Дај бе кажете некоја помош за пробивање на freelencer, веќе два месеци аплицирам на проекти и никакоо..
Истиот проблем и јас го имам. Пуштам proposals и никако да ми успее. Тие што имате искуство би било добро ако можете да споделите за како да добиеме прв проект.
Рабои некој на prasalnik.mk, искуствоо дали се заработува од анкетите илии ќе си го губам само временцето џабее?
Ипсос јас го имам за анкети но баталив зошто извесно време не добив ништо ,а сега и анкети не ми праќаат.Сигурно има такви кои функционираат но кој да ги најде .
Дали знаете некои страни преку анкетии за заработка? А заработи нешто? Еве јас се регистрирав и сеа нема ништо такво за анкети.. На мејл треба да ги добијам како воопшто функционира ова?
https://workfromhom1227.blogspot.co...VQgBPisV6yPE8DHHQN8vzA0WgO2UEoq5ocjmW5YN1-gVc Повелете за работа од дома кој сака лесно и интересно.Позз
Јас се зачленив на прашалник и ипсос уште пред 4-5 години и досега пари немам земено. Ама не се обесхрабрувај, зачлени се, ништо не те кошта. Имам пополнето 7 анкети досега и собрано 700 поени а може да ми ги исплатат парите на собрани 1000 поени. Е сега, мислам дека не ги даваат ко пари, туку како купони за пазарење ама нека ме исправи некој ако грешам. Се зачленив откако видов моја блиска другарка како зема купон за пазарење од 600 денари откако пополнувала анкети, е сега дали беше на прашалник, дали на ипсос не сум сигурна, не би сакала да те излажам. Ама проблемот, барем кај мене, е што многу ретко ми испраќаат анкети, можеби два пати годишно (?). А секоја анкета носи 100 поени, додека пак тебе ти требаат 1000 за да те исплатат. Ова го кажувам за прашалник, додека за ипсос не се сеќавам дали ми имаат испратено воопшто и дали се уште постои. Јас би те советувала да си направиш акаунт, па нека праќаат ако праќаат. Реално ништо не те кошта, 5-10 минути во денот и секако прашањата се на кликање, не треба скоро ништо да пишуваш. Јас си пополнувам, па ќе видиме, ако стигнам до 1000 поени некогаш ќе пишам што е наградата Еден совет кој можам да ти го дадам е да изработиш примероци кои би ги праќала заедно со апликацијата за работа. На пример, ако аплицираш за изработка на лого, изработи неколку за да имаш што да прикажеш при апликација. Ако се одлучиш за пишување текстови, напиши неколку кратки текстови, до 500 зборови, на различни теми и праќај заедно со апликацијата. Јас лично работам на UpWork веќе четири години и супер е, ама со Freelancer немам никакво искуство. Реално е истата работа, само различна платформа, со тоа што мислам дека моментално е многу тешко да се зачлениш на UpWork особено ако аплицираш за ете, пишување или data entry итн. затоа што имаат премногу кои веќе го работат тоа. Иако мислам дека имам читано, баш на форумов тука, дека се зачленуваат и наведуваат дека ќе работат на пример програмирање а потоа, откако ќе им го одобрат профилот го менуваат тоа и ставаат пишување, графички дизајн, итн. Јас би ти препорачала да се зачлениш и на двете и да пробуваш, па каде успее, успее. Исто добар совет е да аплицираш за ниско платени работи или барем самата да бараш ниска цена па потоа, со тек на време, како што ќе ти се зголемува искуството и можеби работата со истиот клиент, ќе си бараш нормално покачување. Ненормално е со индициве, работат буквално за долар два ете специфично за пишување текстови и сигурно не завршуваат лоша работа затоа што често ги прифаќаат нив наместо некој што бара разумна плата. Биди истрајна и со лесно!
Дечки дали некој знае дали кај нас функционира payeer , дали можат да се вадат пари од тој процесор и како оди тоа?Треба да фатам некоја работа на нет, исплатата оди исклучиво преку ова. До сега со овој процесор нема искуство...Имам скрил, имам перфект мони имам пеј пал( овој ми е врзан со српска картичка и функционира).Фала ви.Кој знае нека ми пише ЛП , многу ќе ми помогне.
dali ima nekoj iskustvo so web stranici ? me interesira za Wix.com kade shto mozes da si napravish svoj web sajt i kako se zarabotuva dali moze so otvaranje na stranicata da se pravat pari i itn ??
Не знам колку си упатен/а, но во развиените земји плаќањето и примањето пари преку интернет процесори е секојдневие. Единствено РСМ, односно ова наша северна покраина е надвор од светот... Словенци и хрвати дури имаaт подвижни терминали за промена на биткоин во друга валута. Не мора тоа да, значи дека ако примаш пари на интернет, дека переш пари... Камо да имав големи суми па да ги "исперам" на овој начин. Но и тука си има ред. Пеј пал на пример не исплаќа повеќе од 2500 евра месечно колку сум упатена. А има луѓе кои работат за странски компании од ит секторот и земаат добри хонорари кои им ги исплаќаат преку интернет банки. Ујп, секако ќе те гони, ако не ги пријавиш овие пари дека си ги заработил, затоа што конкретно на пеј пал примаш пари, но тие потоа ги спушташ на банковна картичка во наша банка(кај нас не може, но во Србија, Бугарија, Хрватска е регулар). Банката секако книжи дека си примил пари. Скоро сите интернет процесори функционираат на овој начин.