Запросување во јавност

Дискусија во 'Свадба' започната од femina90, 24 февруари 2012.

  1. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Прашање е само Нимиц шо ќе каже :D
     
    На cresa-jagoda, Valerin, kolovoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.745
    Пол:
    Женски
    Ако „главните ликови“ се договорат, ко пита Нимиц-а разбираш.
     
    На Valerin, kolovoz и DigY им се допаѓа ова.
  3. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    ja ќе речам-НЕ,јер нешо не сум расположена за у ЕУ и НАТО. Ептен ако ме фати пред добивање може да се сложам...
     
    На kolovoz и tessie им се допаѓа ова.
  4. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Јас сум против ваквите изненадни запросувања од проста причина што понекогаш девојката е во тесно ќе каже да чисто колку да не го обрука дечко то прес сите присутни, а всушност воопшто не ниту подготвена за брак ниту пак го гледа својот партнер како прилика за мажење.Ќе речете што и е на оваа што збори некој да не сака да се мажи и сл. ама познавам многу парови кои се заедно од проста причина што си викаат болје ишта него ништа и затоа што немаат друштво па дечкото им е најсигурен додека не најдат подобра прилика. Против сум и затоа што кога нешто вакво ќе се случи пред цела јавност поголеми ќе бидат озборувањата во случај не дај Боже да се раскине веридбата или за кратко време по свадба да се разведат.Последна глупост што ја прочитав за јавно запросување беше она во Прилеп преку билборди незнма колку е верно ,но крајно не убав начин на запросување, барем мене не ми се допаѓа.
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.897
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Пред некое време бев сведок на вакво запросување. Се случи во кафиќ на свирка од еден пејач,што во моментов не е битно кој .
    На женскава и беше роденден и демек пејачов ајде и честита роденден и и' рече: Дечко ти сакаш да ти каже нешто :) И почна типов : Мила,јас тебе многу те сакам...лелелел ме фаќа трема и продолжува.....јас неможам без тебе...бла бла бла: Сакаш ли да се омажиш за мене?!?!?!

    И реакција од девојкава луѓе ни изненадена ни ништо онака само ладно крвно му рече: ДА! И ајде после се изгушка,се излигавија...абе глупости!

    Искрено ова запросување во јавност ми гледа како договорена работа од страна на дечкото и девојката,ама ајде злато ќе те запросам в кафиќ или на плоштат имат сите да ми се восхитуваат и да не праат муабет цела година,ќе бидеме во центар на вниманието !
    Свашта,само треба да се добри глумци.

    Инаку јас да кажам,кога некогаш ќе дојде време до тој момент не сакам да биде во јавност или пред било кој друг. Сакам јас и тој сами некаде,романтична вечера,свеќи,тивка музика со некои љубовни песни...Прво да се потсетуваме на времињата поминати заедно како дечко и девојка па после да ми извади прстен и да ме праша.

    И не сакам да ме запроси на одмор,ете ако одиме подолго време би сакала да ме запроси на местото каде што прв пат сме излегле! Каде што сме ја започнале приказната како дечко и девојка,и каде што ќе започнеме да ја пишуваме приказната како маж и жена! :rofl: :$
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Симпатично ми е запросувањето во јавност, мислам дека ако не на секое, на секое второ видео се расплакувам. :lol: Би ми било мило и да сум сведок на такво нешто. Но кога станува збор за моето запросување, ќе се согласам со повеќето од вас како што приметив. Сакам да биде тоа интимен момент меѓу нас двајцата, евентуално некои блиски пријатели или семејство. Но мислам дека ќе ми е помило да го направи тоа на пример на вечера кога ќе излеземе некаде сами, ама од секогаш сум сакала да е со некој повод, празник, годишнина, Нова Година... добро, за НГ не би биле сами веројатно, освен ако не отпатуваме некаде. :wasntme: И да е без повод нема врска, но така сум го замислувала... исто и на годишен одмор или некое убаво патување ми е мерачки, само се прашувам каде би го сокрил прстенот од мене, роден инспектор сум да сум жива и здрава. :rofl: Како и да биде ќе бидам пресреќна ни помалку ни повеќе во тој момент, па макар и на ВЦ шоља ме запросил. :rofl: Тоа е еден и единствен момент, најсреќен за една голема љубов кој се памети до крајот на животот. Никогаш не би очекувала од дечко ми да се осмели на нешто храбро, бидејќи не е тој тип, не е чаламџија. Ништо што не му лежи не би сакала да направи, само тоа. И нешто што не можам да разберам а прочитав неколку пати во темава: „ако ме запроси во јавност ќе кажам не“ или „ако не е оригинално ќе избегам“ и слично или обратно. Што љубов ви е таа побогу, одговорот за најважното и најсреќното животно прашање да зависи од само еден обичен чин од 2 минути. :lol:

