Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заработи преку интернет

Дискусија во 'Барање работа' започната од littlegirl92, 5 јануари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Annie.mk1 јас го најдов ова на еден форум каде што има куп методи за заработка на интернет од кои овој ми се виде наједноставен. Од членовите е горе долу разработена темава и има убави совети како да се добијат повеќе кликови и да се заработи повеќе. Како што гледам исплаќаат преку PayPal, а еве и начин како да отворите сметка таму и да ги повлекувате парите.
    И јас се зачленив денес па ќе видиме како ќе оди "работата" :)

    Едит: Сега видов најдоле на страната има мала забелешка "Statistics are not in real-time, last updated: 13:30:59 6th November 2012 GMT (33m ago)" и затоа не ти ги покажува кликовите, доцнат.
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Пробав се зачленив и јас на http://adf.ly/ESMmT па ќе видиме како ќе оди ,пробав на фб да постирам линк ама неможе ми го блокира одма линкот :(
     
  3. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Да, пробав и јас ама го блокираат. Ова најдобро да се користи за твитање или евентуално на блог, фејсбуков нажалост ни ја скратил оваа опција. Како што гледав на форумов некои користат некакви скрипти и ги поврзуваат некако али се тоа е ту компликејтед фор ми.
    Налетав и на странава, функционира на ист принцип и може да се постираат линковите на ФБ.
     
  4. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Темава не е ни за заработи 10 долари преку интернет, така да може да дискутираме за цифри од 0 до бесконечно :D На овој начин може многу да се заработи, а може и ич. Но како што реков и претходно, ако некој стварно сака да заработува треба да биде постојан и добро поткован со знаење како да заработи..па макар и да мами, да знае како да измами маса на луѓе да му кликнат на линкот за "Погледнете како девојчето му ја изриба петата на магарето" :D . Oд мене клик нема да добие сигурно ама стално ќе има многу такви што ќе паднат на тоа...и тоа ќе пали се додека не се открие, па ќе се најде нов начин за да се упецаат кликови, па понов и така натака... :) Тие што ги следат трендовите и се први, се стално во ќар.
    Среќно во заработката и што повеќе долари да направите! ;)
     
  5. napominuvanje

    napominuvanje Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    59
    Проблемот во целава работа е реалната исплата на парите.Можеби некој ќе најде начин да се регистрира преку ПејПал или слично нешто ама кога ќе сака да ги извади тие пари овде кај нас во кеш ќе увиди дека нема така лесно да дојде до очекуваната сума или воопшто нема ни денар/долар да види.

    Пријател долго време ме убедуваше дека може и се заработува и кога му реков ај да одиме до банкомат или банка извади 20 долари и јас ќе ти ги откупам остана со подзната уста :o .После ми рече демек со тие пари не мора да ги вадиш во кеш туку можело да пазариш онлајн.Повторно му реков ајде во пракса да видиме порачај ми го тоа и тоа од амазон или ибеј користејќи ги тие фамозни заработени долари и повторно :o
     
  6. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Да ве прашам. Дали имате искуство со вадење пари кои сте ги заработиле преку некакви сајтови на интернет? Како се вадат потоа парите? Слушав нешто дека нашите картички не биле прифатени... :^)
     
  7. GentlemansChoice

    GentlemansChoice Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    30
    Здраво Дами,
    Јас сум нов на форумот, зачленет само неколку дена. И според мојата професија сметам дека можам да ви помогнам многу во овој сектор на дискусија.

    1. Сите на почеток влегуваат во најпростите и ТОТАЛНО непрофитабилните шеми на интернет заработка. А тоа е да кликате реклами за неколку центи дневно. Голем дел после ова се разочаруваат и никогаш не се навраќаат на интернет бизнисот. Истото ми се случи и мене пред многу години, но бев приморан повторно да ги разгледувам опциите и сватив дека навлегов во сосема нов свет на информации кои не знаев дека воопшто постојат.

