1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заработи преку интернет

Дискусија во 'Барање работа' започната од littlegirl92, 5 јануари 2011.

  1. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Тргувањето задолжително се одвива преку брокер, односно сите деловни банки и инвестициски куќи кај нас. Најдуваш контакт од брокерската служба на веб, ги контактираш, потпишуваш договор и можеш да си праќаш куповни налози за акциите што ги сакаш. Повеќето брокери работат преку онлајн платформата, односно ти од дома си тргуваш не одиш физички до банката за секој налог.

    Накратко тоа е, подетално прашај слободно.
     
  2. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Ќе си се рекламирате бесплатно на форумов,ем реклама ем потенцијални претплатници ќе имате :D
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.642
    Допаѓања:
    9.467
    Пол:
    Женски
    ЈАс би за подетално, но ако те мрзи те молам препорачај ми литература, да почнам од негде да читам за да знам како да влезам во шемата.
     
  4. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Ова со кликањето иде некако вака:

    Легални бизниси плаќаат грдни пари за онлајн рекламирање на компании како Гугл и слични. Тие им нудат рекламирање од типот ppc - pay per click или ppv - pay per view.
    Тие компании се надеваат да допрат до вистински муштерии.

    Но, што прават хакерите? Регистрираат сајтови без везе, објавуваат некои содржини од некоја проблематика, се регистрираат на Гугл content network и после бараат "кликачи на реклами". Им требаат многу различни ИП адреси за да имаат шанси да го смотаат Гугл дека станува збор за автентични корисници. Па дел од парите што компаниите ги плаќаат за реклами да завршат на нивна сметка.

    Целиот систем е смислен за изигрување на Гугл и компаниите што сакаат реално да се рекламираат. Но, не се будали тие, имаат 300 алгоритми за откривање кликачи.

    И во најмала рака, целиот концепт е неморален. И да заработите нешто, се е тоа со задна намера некој да биде изигран.
     
    На LadyC, Meckicja, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Прашај не е проблем, од компјутер ќе ти одговорам подетално. Литература, зависи што точно бараш. Ако мислиш на литература за тоа како практично се одвива тргувањето на берза кај нас, со такво нешто се немам сретнато. Единствено да расчепкаш низ сајтовите на НБРМ и на берзата па да видиш дали ќе најдеш нешто. А, теоретски тоа би требало да го има во скоро секој учебник по финансии, libgen тука ќе ти заврши работа. Би ти препорачал ако досега се немаш сретнато со финансии, најпрво баш од учебници да прочиташ, а дури потоа евентуално да земеш некоја книга од некое „гуру“ како Ворен Бафет пример, и сето тоа да го земеш со мала доза на резерва пошто сепак се тоа ограничени и one-sided гледишта за тоа како треба да се тргува.
     
    На tambelina и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  6. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.642
    Допаѓања:
    9.467
    Пол:
    Женски
    Која е најпогодна сума за влегување во овие води? Пошто се иде преку брокер, како би контролирала што точно се случува? Дали е тоа нешто слично како берза за криптовалути?
    Како оди тоа купување и продавање акции?

    Патем фала ти многу, немам скоро никакви познавања од финансии па ке земам некои основни книги за да видам што како и да почнам од некаде.
     
  7. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Правилото е, нели, дека треба да вложиш онолку колку што си спремна и да изгубиш. За среќа, ова повеќе важи за обложување отколку за акции, но и акциите се еден вид коцка. Никој не може да ти гарантира дека акциите што ги поседуваш нема десеткратно да изгубат на својата вредност или пак дека нема компанијата одненадеж да банкротира, но тоа се случува премногу ретко. Сепак, парите што ќе ги вложиш ти се на некој начин „заробени“, за разлика од штеден влог кој во секој момент можеш да го разрочиш. Капиталот од акции не можеш по своја волја да си го добиеш назад, туку треба да најдеш и купувач кој е спремен да ти исплати одредена сума. Не можеш со сигурност да планираш дека за 2 години ќе имаш 10% пораст и 2 дивиденди, во споредба со штедниот влог за кој знаеш кога и колку пари ќе земеш назад. Додади на тоа дека си и почетник во сето ова. Првата берзанска авантура всушност ќе ти биде само лекција за сите понатамошни вложувања. Евентуално ако имаш среќа и ќе заработиш нешто, ако не ќе добиеш школо (бесплатно или не зависи од пазарот). Зборував и со друга членка за ова во порака, треба да ја имаш предвид и моменталната ситуација. Ќе ти го кажам и тебе истото: никој не знае во која точка моментално е пазарот и никој не може да предвиди како ќе се движи во идните 2-3 години. Можеби ова е животна шанса за купување акции по ултра ниски цени, но можеби ова е само почеток на една тешка криза која ќе трае подолго и од таа во 2008, па акциите допрва вртоглаво ќе паѓаат.

    Да ги изгубиш сите пари што ќе ги вложиш единствено можеш ако удри метеор, но биди спремна дека во најлошата варијанта можеби ќе изгубиш и половина од вложеното. Се разбира, тоа не значи дека и навистина ќе изгубиш половина од кешот. Можеш да ги чуваш кај себе тие акции и 20 години, па тогаш тие да ја достигнат старата цена и да ги продадеш со некој профит.
    Сега за точна сума мислам дека нема логика да дискутираме, бидејќи се работи за лични финансии. Некој можеби има само 100 евра со кои може да си игра, но некој можеби има и 5000 евра со кои не знае што да прави, па е спремен да ги вложи.