    П.С. И јас бев сведок на вакво нешто во диско на настап на една добра група (не ми текнува која беше) на мојата матура, и девојката беше матурантка, а дечко и некоја година постар и ја запроси. :lol: Она се расплака, сите им аплаудираа и после тоа честитаа, јас мислам дека си беше во ред начинот, е сеа што е на матура тоа е друг муабет и прашање на избор. :D
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.540
    Воопшто не ми се допаѓа ваков вид на запросување.Тоа е посебен момент за нас двајца нема потреба од публика.Незнам стварно и ова сега демек во мода е последниве две три години ,а некако и досадно стана.
     
    На kolovoz, tessie, Umbrella22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Веќе сите почнаа со јавни запросувања, па ако на почетокот ни изгледаа интересно сега мене ми изгледаат како глупост и премногу вештачки. Запросување со микрофон на јавна манифестација, на билборд или некој медиум жива глупост.
     
  9. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Јавно запросување мене не ми е чин на љубов, туку на идиотизам и attention whores т.е. демек само тие се сакаат и знаат што е љубов. А, што утре ако раскинат, се разведат? Што тогаш? Одат луди генерации, моралот опаѓа под нулата, па кога влегувате во нешто влегувајте со резерва и помалку трошоци.

    Мој пријател фрли илјадници евра за свадба за да се разведе после 5 месеци.
     
    На mila25ve, kolovoz, ozbilnazena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    И јас не би сакала да бидам запросена во јавност. Сметам дека тоа е интимен момент помеѓу двајца млади и дека нема место а ни потреба од други луѓе..
    Никогаш не сум замислувала јавно запросување, затоа што не сакам ни да бидам запросена на тој начин. од секогаш сум сакала тоа да биде неочекувано за мене, Јас и Тој сами, било каде и да го постави прашањето :$ без најави, да се обидува да го скрие тоа добро од мене што не верувам дека ќе успее, исто како и Lovely93 испектор не ми е рамен :D

    а дека си плачам на видеа од запросувања, си плачам :angel:
     
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.471
    Пол:
    Женски
    Аууу, какво запросување во јавност - НЕМА ШАНСИ. Не само што јас не сакам, туку познавајќи го и дечко ми, никогаш не би го направил тоа, никогаш. Воопшто не сме пар кој сака сите да знаат колку се сакаме и воопшто не ја покажуваме љубовта на сите, немаме потреба од такво нешто. Ние и онака се' си правиме скришумечката. :D Ништо на никој не кажуваме и знам дека и ова нема да биде исклучок.

    Сакам да биде на место каде што ќе бидеме сами. Само да бидеме сами, не е битно каде сме. Нека биде и дома пред телевизор, уз филм и пуканки, воопшто не ми смета. Битно тоа да си биде само наш момент и да биде на наш начин, својствен за нас, нашата врска, нашите карактери. Да биде скромно, спонтано, навидум случајно и без срциња, мечиња, аплаузи, огномети, без криење на прстенот, без такви слични клише работи...

    Искрено јас сакам запросувањето да биде како резултат на претходен договор. Да си кажеме и двајцата дека: "Да, од сега па натака сме спремни за тој чекор и прашање на време е само кога ќе биде." Па после тоа дечко ми може да планира кога и каде ќе ме запроси. А не тоа да биде на него кога ќе му текне. Може јас нема да бидам спремна тогаш, можеби имам на ум уште нешто што сакам да остварам. Сакам да сме на чисто, и двајцата да бидеме вистински спремни за тој чекор.
     
