Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заработи преку интернет

Дискусија во 'Барање работа' започната од littlegirl92, 5 јануари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    И што тоа поконкретно работиш на интернет? Како се одвива твојот, условно кажано работен ден? Колку часа работиш, колку денови, од што се состои твојата работна задача? Објасни ни поопширно на кој начин ги заработуваш тие пари..
     
  2. MihajloVasilev

    MihajloVasilev Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Работата е едноставна, има повеке значи како работички, кои се прилично едноставни, е сега колку време ке работите дневно тоа зависи колку сакате вие да одвоите време.. По неколку месеци работа, не морате воопшто да работите само треба да менаџирате некои работи.. Контактирајте ги одговорните тие детално се ке ви објаснат.. Доколку знаете добро англиски јазик можете да стигнете до заработка многу побрзо од колку мене..
     
  3. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Епа сега ако ти си упатен, го работиш тоа и специјално се регистрираше на форумов за да ни кажеш за работава тогаш зошто ти не ни објасниш и што работиш поточно? Еве кажи 2-3 работички од тие повеќе што се работат? Кажи ни ти за 120 долари што работеше, колку време во денот и слично...
     
  4. MihajloVasilev

    MihajloVasilev Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Treba da naogate adresi na webstrani, dnevni sostanoci da gi podreduvate... i sl Pozz
     
  5. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    А да пишеше линк од страната на која работиш не би било лошо?
     
  6. Anickaworker

    Anickaworker Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Samiot sajt se sostoi vo resavanje na ednostavni zadaci kako registriranje na odredeni sajtovi,lajknuvanja,share,kreiranje youtube account i sl.Dobivate 1 dollar bonus so samot registriranje...Jas sum dolgogodisen clen na ovoj sajt i dosega imam izvadeno nekade okolu 950 dolari.
     
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Не можам да не прокоментирам. Добро, тебе Аничка те читам по сите форуми кај што сум регистрирана. Ај на другиве има поупатени типци, па те пресечат одма, ама овде начека да наведуваш девојки да ти кликаат, па ај ќе мачкаме очи.
    Сајтов е очигледно твој или на некој близок.
    Како прво, странава ја нема во никоја датабаза за микро работи, а архивата датира од Февруари 2012, па има застој, па после едвај е активирано дури во Јули. Далеку е од една година постоење.
    Тоа 12 активни работи, 2300 членови и заработени 3900 долари, не е вистинска статистика, туку е рачно вметната во HTML и така си стои откако прв пат го видов сајтот пред неколку дена, благо се зголемуваат доларите само поради тоа што си навлекла народ да заработуваш пари од нивен реферал. Англискиот исто, е далеку од професионален и добар.
    Немој некој да се заебал да си внесете број од кредитна. :!: Добро ми се познати ваквите сајтови. Рекламираат насекаде, навлечат некој одреден број членови, си заработат на нивна сметка, располагаат со нивни кредитни картички и одеднаш сајтот го снема, што поради пријави, што поради тоа што на сопствениците им фуфнало или стигнале до некоја посакувана сума. Аш, финито.
    Ќе ја цитирам женсвака од црнобело, кога дечките што со години работат со вакви сајтови се изнасмеаа, кога им рече „Минатиот месец заработив 500 долари“, ама сега овде вели 80 долари биле.
    Дај бе немојте да заебавате вака да навлекувате народ, еј.
    Жими онаквото еден од најголемите ќе биде, нема ни лиценца фала Богу. |(
     
    На sirena4, LejdiD, sunfemina и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Anickaworker

    Anickaworker Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    [mod-navredi:3gig5fuh][/mod-navredi:3gig5fuh]
     
  9. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Дури сега видов дека девојката се зачленила на форумов само за да убедува луѓе за работава и сите мислења и се на оваа тема :lol:
    Среќа не се зачленив на страната па нема од мене ни еден цент да улови :rofl:
     
  10. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Некој наседна? :?: calliope ми го пресече филмот :fubar: , а таман мислев дека конечно ќе добијам искрени и вистинити одговори :D ("па и се понадевав дека можда и јас ќе заработам 80$ месецов" :P ) На ниедно прашање нема конкретен одговор, така да јасно е..не ни морав да отварам да гледам кој е сајтот.
    Но, на крајот како што секогаш бидува, изгледа Aницка се одбранила со навреди, па останува познато дека пари во вакви "работи" баш и нема.
     
