1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заработи преку интернет

Дискусија во 'Барање работа' започната од littlegirl92, 5 јануари 2011.

  1. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Ми треба информација итно - сигурна сум дека прашањево го имаат многу пати поставено и барав низ страните ама не најдов одговор :D Сакам да се префрлам веќе некое време да работам фриленс и ме интересира како иде постапката за пријавување данок/здравствено/пензиско. Поточно, ако ми стигаат парите на девизна дали исто ми се даночат со 10% и еднаш годишно поднесувам? Некаде прочитав дека за фриленс е 15% и треба секој месец. Друго, дали како непријавена можам сама да си уплаќам придонеси без да отварам фирма? Ве молам инфо за процедурава, на ујп вебсајтот не располага со конкретни информации.
     
  2. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.629
    Пол:
    Женски
    Оди директно во Ујп и прашај за овде, а за странски може да каже некој.
     
  3. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Искуства со GramFree?
     
  4. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    И јас започнав од вчера, а немав време да прогуглам малку заради испитната сесија. Другата недела ќе препрочитам нешто повеќе.:)
     
    На Anovi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Matea^_^

    Matea^_^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски
    Дали можи некој да ми кажи што се работи на GramFree и MayaClix? Можи и линк да оставите за најава.
    Или да предложите др страна каде што сигурно се заработува?
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Тоа им е целта. Мора да го рекламираат сајтот на форуми, за да можат да соберат реферали. Односно, будали кои ќе кликаат за нив.
     
    На *Amethyst* и asdas им се допаѓа ова.
  7. xNUTELLAx18

    xNUTELLAx18 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2020
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Нели темава е за интернет заработка? Како некој ќе го каже своето искуство на некое место ако не го спомне сајтот? Дали тогаш пола од одговорите се реклама на некој сајт?
    Девојчето праша за сајтовите а ние и одговоривме. Истото се случува и за други сајтови кога прашуваат.
    Извинете ако грешам
     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  8. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Едно се легитимни сајтови на кои ќе ти платат за извршена работа, а друго се мајакликс и такви глупости.
     
    На Brinetka, *Amethyst*, raww и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Ок е ако се приложат докази за исплата.
     
  10. Feminist20

    Feminist20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    Си пробал/а да работиш на некоја од погоре спомднатите страни?
     
  11. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Хахахаха што тоа се работи на мајакликс ајде просветли ме.
     
  12. Feminist20

    Feminist20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    Прашав само дали имаш работено.. со ова што го пишуваш ти само даваш дезинформации. Има доста негативни луѓе на планетава, не биди и ти.
    Одиш на работа рабптиш 8 саати и земаш 500денари дневница, овде отвораш еднаш во денот тебе кога ти одговара работиш 10-15минути и за тоа земаш пари.. никој никаде не спомна дека ќе се збогатиш од нештото.
    Значи, ако имаш пробано кажи какво е нештото и јас би сакала да знам нешто повеќе искрено.. но ако немаш само луѓе демотивираш да се откажат и да се приклучат ,,во твојот тим". Вака на форуми, а надвор од форумиве, можиш да најдиш многу луѓе што воопшто не пробале нешто и си даваат сами за право да коментираат какво е нештото исто и луѓе што пробале работеле 1месец и немаат земено пари. Убаво ти пишува дека треба време упорност.. И за крај седни и направи пресметка 31 ден по 15 минути работа колку ти иди и спореди тука и колку се вложуваш себеси. Дали креваш нешто пакети, дали имаш над глава да ти стои некој или ти треба само телефон и интернет..
     
  13. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Немам мој тим пошто не се занимавам со онлајн скемови и МЛМ превари. Повелете, демантирајте ме со доказ за исплата или појаснување за тоа како ова е легитимна работа.
     
    На SummerGirl и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  14. Feminist20

    Feminist20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    Твој тим не го напишав во тој контекст али нема везе.. Ајде еве ти отворена понуда, помогни ми ти мене да стасам побрзо до $10 (минимум за исплата е $10) па тогаш ќе видиме дали е измама превара или навистина се земаат пари. Па ќе му покажеме и на сите останати на форумов. Само така ќе бидиш и ти директно вклучен/а и ќе имаш и доказ, а у меџувремену ако се земаат пари (јас лично немам земено, но имам блиски кои имаат) и ти ќе заработиш. Win-win situation
     
  15. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Тоа е тоа, класичен МЛМ шпил. Нема што да се гледа, кога секој разумен човек знае дека е скем. Ако ти речам во шишево има отров немој да го пиеш ти ќе речеш помогни ми да го испиеме заедно па ќе видиме дали е отров?
     