  12. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.453
    Допаѓања:
    61.059
    Недај Боже така нешто да ми направеше... Сигурно ќе немаше да се омажам за него.
    Не сум јас тип за такви јавни изливи, а не е ниту тој, добро е :P
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.745
    Пол:
    Женски
    Ова кога го прочитав, ми текна на благото сеирџиство како дел од нашиот менталитет. :D И ми текна на еден скеч од к-15 кога Цаци оговараше некои луѓе и додаде „а што беше играње, чочеци на свадбата хихихихии“. Е и ова нешто слично би предизвикало кај народот, во стил „а што беше занесување, клечење на едно колено у јавност, па аплаузи, па ово па оно...“ :rofl:

    Намерно го спомнав народот затоа што ваквите запросувања се прават и за да им се допаднат и на невестата и на јавноста. Ваквите запросувачи се доволно великодушни да го споделат убавиот момент. Публиката е таа што аплаудира на крај на запросување, таа и би се сеирела во горенаведениот случај. Но, секое чудо за три дена, ќе се најде поинтересна животна прича. :rofl:
     
  14. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.454
    Пол:
    Женски
    Не сакам такви циркуси..
     
    На tessie и kolovoz им се допаѓа ова.
  15. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.097
    Допаѓања:
    136.772
    Пол:
    Женски
  16. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Нее не... само размислете, што ако сака да му каже не? Не е спремна за брак не сака баш сега или така нешто, доколку е во јавност замислете каков срам би било тоа! Тогаш едноставно се принудува личноста да каже да.... а доколку атмосферата е поинтимна, послободен и поискрен ќе биде одговорот...Бидејќи не секоја девојка скока од желба да се омажи. А на тој начин просто илјадици очи ја набљудуваат па мора да се изјасни со да... :|
     
  17. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.329
    Nisto ne e tolku tragicno. Zivotot e zabava. Mnogu seriozno si go svatil brakot.
    Brakot e izmislica na socializmot. Umre socializmot umre so nego i brakot.
    Covek sto ednas se mazel nema poima sto e brak. Cel svet po pet pati se mazi i razveduva.
    Uste li teorii za brak.
    Gledaj te zabavuvaj te se zivotot e kratok da se mudruva, vaka ne, taka ne.
    Ne ti fali nisto ako se razvedes, ama ti fali nesto ako ne se premazis/prezenis.
    Good Lack
    :party:
     
  18. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Eдно големо НЕ за запросувањето и лигавењето во јавност. Мошне клише ствар, веќе видено и експонирано до крајни граници ако се прашувам јас. Патем, никого не осудувам но сметам дека тој чин ако веќе се случува треба да биде интимен. Демек, ако не ја побара на мост, чаршија, кале плоштад или во ресторант не ја сака. Глупости.
     
    На tessie, Elissa и Петре Прличко им се допаѓа ова.
  19. Kimora

    Kimora Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    1.036
    Пол:
    Женски
    Ваквото запросување повеќе изгледа како обид да се добие внимание од околината пропратено со аплаузи, коментари и честитки од непознати,кои се нашле на местото на НАСТАНОТ.
    И што ако ја запроси девојката во јавност,со непотребна театралност и помпезност??
    Повеќе ќе се сакаат?
    Ќе покажат на светот колкава е нивната љубов???
    НЕ!
    И не мора цел плоштад или кафуле да блее во девојката додека таа го кажува судбоносното да,па да следува гушкање па музики,па мора некој да снима итн.
    Овој чин треба да биде интимен,само меѓу оние кои треба да стапат во брак без непоребните туѓинци,кои и онака ќе го заборават настанот за неполни 5 минути.
    Љубовта е меѓу нив двајца и овие моменти треба да бидат наменети само за нив...
     
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.950
    Пол:
    Женски
    Јавно запросување=Циркуз
     
    На Valerin и SwanMay им се допаѓа ова.