ми се од јавниве запорувања.Веке толку ги извештачија и ги искомерцијализираа што изгубија на значење. Повеке би сакала да ме побараат мегу блиски луге на некоја интимна вечера отколку на сред плоштад или некое такво место.
На мене искрено не ми е гајле Има некои од јавниве запросувања што ми се допаѓаат, некои не, многу ми се исфорсирани. Не се бунам и не мрчам и никогаш буквално никогаш не зборувам за тоа, како што ќе замисли да ме побара, секако ќе ми биде убаво, и секако ќе му речам да(ваљда ). Ако тој смета дека би било убаво да биде тоа интимно само пред нашите блиски, моите и неговите, ако, ако смета дека треба на сред улица, во маркет, ресторан, пак ако, ако смета дека треба прстенот во пица да ми го стави и пред да се удавам да ме побара за жена пак ако, па и во сред односи да ме праша ќе му речам да бре, ако сака на само додека гледаме филм да ми рече, абе сакаш да се земеме, пак ако, ништо не би ми сметало, битен ќе биде само моментот, прегратката што следи, солзите радосници, и така тоа, се по ред си знаете како оди Не ми семтаат толку од причина што се работи за нешто убаво, љубов меѓу двајца, ако некој не сака некој, секако не би се мачел толку да спрема и да ја изненади личноста, по ми смета кога други глупости луѓево снимаат, него ли ете, ја споделуваат љубовта и еден од нивните најубави моменти со јавноста. Секој со своето. Живи били па видели како ќе биде нашето
браво на оргиналноста Најoригиналниот спајдермен -Девојката ќе го памти овој ден целиот свој живот, кога дечко и ја одбрани од хулигани и потоа ја запроси. http://www.youtube.com/watch?v=LnxLUndzFjg
Интересни ми се да ги гледам вака на ју тјуб или било каде постирани на интернет. Не би сакала да се најдам многу во такво видео. Повеќе ми се допаѓа интимна и романтична атмосфера. Без многу љубопитни очи околу нас.
Интересни се за гледање. Но, мене не сакам на таков начин да ме запроси. Пак нема биде некое изненадување, но да сме сами јас и тој. Некако клише ми се веќе тие јавни запросувања...
Па интересно е јавното запросување..Брачед ми ја запроси девојка му во автобус кога се возеле и тоа пред сите и клекнал
http://kurir.mk/makedonija/vesti/77905- ... -Pivo-fest Аман. Веќе навистина не знам до кај ќе тераме со овие "оригинални" јавни запросувања. Ќе почне ред да се чека на јавниве манифестации за јавно запросување. Бројче ќе си зимаат пред бина и некоја на звучник ќе ги повикува, ко во веро маркетите. Број 5, Марко и Даниела може да се качат на сцената. Повели Марко, Даниела само смирено. Даниела: Да да! Може да дојдат следните. Број 6, Трајче и Васка. Повелете.
Мразам привлекување на внимание во секаков вид, па токму затоа би рекла НЕ ако ми се случи ова мене. Останатите нити ми се важни нити интересни. Премногу ми е глупо што од еден толку интимен момент прават толку лажен. Не сакам притисок од јавноста, да не го бламирам, најарно ке да е. Запросувањето е интимен момент кој треба да го делат само двајцата партнери. Нивните сегашности се вкрстуваат градејќи заедничка иднина, а романтичноста не е кога пред камера ќе изјавиш те сакам, романтично е кога секое утро ќе и' кажуваш на девојката те сакам пред да почнете уште еден убав заеднички ден.
Јас сум со оние кои немаат ама ништо против јавните запросувања, баш напротив, многу ми се симпатични и слатки сите на свој начин. Не е толку важно колку се оригинални, бидејки ни во запросувањето на вечера, дома или слично, нема ни трошка оригиналност, ако така гледаме, само разликата е пред колкав аудиториум ќе се собере храброст да се постави прашањето и понудата. Незнам што би било доволно оригинално за некои, а и секако зависи од вкусови, сепак јас пред се ја ценам и поздравувам храброста на сите момци до сега кои тоа јавно го направиле, собрале храброст и клекнале пред девојкаси,а сите оние коментари и критики секако ќе ги има, таков народ сме си ние, само лаеме за се и сешто, и додека видиш животот летнал во суд и празни муабети.
Да знаеш само после запросувањето која песна ја пеел Џеј. http://www.youtube.com/watch?v=UbYIbvd9dzA Машка глупа работа. Искрено иако ги мразам запросувањава јавни, ама кога веќе решил дечкото и кога има избор он покрај Жељко и покрај песни како Љубави, Заборавјаш, Додир леџа од леџа и тако даље, он ја бара на Џеј со песната Раѓај синове. Уште едно смајли морам
Јас си немам мака од јавни запросувања, мислам се додека се работи за љубов, како сака нека е изведено. Привлекување внимание? Можеби,нека е тоа,но лошо е до толку? За убаво нешто се работи, не е ова привлекување внимание од типот - еве пример, тепачка на тинејџерки, па по тоа да плукам и да ме нервира, разбирам, ама ова е убава работа и сега, what's the big deal? Какви с*ања има во светов бе, а на нас ни смета едно јавно запросување...
Мене не би м исметало ако ме запроси во јавност,на само.Кога сака и како сака нека си направи планче едно романтично и убавко,па мене дали било јавно или не воопшто нема да ми биди важно,знам само дека ќе кажам да Не ги осудувам ни тие што запросиле јавно,ниту пак другите кои што го одбрале поинтимниот начин на зљаапросување.Во секој случај секој какп што сака си има право да си ја запроси девојката,а богами и девојката дечкото
Слатко е кога сум од другата страна,немам ништо против,како што пишав слатко е и симпатично,но јас за себе повеќе би сакала интимна просидба иако и двата типа на запросување се романтични..Таков тип на личност сум,сакам интима помеѓу мене и партнерот..