и сите останати. Повеќе ми се допаѓа тоа, не сакам циркузи во јавност.
    И интимното запросување може да се памети цел живот, не само јавното. Дури мислам дека интимното ќе се памети уште повеќе бидејќи се случило само меѓу тие двајца што се сакаат и е позначајно од јавното. :)