    Воглавно, за почеток вложи онолку без колку што можеш да преживееш во наредните неколку години. Покасно, кога ќе имаш некое искуство и ќе можеш отприлика да предвидиш како ќе се движи пазарот можеш да вложиш и посериозна сума.

    Ти контролираш 100% од тоа што се случува. Тргувањето оди преку онлајн платформа преку која тргуваат сите во државава во реално време. Во реално време ги следиш сите трансакции и сите промени на цени за купопродажба. Брокерот ќе ти даде акаунт и пасворд и во било кој момент можеш да си се логираш и да тргуваш. На платформата во секој момент можеш да видиш која е најниската продажна цена и која е највисоката понудена куповна цена за една акција. Доколку сметаш дека моментално најниската продажна цена ти одговара тогаш пушташ куповен налог со таа цена, трансакцијата веднаш се процесира и ти си веќе сопственичка на акции. Доколку сметаш дека е висока, тогаш треба да се ценкаш, односно да понудиш куповен налог со пониска цена па да чекаш некој заинтересиран за продажба да го примети тоа и да пушти продажен налог по твојата цена. Исто и за кога ќе продаваш. Можеш да ја впишеш моментално највисоката куповна цена и автоматски веднаш да ги продадеш или можеш да впишеш поголема сума па да чекаш некој купец да се реши да купи од таа акција по таа цена.


    Еве и видео како сето тоа се одвива.

    Дали е слично како криптоберзата не знам, не сум си играл со крипто досега.

    Инаку на Кајгана имаш доста активна тема, Македонска берза се вика, секојдневно се пишуваат мислења таму. Се разбира, take everything with a grain of salt. Колку сопственици на акции толку различни мислења и стратегии и ретко кој е 100% во право :)
     
    На tambelina, dayla и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  8. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.642
    Допаѓања:
    9.467
    Пол:
    Женски
    @asdas фала ти премногу што вака несебично сподели :l::l::l:
     
    На asdas му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Angiee9898

    Angiee9898 Нов член

    Се зачлени на:
    24 мај 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Девојки имам прашање, можеби не е за оваа тема но се надевам ако грешам ќе ме насочите каде да се обратам. Вака сега, работам за онлајн апликација, не сум пријавена и се водам како невработена. Имам дебитна картичка Мастеркард топси (за невработени лица до 28 год). Сега прашањето ми е, дали кога ке ми стигнуваат пари од апликацијата тоа ќе и биде сомнително на банката (ќе пишува име на фирмата и се) и дали ќе треба да плаќам данок за тие пари? Бидејки ќе бидат околу 18-20.000 ден месечно а можеби и помалку. Ве молам ако некој знае нека ми се обрати или тука или во приватна порака, не сакам да направам проблем со затајување данок.
     
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Извини може да посочиш за која платформа зборуваш кога велиш дека сите во државава тргуваат на истата? Бидејќи тргување преку платформа би требало да значи CFD trading, односно contract for diferences, односно не стануваш сопственик на акциите или производите со кои тргуваш, туку заработуваш од промената на нивната цена. Отвараш позиции, кои ако имаш малку пари (а под малку подразбирам 500-1000 евра) мораш релативно брзо и да ги затвориш.
     
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Се' што ти легнува на трансакциска мора да го пријавиш во УЈП ко прилив и да платиш данок.
    Ако имаш познат сметководител најубаво може да ти објасни.
     
    На *Amethyst*, Annora и Angiee9898 им се допаѓа ова.
  12. Angiee9898

    Angiee9898 Нов член

    Се зачлени на:
    24 мај 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Па немам затоа ме интересираше но сепак благодарам. Мислев подетално дали тие ќе ми земаат процент за данок пример од банката, или ќе треба посебно да плаќам на друго место?
     
  13. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Каква врска има CFD со акции?

    Платформа како Инстаграм и Бет365.

    https://broker.nlb.mk/eTrader

    https://www.mse.mk/mk/content/15/2/2018/eTrader
     
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
  15. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Би сакала да почнам да работам преку интернет, со минимално искуство и ми треба флексибилна работа бидејќи сум студентка... предлози некои или пак некој поискусен повеќе да ме упати во ова поле?
     
    На Depatt и Seli20 им се допаѓа ова.
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Да, има цела тема а богами и гугл знае :)
    Никој нема да ти сподели што работи и да те обучи на истото ако сама не засукаш ракави.
    Пазарот за фриленсинг е преполн и конкуренцијата е немилосрдна. За се што знаеш ти да сработиш знае и некој индиец за 3$. Твое е да копаш со нокти за да си осигуриш клиенти што ќе те ценат.
    Што имаш да понудиш, според тоа ќе се пробуваш на
    Upwork, Fiver итн.
     
    На *Amethyst*, 1209 и xnotyourbabex им се допаѓа ова.
  17. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Здраво дали има некој искуство со

    vrabotuvanje com mk

    дали се преваранти,некако платите ми се гледаат доста големи и примамливи...
     
  18. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Девојче, и погоре ти кажаа дека vrabotuvanje не се фирма, и не вработуваат. Тоа е само сајт на којшто фирмите си објавуваат огласи за вработување.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Haciko

    Haciko Нов член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Zdravo, kako mozam da te iskontaktiram?
     
  20. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    ЛП