1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заработи преку интернет

Дискусија во 'Барање работа' започната од littlegirl92, 5 јануари 2011.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.059
    Пол:
    Женски
    Не слушај прикаски за тоа колку е фино "дома си седиш и си работиш", затоа што оние кои стварно работат како фриленсери немаат време да го арчат по форуми, мора да работиш три пати повеќе отколку останатите, дури и ако имаш "актуелно и популарно" занимање. Никој не се збогатил од што седел дома и штракал реклами, светот е голем и преполн со талентирани, паметни луѓе, а компаниите во последните години многу внимаваат на географската одредница и нормално сакаат да заштедат пари, односно надоместокот ќе ти биде пропорционален со тоа од каде си. Дури и сретнувам компании кои кога ќе аплицираш за работа, после апликацијата ти праќаат известување дека ќе заработуваш толку и толку од час, во зависност од тоа од која земја доаѓаш. Сума сумарум, види си прво што знаеш и што можеш да работиш. Ако си студентка, има и кај нас фирми што вработуваат на пола работно време или со авторски договор. Освен парите, во професијата е важно да имаш и контакти за да можеш да работиш, а мораш да работиш за да научиш и за да имаш прилика да најдеш подобри ангажмани.
     
    На AndyRad, Depatt, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  2. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Не можеш да пристапиш без логин даден од брокерот за да разгледаш, ама постирав видео погоре можеш да видиш отприлика како изгледа. Нема никаква врска, чисто тргување со акции од македонски компании.
    Мислам дека не ти напоменав, од скоро е дозволено наши граѓани да тргуваат и на странските берзи, така да можеш да размислиш и за купување на акции од европските компании.

    Исто има и некои т.н. фондови или како и да се преставуваат, како на пример WVP, кои демек за тебе вложуваат во странски индекси и ти носат гарантиран профит, а уствари се еден вид на МЛМ и те дерат со огромни провизии и надоместоци за управување. Бегајте подалеку од таквите.
     
    На tambelina и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  3. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    9.434
    Пол:
    Женски
    @asdas Е така, баш убаво што ги спомна WVP зошто ја разгледував и таа опција ама ете супер.
    Патем, ја читам темата на кајгана од почеток, ја симнав и книгата за трејдинг.
    Едино, што не ми е јасно, пример, ако купам некои акции, но, не ги продавам едноставно си стојат, како тоа значи “заработка“ на подолг рок што го зборат цело време?
    Пошто вака за краток рок нели се играш со купување и продавање, но, како оди процесот на долгиот рок? Ти стојат акциите и што понатаму, на кој начин ти се вртат парите?
     
  4. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Инвестирање само преку овластени брокери, никакви фондови и „финансиски советници“. Еве ја и листата на овластени брокери за домашниот пазар, можеби веќе си ја видела, ама нека стои и за другите.
    https://www.mse.mk/mk/brokers
    Не сите од овие брокери се овластени и за странски берзи. Засега од тоа што знам сигурно со странство работат Шпаркасе, Комерцијална, НЛБ и Илирика. Ако ти изгледаат привлечни акциите од „индексите“ што ги нудат WVP слободно можеш и сама да си ги купиш и тоа во сооднос што ти ќе си го одбереш и да ти биде мирна главата, се да си имаш црно на бело :)


    Е, сега за заработката. Додека си сопственик на акции единствената заработка што навистина ја имаш (во кеш) е дивидендата која ќе ти доспева секоја година (доколку се разбира компанијата одлучи да дели дивиденда). Заработката на вредноста на самата акција, додека ти си нејзин сопственик, е потполно фиктивна. Ниту плаќаш некому, ниту некој ти плаќа тебе. Едноставно поседуваш парче хартија, кое според пазарот денеска вреди толку, а по 3 месеци вреди толку. Кога некогаш во иднината ќе решиш да го продадеш тоа парче хартија, дури тогаш ти ќе добиеш кеш на рака и ќе си пресметаш според цената што си ја платила кога си ја купила дали и колку си во плус.
    За посликовито, купувањето акции ти е потполно исто како купувањето стан. Цената за метар квадратен ти е цената за една акција. Малку детално и пластично ќе го објаснам ова, ама нејсе :D