    На SummerGirl, tina2018 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  16. Feminist20

    Feminist20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    Можиме овде да дебатираме уште 3 дена.. и малце ќе бидат. Твое е мислењето, океј е. За некое време ќе објавам исплата ќе видиш доказ, па се надевам ќе прекиниш да шириш информации за нешта кои не си ги пробал/а имај убава вечер
     
  17. DojaCat

    DojaCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2020
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Толку многу леџит страни има по интернетов на кои можеш навистина да заработиш (дали со завршување некакви задачи, гледање видео, правење review на некоја апликација или производ, пишување статии за некој блог или пак завршување на групен проект од секаков вид) и за кои би вредело да се зборува тука исто како што прават на Reddit, а упорно на темава секогаш зборувате за мајакликс или некоја друга без врска страна што работи на режим pay for click.
    Ама нели, најлесно е да направиш акаунт со два клика и да постираш по форуми па можда и некој наивен ќе се залаже и ќе се логира преку вашиот реферал, па ќе добиете некој цент. Но тоа не е се! Ни тие никогаш нема да ги добиете. Па и уште аргументирате и пробувате да убедите некој дека навистина функционира, а всушност и вие немате поим за што зборите. Најтажно е што постирате линкови од мајакликс со години, значи никако не ви иде памет. Зошто луѓето со огромна публика не заработуваат преку мајакликс? Еве, имаат повеќе од доволно луѓе кои би успеале да ги измамат со што ќе ги убедат да се логираат преку нивниот линк. Зошто? Зошто знаат дека со два клика на гугл добиваш review за странава кај што сите ти викаат дека е без врска и џабе потрошено време и дека од PFC сајтови нема заработувачка. Исто така, добар процент од ваквите страни кои ве примамуваат можат многу лесно да ви ги злоупотребат информациите кои ги праќате додека се најавувате.
    Испотете го газето малку. Штом сте решиле да заработите некој денар преку интернет, наместо да убедувате луѓе на форумов дека токму вака се заработуваат и минимални 5 долари во денот, одвојте еден ден да пролистате на интернетов како функционира работа преку интернет. Разгледајте на Reddit, пробајте си ја среќата на Upwork, плус имате триста статии со корисни линкови за веќе проверени страни.
    Не бидете толку наивни во 21 век, каде со 10 минути одвоено време на гугл дознаваш дали е нешто леџит или не.
     
    На Annora, Noemi, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Matea^_^

    Matea^_^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски
    Зошто некој од вас не сподели искуство од друга страна кај што се работи и заработува? Пола тема е Upwork или некои вакви сајтови за гледање реклами и да пишување едни дека е лага други дека е вистина. Вие што велите дека е лага предложете некоја друга страна, а вие што велите дека е вистина кажете дали тоа го кажувате од свое искуство или од тоа што некој ви кажал или сте прочитале.
     
    На Feminist20 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Еве јас ќе ти предложам, поточно ќе пробам да ти објаснам какос е заработува во реалниот свет надвор од мултилевел маркетинг скемовите.
    Секој човек се ПРОДАВА на пазарот на трудот, а за да се продадеш добро треба да имаш знаење/талент/способност и време.
    Зошто некој би платил за твојот клик кој доаѓа од Македонија, земја со ниска куповна моќ?
    Што даде ти за да некој ти плати за твојот клик освен 0,000002 секунди?
    Апворк, Фивер и слични се платформи на кои своите услуги ги продаваат архитекти, дизајнери, преведувачи, новинари, офис асистенти, медицинари, фитнес манијаци, фотографи, нутриционисти, програмери, адвокати итн.
    Луѓе со знаење применливо во реалниот свет. Само што се прилагодиле на модерното време и со соодветни програми и платформи заработуваат онлајн.
    Запрашај се ти и сите кои сакаат заработка онлајн, што е тоа што можам да сработам јас и да го наплатам?
    Зошто некој мене би имал потреба од ова и би ми дал пари за оваа работа?
     
    На *Amethyst*, Brinetka, Annora и 4 други им се допаѓа ова.
  20. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.642
    Допаѓања:
    9.467
    Пол:
    Женски
    Fiverr платформата доста е сменета од пред неколку години кога се имав уклучено таму, не добив проект пошто и така веќе работев на UpWork па ми текна сега да си го средам профилот таму.

    Може ли некој кој веќе е активен на Fiverr да ми каже у кратки црти какви се сега промениве тука? Што и како можам да понудам, како да фатам некој проект?