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Ту, штета, не сум била тука да прочитам што пофални епитети ми биле доделени. Мех...
    Ама мразам вакви работи. Гледам дека има неколку што наседнаа. Не само од овој форум.
    Што сајт ќе беше што нема ни една, извињење за речник, мочана гаранција за безбедност на системот? Од кај да знам кај ќе ми одат парите, кога немам никаква потврда дека сајтот е поврзан со пејпал или банка?
    А, гарант, сајт со толку мал (читај: никаков) сообраќај и неактивност, нема шанси да го верифицира ниедна од наведените банки, не би имале никаков профит.
    Нема ни сопственици кои се, ни контакт за истите, ни претставништво...ништо бе, ништо.
    Имам работено на вакви сајтови, некои од нив се и директно поврзани со Амазон или еBay, веднаш да си нарачуваш ако сакаш. А ова? Така било тоа, во пеинт ќе нафрламе сликички и готово.
    Сега додале знакче "Verified paypal", а врска нема, само слика е, не се клика како и најголемиот дел од иконите што всушност се само сликички. Верификација бе...аха.
    Мислим, толку нелогичности на едно место немам видено одамна. Долгогодишен член била, а сајтот дали 10 месеци има, заработила 950 долари, а вкупната заработка на сајтот е 3900 долари, што значи дека од вкупно 2300 демек регистрирани души, наша Аничка држи добри 35% од вкупната заработка, ако не и повеќе. А другиве што добиле, жити мајка?
    А најјакото е што на листата за 9-10 мсеци има само 12 работички со вкупен износ од нецели два долари, ама битно типкава за само 1 месец направила 80, ако не па и 500 долари. Фак лоџик.
    Поарно некој надлежен нека и’ го избрише линкот пред да наседнат други.
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Optimistic

    Optimistic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    14
    јас сум зачленета, ама не сега преку аничка, туку пред некое време се зачленав.... имам работено на microworkers и имам и пдигнато кеш преку банка, ама на овој сајт не сум пробала, завршив неколку работи и исплатени ми се 1.38 долари.... Аничка вели дека се е објаснет на сајтот ама таму нема ништо така да и јас мислам дека е накоја глупост.... А за microworkers гарантирам дека може да се заработи ;) ;)
     
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Принцип на заработка преку Adf.ly

    Преземено

    Се работи за AdF.ly Ова е многу едноставен, многу лесен и профитабилен сервис!

    Еве како работи:

    Го отварате линкот AdF.ly и се зачленувате на сајтот. При зачленување внимавајте да ви биде селектирана опцијата Link shrinker, не Advertiser затоа што вие ќе скратувате линкови преку adf.ly и преку нив ќе заработувате.

    Откако ќе ги внесете сите податоци и ќе се зачлените ќе ги внесете сите податоци во профилот потоа ќе можете да почнете со работа.

    Кога ќе се логирате на вашиот акаунт, автоматски сте пренасочени на home и горе ќе ја забележите опцијата да скратите некој линк, внесувајќи го во празното поле и кликајќи Shrink!.
    После тоа ќе кликнете на COPY и тој линк е спремен за пуштање во јавност.

    Како ќе заработувате?

    Кога некој ке кликне на линкот кој сте го скратиле преку Adf.ly и сте го споделиле, прво ќе се отвори рекламен сајт и горе после 5 секунди ќе се појави опцијата SKIP AD за да ја прескокнат рекламата и да продолжат кон вистинската дестинација која сте им ја навестиле претходно.
    Они не губат ништо со ова, но со секој таков посетител вие заработувате неколку центи. Односно просечната исплата која ја прави Adf.ly e 4$ - 6$ по 1000 посети преку линкот.

    Што значи доколку вие имате 100.000 посети месечно на тој линк, можете да заработите од 400$ до 600$ !

    Одлична вест е што Adf.ly вршат исплати и преку Alertpay, сајт кој ја има Македонија на листата земји со кои е во соработка и врши валидни исплати на сметка. Што значи, нема да имате никакви проблеми со исплаќање на парите.

    Исто така Adf.ly е компанија која исплаќа 100% !

    Сега ќе разговараме околу методи:

    Можете да го искористите буквално секој извор на интернет сообраќај! Што значи, можете да споделувате линкови од слиќи, музика, филмови, со било кого, преку било која социјална мрежа или веб страна.

    1. Доколку имате Twitter акаунт со многу followers икористете го и твитајте линкови со интересни информации скратени преку adf.ly. Ако не сте забележале досега, можете да приметите дека многу луѓе твитаат со линкови скратени преку Adf.ly. Кога споделувате користете привлечни зборови за да го зголемите интересот на луѓето за информацијата а воедно ќе го зголемите и бројот на кликови.

    Доколку немате твитер акаунт добро е да си отворите еден и да почнете да билдате followers.

    2. Можете да споделувате и на Фејсбук, но моментално Фејсбук го има банувано Adf.ly па се води кампања за отстранување на банот и сл.
    Одлични пари се прават кога ќе направите status update на некоја поголема fan страна. И ако постирате интересни статуси цело време, константно ќе имате заработка.
    Истото важи и за профили со многу пријатели.
    Но сега засега ќе морате да почекате да се тргне банот, или најдете некој сервис за скратување линкови и скратете го и adf.ly линкот па постирајте, или направете subdomain на ваш домен или бесплатен и ставете пренасочувач на него кон adf.ly линкот, за html пренасочувач побарајте на google, html redirect code.

