Ауу не. Мене вака да ме запроси во јавност, ма каков сака нека е начинот, романтичен или не, се колнам ќе го одбијам и ќе бегам колку што можам побрзо Не се вакви работи за мене, не фала. Се знае бре, тоа е интимен момент, меѓу двајцата. И уште сега кажувам пред другарки (за да му пренесат на потенцијалниот ми маж кој и да биде) дека ако ме проси во јавност ќе го одбијам без око да ми трепне Едно е пред неколкумина, друго е пред цел плоштад, на пример.
Мене целото запросување во јавност ми личи на атеншн хорс. Сериозно. Тоа е работа помеѓу нас, и искрено никој не го боли чопо, дали мојов ќе ме земе за жена или швалерка. Работава ај да побркаме сеир и си одиме. Дефинитивно сакам на само да биде. Тоа е наша работа.
Дечкото ми е сограѓанин и познаник на дечко ми и многу се слатки со Шарлот, незнаев дека во MК ја запросил. Инаку да се изјаснам на темава. Многу ама многу мразам јавни запросувања, посебно последниве кои се дешават низ нашата државичка, толку се извештачени, некреативни и толку секојдневни што доџе ми да вриштем. За мене тоа е интимен чин, па би сакала да биде на само, евентуално пред блиски, моите, неговите или пред неколку одбрани луѓе ама не јавно. Ајде се качува тој на бина и веќе сите знаат па и дотичнава дека ќе ја запросува и се чека моментот, таа уште ни не кажала да, а се шлакаат раце.Глупост. Oправдувам ако е нешто оригинално осмислено и да мора да се случува јавно, ако направи нешто што тој го смислил и нормално да е во наш стил, ако у момент му текне, ете ако го понесе моментот да речам или немам против ако ме запроси на концерт на Бон Џови качен на бина пример , ама да се глупира вака, на концерт некој безвезе, на пастрамајлијада, тоа ми едлува само како видете ме имам храбост. Aха.
И мене, и тебе и на Совршенство Роберт ни е сограѓанин Инаку,и јас не ги сакам воопшто овие јавните запросувања. Пренагласени ми се, посебно во последно време, чиниш секоја втора е запросена во јавност. Досадни станаа веќе. А и не се креативни,ама ич. Кога веќе си решил такво нешто цел свет да го гледа, барем направи го единствено и уникатно. А не на плоштад, на пастрмајлијада или концерт на Лозано. Не би сакала вака да ме запроси дечко ми. Сакам тоа да биде само наш момент, а не на целата јавност. Секако после со тек на време тие што треба да разберат за свршувачката - ќе дознаат.
Запросувањата во јавност мене ми се романтични. Но, постојат секакви луѓе. Зависи каков е човекот и со оглед на што запросува... Може да запроси заради пари, заради љубов и многу други работи...
На почетокот ми беше интересно но како поминува време некако ми е префорсирано.Јас лично сакам да ме запроси интимно, само јас и тој и да си го паметиме како еден од поубавите моменти во животот.
Спојлер http://mkzabava.com/vesti/svet/405-..._e8arwZHTgNs9f0H5E1AVAISNfkxgx7mBtbLWD-yH#_=_ Во контекст на муабетот запросување во јавност и одбивање на понудата
Cепак сум за поинтимно запросување,двајцата да си ја споделиме среќата во најубавиот момент,а адреналинот е голем не знам како би изреагирала во тој момент,доколку ме запроси јавно.
НЕ не не за запросување во јавнооост -барем за мене...па тоа е чиста глупост...ок во ред интересно,романтично кој како си замислил и сега треба цел свет да знае за мене или било кој...и онака од фб се се знае...
Само нека смее да ме запроси во јавност Повише би му верувала на зборовите кога ке ми ги каже тивко и само на мене, а не на цел свет.
Како и да е сакам да биде интересно и да ме изненади со начинот на запросување а не како што има слулеви кога ке ме испрака само да ми извади прстен или сл сепак тоа се случувуа еден пат во животот и би требало да е по различен о ддругите денови... (МА КАКО И ДА Е САМО НЕКА МЕ ЗАПРОСИ ВЕКЕ ) :
Просто не ми се верува девојкава колку е мртва ладна Македонецот Тане дојде од Мајами за да ја запроси својата девојка Даниела. На плоштадот во Скопје се појави со кочија, стигна до саканата и ја запроси. На сето ова му претходеше поздрав од плажата на Мајами. Македонците станаа се поромантични по првото јавно запросување на плоштадот во Скопје. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... y9_xQfcNlg
Само да е романтично. Не ми е гајле дали ќе биде на плоштад или дома пред телевизор. Нека има цвеќиња и срциња и свекички и романтика, тоа е најбитно Само не би сакала да се снима тоа. Дури и да е на јавно место запросувањето, го доживувам како нешто што треба да се раскаже понатаму, а не да се види. Здравје на свадба ќе не снимаат.
Сигурно девојкава не сакала дечко и да ја запроси во јавност. На мене не ми се допаѓа запросувањето во јавност. Тоа е интимна работа и не мора цела јавност да ја дознае.
Колку и да и е срам и да не сака во јавност...оваа реакција ми остави лош впечаток. Го гледа дечко и кој сигурно го немала видено долго време. Ниту го прегрна, ниту ништо Па прво ја душна - таа ни на тоа не му врати. После беше понудата. Таа кога на неговата појава не се зрадува, уште помалку пак на запросувањето. Клекна човекот да ја запроси, го пресече. Па на човекот му падна незгодно, па се смешка, ја гушка...да ја ублажи ситуацијава. Оваа одма се гледаше дека му приговара нешто....
Добро како сакате да реагира девојкава? Јас мислам дека е договоорено се па затоа вака ладно се однесува.Како и секое јавно запросување така и ова.Планирана работа,ајде јавно ќе те запросам ради популарност.