    2. Интернет заработката по правилно се нарекува Интернет Маркетинг професија. Оние што се занимаваат со интернет маркетинг нормално се нарекуваат Интернет Маркетери. Интернет Маркетингот е професија која бара да вложите поеднаква количина труд и време исто како да се вработени на активно работно место од 8 до 16h. Но за разлика од стандардните работни места, во Интернет Маркетингот можете да го поделите своето работно време на колку делови сакате и можете да одморите кога сакате. Најдобро е што заработуваш онолку колку што ќе сработиш. А профитот од Интернет Маркетингот може да биде огромен, и да започне од само 100-200 долари месечно и притоа да порасне на 500-600 неретко и 1000 долари месечно. Битно е во секој долар да гледате мотивација и никогаш да не се откажувате. Набрзо ќе ви стане хоби и ќе ви предизвикува огромен интерес затоа што количината на информации и новости е буквално неисцрпна. Интелектуалниот капацитет постојано ќе ви биде ставен во функција и ќе бара од вас да го редефинирате начинот на размислување. Ќе станете успешни во бизнис комуникација, бизнис зделки, промоција и видови на маркетинг, ќе станете имагинативни во поглед на продажбата и ќе почнете да разбирате како успешно да водите бизнис. Ќе научите како ефективно да ги искористувате средствата, како да вложувате, ќе ја разберете важноста на социјалните мрежи и истите знаења многу ќе ви користат во реалниот живот.

    3. Начините да се заработи се огромни на број. Во овој момент ќе ве замолам сите буквално да заборавите на принципот кликање реклами или да ви шетаат човечиња по екран за неколку центи дневно. Со овој принцип одсега па натаму нема никогаш веќе да се занимавате.

    Еве една листа од главните гранки на Интернет Маркетингот.

    - Affiliate Marketing!
    Овој принцип на заработка работи едноставно. Се зачленувате на сајтови кои нудат affiliate продажба. Принципот работи исто како Oriflame или Avon. Најпознати сајтови за ваков вид заработка се amazon.com, clickbank.com, http://www.cj.com. Сите сајтови имаат Affiliate програма во која се зачленувате, одбирате продукти кои сакате да ги продавате и ви дава уникатни сопствени линкови преку кои можете да продавате продукти онлајн и да добивате провизија од секој продаден продукт. Провизиите се движат од неколку долари, до неколку стотици долари во зависност од продуктите кои ги продавате и процентот на провизија кој ви е понуден. Исто така можете да продавате и услуги па така веќе огромен број сајтови кои нудат одредена услуга како хостинг, туторијали, совети и сл. веќе имаат свои Affiliate програми. Побарајте на интернет за повеќе програми и ќе најдете огромен избор.

    Продуктите ги продавате на принцип каде ги рекламирате на било кој начин сакате. Пример сакате да продавате продукти за мајки, бебешки ствари и сл. Наоѓате на амазон, креирате уникатни линкови од тој продукт и потоа линковите ги постирате по форуми за мајки, ги предложувате за квалитетни и по пристапна цена. Можете и на facebook, twitter и било кое место на интернет каде има голем број посетители. Истото важи за било кој продукт. Можете да направите и бесплатен блог, бесплатен вебсајт, facebook fan page, и на нив да ги промовирате продуктите кои ќе ви носат провизија.

    - Сопствена Интернет Продавница!!
    Креативни сте? Знаете да создавате уникатни парчиња облека, мебел, украси, accessories и сл. ? Ова е најдобриот модел за вас. А најдобрата страна е: http://www.etsy.com/ ! На оваа страна имате можност бесплатно да се зачлените, да креирате своја продавница, да огласите ваши персонални изработки (по мала цена од неколку центи). И да ги продавате низ цел свет по цена која самите ќе ја одредите. Корисниците нарачуваат, добивате средства на вашето конто и им го испорачувате продуктот преку пошта. Овој модел совршено функционира низ цел свет. Но овој модел бара да пристапите исто како да отварате сопствен бутик. Овој пристап ќе ви доведе најсолиден профит. Па така треба професионално да се однесувате, професионално да ги сликате вашите креации, да одредите професионална цена која е пристапна за потрошувачите но профитабилна за вас. Треба да испорачувате на време и во главно да вложувате максимум за да ги задржите сите клиенти среќни. Разгледајте како функционираат другите продавници на страната и ќе воочите за што зборувам.

    - Adesense !!!
    Oвој принцип на заработка е екстремно лесен а носи солидни па дури и завидливи профити. Се што треба да направите е да одберете одредена тема во која сте најупатени, тема во која секојдневно наоѓате дискусии, нудите совети и слично. и да направите сопствен блог. Може да направите бесплатен блог било каде на интернет. http://www.blogger.com , wordpress.com , blog.com . И уште стотици други.

