Заработи преку интернет

Дискусија во 'Барање работа' започната од littlegirl92, 5 јануари 2011.

  1. littlegirl92

    littlegirl92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    13
    Искрено постојано ги гледам овие реклами заработи преку интернет со гледање реклами или само различни страни и ме интересираше дали некоја феминка имала позитивно искуство со ваквите работи? :^)
     
  2. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    31
    стварно има многу сајтови , и јас си велам да почнам но не знам дали вреди?
    ...ај ако знае некоја феминка нека ни каже
    ....јас порано гледав едни реклами секој ден по 30 тина секунди , ама некако предолго требаше тоа да трае за да собереш одреден број на долари, кои најмалку можат да ти пратат па и сметки од банка требаше, за кои ми беше страв да ги споделам да не ги злоупотребат , па се откажав
     
  3. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.023
    тоа се само живи глупости и само реклама,не се добри се излагав еднаш,и за џабе едно човече цело време ми се шеташе по екранот а тоа еден куп вируси ми се наполна компјутерот,потоа неможев да го исчистам,не се зафркавајте после ќе имате работа со антивирусните,не се вработувајте преку интернет така,ако работете одете секојдневно на работа а не на ваков начин ;) :lol: :lol:
     
    На Xana1318 и Frendo им се допаѓа ова.
  4. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    121
    Нема врска ова. Имам пробано порано со едно незнам како се викаше и ништо. :D
    Поарно најдете си нешто работете вака, отколку на тоа да се надевате.
    Човече ќе ви шета на компјутерот и на вас пари ќе ви пуштаат. Или реклами ќе кликате и плата..... :lol:
     
    На anastasija85 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bubuu

    bubuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    4
    Леле се изгазив од смеење за човечево што ви шета по екранот хахааххаахах Инаку тоа се се лажги, нема вистина во тоа :)
     
  6. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    217
    Не секогаш се лажни овие сајтови .... Но треба многу да се внимава. Татко ми има пријател што живее од ваква работа :)
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.814
    Допаѓања:
    4.668
    Пол:
    Женски
    Tоа за мене се живи глупости, искрено немам доверба во вакви работи воопшто, па не ни познавам некој кој успеал во ова јас лично.
    Дури не си одиш на работно место да си седиш и да си ја гледаш работата др.све е гола вода...
     
  8. petii

    petii Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    3
    Навистина поголема глупост нема. И јас се занесов на тие реклами, кога дојде за исплата нигде ги немаше.
     
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    1.736
    ех феминки колку грешите

    секако дека може да се заработи преку интернет на многу начини primer E-Bay
    еден од нив е Кафепресс.ком (се логирате, и отварате своја он лајн продавница за маички, чаши, и слични работи-можете и бесплатно да основате своја продавница-free а има и со вложување на одредена сума(за со картичка)
    ова го ми беше дел од предавањата по е-бизнис, и самиот професор имаше заработено доста од овој бизнис, секако треба и време и посветеност

    (најлесно се наогја на Гугле.ком Cafepress.com)
     
    На Spiceyourlife, FotoLina3, AhThatFemaleProblems и 3 други им се допаѓа ова.
  10. abeajde

    abeajde Нов член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    16
    Не им верувам на ваквите заработувања...има некои сајтови као да кликаш и лапаш по 0.1 цент али тоа е за никаде...до сега не сум сретнал некој конкретен сајт кој ти нуди да заработиш пари... повеќето се спам
     
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.551
    Може да се заработат еден куп вируси, тоа да :nod: !
    Не зборувам од лично искуство, но обично вакви сајтови се потенцијално опасни за компјутерот и не ги ни отварам!
     
  12. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    4.429
    Пол:
    Машки
    ^
    Пријателке, не дека ќе фатиш вируси, во принцип ни тие немаат ќар од тоа, па не се такви сајтовите... Но работата е што е потребно челично трпение, нерви и многу слободно време, па и убедување, за да имаш полза од такво нешто. Односно, ќе ти речат дека со секое кликање на линк добиваш 0.01 цент, а дека дневно можеш да кликаш по максимум 10-ина реклами. Па сега ти направи ја математиката. И нормално, ќе постават и услов, односно минимална сума која мора да се исполни за да се исплатат парите, да речеме да имаш барем 10 долари заработено. А „финтата“ као лежи во тоа да каниш што е можно повеќе пријател(к)и исто така да се приклучат, и за секоја успешна покана ти следат да речеме 0.5 долари, и плус од секој линк што ТИЕ ќе го стиснат и ти добиваш по 0.01 цент. Со други зборови, се работи за сајтови кои функционираат преку систем на мрежа од корисници. А кај нас, што поради скептицизмот, што поради менталитетот, а што од оправдани причини, знаеме дека да се успее на ваков сајт со многу пријател(к)и на него е практично неможно. Затоа и нема полза да се станува член на кој било од нив. :)
     