    3. Download на софтвер, слики, музика. Download линковите можете да ги скратувате преку Adf.ly и да ги споделувате на форуми и сл. Има некои светски форуми со масивни количини интернет сообраќај така што и да ги спамувате повторно ќе добивате добар број кликови, затоа што луѓето сакаат се да дознаат и видат. Можете да отворите и свој сајт за download на музика, слики, позадини, софтвер, темплејти.

    4. Огласи! Можете да огласите било што и да ставите adf.ly во огласот. Спамувајте европски и амерички бесплатни огласи! Продавате ферари за багателна цена, кликнете на линкот за да го видите. Подарувате расно куче, маче, СТАН! кликнете на линкот за да го видите, добиете итн.

    5. Youtube видеа. Ако имате видеа на youtube кои добиваат добра гледаност, постирајте некој интересен линк скратен преку adf.lym во description на видеото.

    Има многу други методи околу споделување на линковите и добивање добра количина сообраќај кои сум сигурен дека ќе ви текнат со малку повеќе размислување.

    Линковите можат да ви бидат и модифицирани, така што линкот немора да изгледа пример: adf.ly/3bX1са, туку ако се работи на пример за некој линк од wallpaper скратен преку adf.ly би можел да изгледа: adf.ly/greenwallpaper20, има опција за модифициање на линкот при процесот на скратување.
     
  14. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Кој го тоа може? :D :D :D
     
  15. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    ^ Па има веб страни, блогови или фејсбук фан страни кои имаат многу повеќе :)
     
  16. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Па има, ама оди направи ги.. :D
     
    На steffania му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Мое е да споделам, а кој сака да прави ќе направи.
    Сакаме пари, а никој нејќе да се помачи и да си ги заработи.
    За заинтересираните: Наидов на форумов па кој сака може да прочита повеќе начини за заработка.
    http://www.ibiz.mk/forum/
     
  18. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Toa e сериозна бројка, ако се земе во предвид дека најпосетениот сајт во Македонија (да не го рекламирам кој е) има 350 000 посети ((Unique Visitors)) месечно. За некој анонимус општо е тешко да направи 100 посети. Нека направи и 10 000, пак е ништо.
    А да правам како повеќето да молам луѓе да ми кликаат, да ми се зачлануваат, да замарам по форуми...не би!
    До пред скоро посетував еден странски сајт со Adf.ly реклами. Сајтот беше направен за глобална употреба и тоа како идеа го поддржувам. Значи им текнало нешто што на сите им треба и услугите беа бесплатни, а за да се добијат прво се појавуваше рекламче и од тоа влечеле заработка. НО, сајтот еве веќе не е во функција од непознати причини, а не се работеше за некој фуш сајт.
    Бавење сериозно со интернет бизнис по мое бара и влог (меѓу другото и на пари), а не само очекување на заработка. Затоа заработката е тешка и бара многу труд, знаење, наоѓање софистицирани начини за привлекување на луѓе итн. Не е лебот во плукни-залепи кликни ваму-онаму, зачлени се и сл. и сето тоа за неверојатни 0,00000001$. :D
     
  19. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Епа има и такви кои немаат друга работа и собираат посетители/фанови и очигледно успеваат во тоа. Не сакам да постирам линкови, но има лаички страни на ФБ кои имаат повеќе од 100000 фанови. Тука нема потреба од unique visitors, туку доволни се само неколку илјади активни фанови. Еден линк таму може да собере многу кликови, ко на пример песна од youtube и нема потреба од молење за кликови или било какви зачленувања и реферали. Ова го земав само како пример, ако некој мисли дека може поинаку и има време ништо не губи да проба. Крај краева не е битен бројот на посетители на сајтот, туку кликови на линкот кој всушност води кон насочената страна. Сите оние ФБ страни кои всушност се од тематика: ПОГЛЕДАЈТЕ САМО 30 ЛУЃЕ ОД СВЕТОТ МОЖАТ ДА ЈА РЕШАТ ОВАА ЗАДАЧА! МОЖЕБИ И ТИ СИ ВО ТИЕ 30 ЛУЃЕ!! собираат пари од ништо.
    Таа цифра од 400$ па и 600$ не ја земај здраво за готово, да многу треба работа за тоа, но за некој што седи дома и виси на нет мислам дека и 100че не е лошо.

    Темава е Заработи преку интернет, а не Заработи 1.000.000 преку интернет и реално без никаков влог мислам дека не е лошо и ова. Влогот всушност е само време и добра идеја, а доколку бараше пари ќе се подзамислев малку пред да го постирам овде.
     
  20. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    3.742
    Artemission јас се зачленив. И онака голем дел од времето го поминувам на интернет..
    Јас направив за почеток еден линк и го препратив неколку луѓе да стиснат Skip Ad меѓутоа сеуште во Views ми стои 0 :^) .. Да не знаеш зашто така? И што треба да направам за да ми праќаат пари ако заработам?

    Инаку еве го линкот кој сака може да стисне на него не е ништо страшно песна е. Се надевам ќе ви се допадне... (ќе треба да почекате 3 секунди и горе во десниот агол ќе се појави Skip Ad ќе стиснете и уживајте во песната) :)

    http://adf.ly/ERvd3
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.