    -Пример сакаш да купиш акции од Стопанска Банка. Таа одлука тие е еквивалентна на одлуката во која населба сакаш да го купиш станот, да речеме еве Карпош.
    -Го гледаш движењето на цената по акција (цената за метар квадратен) и според тоа решаваш во кој момент за тебе е најпогодно да извршиш купување.
    -Купуваш стан од 50 квадрати по цена од 1000 денари за метар квадратен (Купуваш 50 акции од Стопанска по цена од 1000 денари). Твојата инвестиција значи е 50000 денари.
    -Решаваш да го издаваш станот под кирија и на станарот да му наплаќаш еднаш годишно. Тоа ти е еквивалентно на дивидендата што еднаш годишно ја добиваш од Стопанска. Да речеме еве дека наплаќаш 4000 денари годишна кирија. Тоа е 8% од вредноста на твојата инвестиција. Толку годишно и Стопанска тебе ќе ти исплаќа дивиденда.
    -Терате така 5 години. 5 години по 4000 денари тоа се 20000 денари. Твојата почетна инвестиција беше 50000 денари, а во кеш досега заработи 20 илјадарки. Реално со кеш си во минус од 30 илјадарки, но вкупно поседуваш средства во вредност од 70000 денари (20 илјади кеш + 50 илјади капитал-недвижнина/акција)
    -Е по истекот на таа 5-та година пазарната вредност на акцијата од Стопанска/квадратот во Карпош се зголемува од 1000 на 1200. Тоа „фиктивно“ ја зголемува вредноста на недвижнината/акциите што ги имаш од 50000 на 60000. Е, следствено на тоа зголемување, ќе се зголеми и твојот приход во кеш, бидејќи 8% од 50 и од 60 илјади не е исто, нели? Па, така наместо 4000 годишно Стопанска/станарот ќе почне да ти плаќа 4800 денари.
    -Терате така со станарот уште 5 години. 5*4800 е 24000. На тоа додај ги и претходните исплати на кирија/дивиденда од 20 илјади и досега ти во кеш си имала приход од 44 илјади денари и сеуште си реално во минус, но сметководствено си во задоволителен плус бидејќи во своите средства ја сврстуваш и моменталната пазарна вредност на станот/акциите.
    -Е по истекот на овие втори 5 години пазарната вредност на акцијата/квадратот повторно се зголемува, да речеме од 1200 на 1500. Тоа значи дека моментално фиктивната вредност на станот/акциите ти е 75000. Мислиш дека тоа е одлична пазарна вредност за еден стан во Карпош и решаваш да го продадеш. Најдуваш купец на пазар3/берза и му го продаваш станот/акциите по моменталната вредност од 75000 денари.
    -Математиката вели дека ти си го купила станот за 50 илјади, а си го продала по 10 години за 75 илјади што значи дека со продавањето ти си остварила капитална добивка од 25000. За сите тие 10 години ти си остварила и приход од кирија/дивиденда во износ од 44000. Вкупно профит (75+44)-50=69 илјадарки. Од тие 69 илјадарки само на крајот ќе треба да одземеш трошоци за провизија, односно еквивалент на кеш што би го вложила во upkeep на станот (отприлика 3-4%)

    Киријата/дивидендата ти легнуваше на сметка секоја година (краткорочна и редовна добивка), а пазарното движење на цената на станот/акцијата реално не ти значеше ништо и не ти носеше никаков приход се до оној момент додека не се реши да го продадеш некому (долгорочна и one-time добивка).
     
    Последна измена: 30 мај 2020
    На tambelina, raww, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    9.434
    Пол:
    Женски
    Фала ти што вака детално и сликовито ми објасни :hug:

    Во врска со цитатов, значи зависи од фирмата, дали може да се деси фирмата у секој момент да одлучи дека нема да дели дивиденди?
    Дали има некоја законска регулатива за тоа, пример, дека ете оваа година Стопанска пример ке дели, но ,следната решава да не дели ама ти да си запознаен со тоа т.е. да си информиран со одлука на фирмата.

    Не знам дали убаво се објаснив со прашањево, као у стил дали фирмите може да си играат со делење дивиденди? Сеа ми текнало ке делам годинама а следната нема, во таа смисла.
     
  6. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Апсолутно да. Неприкосновено право на секоја компанија е што сака да си прави со добивката. Има компании што делат секоја година, има компании што делат зависно од плановите и резултатите, а има и компании што едноставно никогаш не делат дивиденда. Исто така и висината на дивидендата компанијата има право да ја одреди слободно. Можеш да видиш како движеле дивидендите ако отвориш профил на секоја компанија посебно, на сајтот на берзата, и го отвориш табот показатели. Ако е нула/празен, тогаш таа година немало дивиденда.