    На INDIGO74, Mari Ferrari, Elen.b и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. antica20

    antica20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    26
    Абе ај заработи преку интернет :D уствари сака да каже ке кликаш на мојот сајт кој реално има 10 посетители дневно, по милион пати дневно
    за тоа јас ке си наплаќам банерчиња за реклама и лажно ке рекламирам=демек рекламирам и на крај месец јас ке си лапнам дебели парички а на вас ако сакам ке ви пуштам некоја смешна ума или ке најдам некој смешен изговор за да не ви платам сето ова е само трчи лажи ништо повеќе
     
    На beret му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pesickaterina

    pesickaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    ако закате да заработите на интернет посетети ги овие линкови, на почеток заработката е многу мала, но не се откажувајте, исплатата е загарантирана

    http://www.clicksia.com/index.php?ref=katerinapesic
    http://www.clixsense.com/?3658687

    <a href="http://www.neobux.com/?r=pesickaterina"><img src="http://images.neobux.com/imagens/banner9.gif" width="468" height="60"></a>
     
    На dan4o122 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.814
    Допаѓања:
    4.668
    Пол:
    Женски
    а која е гаранцијата дека исплатата е загарантиран?
    имаш искуство работиш со ова?
     
  16. pesickaterina

    pesickaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    минималната сума што може да ја повлечеш е 1 или 2$, мене досега ми имаат исплатено неколку
    а ако сакате поголема заработка можете да се регистрирате на
    freelancer.com
    на оваа страна има вистински работи: внесување на податоци, парафразирање на текстови, креирање на веб сајтови, креирање на логоа и илијадници други работи......
     
    На krEM4Eto и FotoLina3 им се допаѓа ова.
  17. monikaoh

    monikaoh Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Почитувани

    Знам дека во денешно време е многу тешко да се најде работа која е исплатлива и за која навистина вреди да давате се од себе бидејќи многу луѓе не знаат да го ценат трудот на другите и наместо да вработуваат луѓе со соодветни квалификации на кои стварно им е потребна таа работа, тие вработуваат луѓе кои не се квалифицирани, но најчесто се роднини и пријатели на таквите работодавци. Денес,за жал живееме во време во кое на дипломите не им се дава големо значење од претходно наведените причини. Но, мислам дека тоа не треба да не обесхрабрува,бидејќи знаеме колку вредиме и кои се нашите способности,умеења и вештини кои на еден или на друг начин доаѓаат до израз - и тоа најчесто кога сме газди сами на себе.
    Поради желбата да работам сама за себе,пребарувајќи низ интернет страниците одредени огласи за работа, наидов (за моја среќа) на една веб страна која ми ја зголеми самодовербата и ме натера да се регистрирам и да започнам да работам за себе.

    Всушност се работи за Rembraco Networking-компанија која нуди работа преку интернет со само неколку саати работа пред компјутер и е застапена во дури 22 земји ширум светот. Работата се состои во промовирање на Rembraco производите и на самата компанија преку споделување на вашиот линк кој го добивате откако ке се логирате и извршите регистрација.
    Чест и задоволство ми е што ова го споделувам со вас како што некои личности го споделија со мене благодарение на што во рок од само 17 дена успеав да направам 250 евра за кои инаку во денешни услови би требало да работам можеби 2 месеци или повеќе.

    Се надевам дека на некому ќе му бидам од помош со мојов прилог.
     
    На Маца 1123, Vegegirl и Strawberry121 им се допаѓа ова.
  18. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.090
    некако скептик сум околу ова и стварно ми е бвз а плус мила моја не ни помагаш ти на нас туку сакаш да искористиш нешто плус со тоа што ке повикаш членови и така да зимаш процент :) поправи ме ако грешам.
     
  19. monikaoh

    monikaoh Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    во компанијава секој работи за себе што е докажано во 22 земји, така да јас помагам на тие што стварно им треба помош и што не се скептични за работи што не ги знаат со сигирност. За жал се додека не го развиете оптимизмот и довербата во вас самите никогаш нема да напредувате. ДОКАЖАНО
     
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.057
    Иш, преваранту!
     
    На mici.i, Irena888, AhThatFemaleProblems и 1 друга личност им се допаѓа ова.