Заработи преку интернет

Дискусија во 'Барање работа' започната од littlegirl92, 5 јануари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Alpha010

    Alpha010 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2018
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Машки
    Можноста за заработка е правопропорционална со големината на портфолиото. Ако имаш богато портфолио ќе имаш и доста клиенти без разлика на полот. Зависи и од фриленсинг страната. На freelance.com нема да имаш проблем ни како женско ни како машко.

    Јас ќе споделам искуство со Fiverr кој го користев порано. Направив нормален машки профил и недела и пол ми требаја за првата порачка. Го затворив тој профил и отворив со женско име и слика од девојка. Го промовирав по неколку форуми, изработив квалитетни слики за понудата и легнав да спијам. Сабајлето не можев да си поверувам, имав 11 порачки и 3 пораки.

    За жал поради моја грешка, ми го затворија профилот по 2 месеци. А буквално ми беше рудник за пари. 1500$ извадив.
     
    На Almin му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.904
    Допаѓања:
    45.303
    Пол:
    Женски
    И јас работам фриленс, веќе 8м. Дизајнер на ентериер и проектант на мебел. Почетокот беше тежок, неверојатно многу, првите месеци се убив од аплицирање и не добив ништо, потоа неколку месеци имав работа не можев да постигнам, па пак стагнираше некој месец ипол и мислев да се откажам, ама среќа не се откажав, набрзо потоа добив рејтинг над 90% што е доволен успех и промоција и сега полесно се наоѓа работа. Заработувачката у глобала досега не ми била многу голема, ама не ни очекувам тоа да се случи веднаш. Малку штедиш, се снаоѓаш, трпиш и верувам дека упорноста ќе се исплати. Најдобро е ако работиш константно за неколку клиенти на принцип плаќање по час зошто најредовно се плаќа. Мене досега скоро се ми беа фиксни цени и проблем е ако клиентот не враќа, па го чекаш па си планирал да добиеш пари за 2 недели, ти добиваш за месец ипол и така.
    Реално не е лесно, ама неверојатно исплатливо. Зошто јас на струка тука не можев да најдам никаква работа, и да имаше оглас беше со 12000плата што да ме убијат не работам за толку зошто си го ценам знаењето и квалитетот. Тука 12000ми се можеби неколку дена работа и тоа по мои правила.
    Отсекогаш сакав да работам од дома и да имам сопствен бизнис, на овој начин верувам дека ќе ми се оствари зацртаното. Само ако бидам упорна и секако квалитетна.
     
    На Almin, x.Daisy.x, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  3. solzicka.solzicka

    solzicka.solzicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    77
    zdravo ..jas sakam dokolku si vo moznost da mi objasnis fala
     
    На Crna2006 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. solzicka.solzicka

    solzicka.solzicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    77
    jas :)
     
  5. DimitarLuna

    DimitarLuna Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2018
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Машки
    Би ви го препорачал сајтот xenzuu.com... Сајт налик како Фејзбук, постирате, лајкнувате, коментирате и заработувате. При самото најавување користете гп ваучерот UFE1R7VU и ги имате вашите први 2$.
     
  6. Alpha010

    Alpha010 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2018
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Машки
    Започнете и потрошете го вашето драгоцено време кликајќи глупости.
     
    На Emy867 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.687
    Пол:
    Женски
    Почнав на интернет на едно RSY Money.Bid, треба да се направат 150 долари јас направив и сега ми траже да привлечам некои 40 реферали може ли некој шо има искуство да објасне у инбокс или тука?
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DragonSlayer

    DragonSlayer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2015
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    колку што разбрав треба да им внесеш уште 40 души преку твојот акаунт за да дојдеш до исплата и да чекаш прво нив да ги зафркнат па да се навратат и да те зафркнат и тебе
     
  9. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    1.963
    Добро, до кога со најдебилниве сајтови на цел свет?
     
  10. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    кој сака да заработи откупувам nudes !
    :rofl::rofl::rofl:
     
  11. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    6.834
    Пол:
    Женски
    Луѓе, ако се заработуваше така лесно преку кликови и гледање на видеа, сите ќе беа богати. Незнам како верувате сеуште на ова, и си го губите времето. Навистина постојат страни за онлајн заработка, ама станува збор за вистинска работа, за која треба да поседуваш некаков талент и да се потрудиш, а не да седиш и да го скршиш маусот од кликање.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    гуглај webcam model :clap:...немораат ни да кликаат многу у таа професија :rofl::rofl::rofl::rofl:
    македонија земја на информатичари !
     
  13. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    6.834
    Пол:
    Женски
    Хахах да :D
    Ама стварно, застанале дома пред компјутер, не му се мрднува од столче, и демек ајде ќе заработам со кликање или гледање реклами. Не велам не, се заработува на интернет, ама со работење вистинска работа во која се вложува труд и време, како што реков и погоре. Не е туку-така.
    За тој што е амбициозен и снаодлив има многу области во кои може да се пронајде, и да заработува многу добри пари за наши стандарди.
    И јас неодамна почнав со работа на интернет, и сум многу задоволна. Така да, тврдам дека има многу можности, ама во нив не спаѓа кликање и гледање реклами.:)
     
    На Almin и 1209 им се допаѓа ова.
  14. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    да погодам дизајн или артикли?
     
  15. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    6.834
    Пол:
    Женски
    За жал не :D
    А точно е дека има многу работа на тие полиња, и добро се заработува.
    Засега се снаоѓам со нешто поситно, транскрипција, пребарување на интернет, средување документи, зависи, има се и сешто.
     
  16. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    бидуваш на фриленсер
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    6.834
    Пол:
    Женски
    И не баш. Вработена сум по струка, ова е онака..нешто плус :mm:
    Не сум вложена нешто посебно во оваа работа, али за она што го тврдев дека се заработува, тоа од искуство на многу блиски пријателки.
     
    На ccca му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    звучи премногу комплицирано, можеш да ми објасниш на кафе
     
  19. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    6.834
    Пол:
    Женски
    Што е толку комплицирано? Фала за поканата, I'll pass :D
     
  20. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    шо е това илл пасс ? :P:rofl:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.