    Одлуките за дивиденда се донесуваат на годишното собрание на акционери. Секоја компанија е должна јавно да го објави датумот и точките на расправа и да ги повика своите акционери на учество, како и подоцна јавно да ги објави сите одлуки донесени на собранието. Ти можеш лично или преку полномошник да учествуваш, а и не мораш. Покрај ова, сите АД се должни секоја една информација која е важна и влијае на цената на акцијата да ја објават јавно. https://www.seinet.com.mk/ е сајт на берзата на кој се објавуваат буквално сите битни информации за сите компании. Исто и на главниот сајт на берзата имаш мало агрегаторче со најновите објави од сеинет. Разгледај си ги сите категории на информации, дивиденден календар ги содржи сите објави за дивиденда од годинава.
     
    На raww и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  7. DojaCat

    DojaCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2020
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Ќе се збогатам од гледање порниќи:inlove: ЗБОГУМ СИРОМАШТИЈО
     
    На trajkoska23, ludamaja10, Noemi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    857
    Пол:
    Женски
    moze li nekoj da mi objani za instaforex
    neli davaat 1000$ i pocnuvas so niv
    e sega minimum depozit e 10$
    me interesira otkako ke vlozis depozit te isplakaat no dali samo na tie pari sto/ako napravis profit od depozitot ili i od tie drugite st gi davaat koga ke se registriras ?
    ga pocnav ic ne mi e jasno nekade desetina sum plus nad tie 1000, da idam pr depozit 10dali ke mi gi isplatat ili ne ?
    nemam pojma od ova neznam ni sto pisuvam
    da mi objasni nekoj ako znae?
     
  9. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.704
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj raboti so prodazba preku fb so plateni reklami.Jas pochnav,i mi gi odobrija,pa po tri dena mi gi blokiraa bez nikakvo objasnuvanje
     
  10. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Сигурно имало некоја содржина крадена или што не е дозволена штом ти го блокирале,или види да не ја имаш објавено на три дена да ти биде
     
  11. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.704
    Допаѓања:
    4.578
    Пол:
    Женски
    Nemashe kradeno...se sredi mi bratija od fb po greshka bilo .Fala na odgovorot
     
  12. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    857
    Пол:
    Женски
    luge kazete nesto kako da zarabotam na net , ne da se zbogatam tuku bar 200-300 den dnevno da izvadam no da plakaat redovno
    itno mi treba nesto nemozam da preziveam bez pari ,poradi edna povreda redovna rabota zasega nemam sansi
    ponudete nesto na net zarabotka ako znaete bez vlozuvanje
     
  13. Li-Li

    Li-Li Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    356
    Пол:
    Женски
    Доколку некој е заинтересиран за работа од дома преку интернет нека ме контактира во ЛП. Се работи за сајт каде што треба да се гледаат youtube видеа од 1 минута, секој ден имате по 8 слободни вртења кои што сите се добитни, може да играте лотарија и уште неколку други работи кои што ќе ви ги објаснам. Не е потребно никакво вложување на ваши сретства ниту пак треба да кликате реклами или да решавате задачи. Единствено што ви треба е компјутер или мобилен телефон, интернет, основно познавање на англиски јазик и трпеливост. Ќе добиете и видео туторијал каде што ќе ви биде се детално објаснето.
     
  14. ELENA_KME

    ELENA_KME Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    jas si napraviv acc no,koga otidov na "earn money" i "view advertizements" i samo mi vikase deka nemam kliknato na reklami ama nema reklami
     
  15. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Имаш доказ за исплата?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.741
    Допаѓања:
    32.091
    Пол:
    Женски
    Арно ти текна. Кога веќе пишуваат, нека стават слика. Да се увериме дека навистина исплаќаат.
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vecnost

    vecnost Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    13
    Здраво девојки. Едно прашање за тие што имаат искуство. Дали може пари од Пејпал да се префрлат на трансакциска кај нас. На кој начин која банка? Ви благодарам
     
    Последна измена: 6 јули 2020
  18. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Уплати онлајн курс научи вештина и продавај ги твоите услуги што си ги стекнала
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Feminist20

    Feminist20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    Здраво луѓенца
    Како што видов има многу што работеле или сеуште работат на mayaclix.. пред некое време почнав и јас, ако има некој некој што работи на сајтот да ми пиши имам некои прашања
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.741
    Допаѓања:
    32.091
    Пол:
    Женски
    Не се лажи. За џабе ќе си го губиш времето.