    Одкако ќе одберете тема за која можете пасионо да пишувате секојдневно, и ќе креирате блог околу таа тема. Ви останува да почнете да пишувате содржина. Најдобра содржина е онаа составена од 400+ збора. Пишувајте за се што сакате да им понудите на луѓето како совет. Дали тоа било филмови, фитнес, диети, љубов, психологија, мировни пораки, персонална имагинација, сопствен дневник не важно. ВАЖНО Е ЦЕЛ БЛОГ ДА БИДЕ ОКОЛУ ТАА ТЕМА, ДА ИМА КВАЛИТЕТНА СОДРЖИНА И ДА БИДЕ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК!

    Одкако ќе го направите блогот и ќе постирате на него неколку текста од по 400+ збора. Треба да одите на adsense.com и таму да се зачлените во адсенс мрежата на google. Ќе ги пополните сите информации и линк од вашиот блог и за неколку дена ќе ви го одобрат профилот. Од профилот потоа ќе земате реклами и ќе ги ставате на блогот. Со секој клик на рекламите што ќе го направат вашите читатели вие ќе добивате заработка на адсенс. Некои кликови ќе ви донесат неколку центи а други ќе ви донесат и по 1 долар и повеќе.

    Ќе приметите голем напредок и почеток на солиден профит кога ќе креирате повеќе од 50 постови односно артикли со над 400 збора секој. Во овој момент ќе почнете да сфаќате колку многу можете да заработите. Продолжете со темите кои ги обработувате и наскоро ќе почнете да добивате и бизнис понуди од други сајтови кои ќе сакаат директно да се рекламираат кај вас. Ќе ви уплаќаат средства директно на банкарска сметка за нивните реклами да останат на вашиот блог.

    Најважно од се е никогаш да не престанете да пишувате. Секој ден да одвојувате по 1-2 часа и да креирате еден артикал над 400 збора на англиски јазик, вие веќе за 2 месеци ќе имате солидна заработка која ќе ви го промени животот. А доколку вложите повеќе време секој ден и креирате дупло повеќе содржина тогаш уште побрзо ќе дојдат вашите профити.

    Жените се многу успешни во интернет маркетингот претпоставувам поради нивната упорност и решителност.

    Во оваа тема можам да допишам уште 10 тома информации ама не е потребно да навлегувам толку длабоко моментално и само ќе ве збунам. Ова што го опишав досега е проверено и долги години наназад функционира одлично. Многу луѓе (стотици илјади па и во милиони веќе се рачуна) Солидно заработуваат само од интернет и ништо друго. Живеат слободен живот и цело време се во кругот на фамилијата.

    Доколку немате постојана работна позиција тогаш строго ве советувам да се обидете. Најдобро со Адсенсе за почеток. Верувајте нема што да изгубите, можете само да добиете и тоа Многу! Толку многу што можете да си го смените животот во рок од неколку месеци. Губењето време на фејсбук и твитер нема воопшто никогаш да ви помогнат да успеете во животот да создадете финансиски услови за подобра иднина. Затоа насочете ги вашите квалитети. Разговарајте со себе и одлучете во што се најдобри и почнете да пишувате за тоа.

    Термини за кои задолжително треба да ги пребарате и да се информирате повеќе на google и youtube:
    - how to profit from blogging
    - how to make money with google adsense
    - how to make money with affiliate marketing
    - how to sell affiliate products
    - how to earn money on etsy
    - how to run a store on etsy

    Форуми:
    http://www.blackhatworld.com
    http://www.warriorforum.com

    ibiz.mk - Релативно млад, Македонски форум посветен на интернет маркетингот и интернет бизнисот.


    Секој што ќе се обиде и ќе навлезе подетално во овој начин на заработка може слободно да ми се обрати во приватна порака за помош и информации. Нема да одговорам на пораки кои бараат да објаснувам чекор по чекор се што треба да прават луѓето. За секое прашање, Буквално секое, можете да најдете одговор на google.com и да прочитате за се што ве интересира. Ќе ви помогнам околу информации за блогови, одобрување на адсенс акаунти и монетизирање на вашите блогови.

    Поздрав и ви посакувам се најдобро!
     
    На shedevil и purelove им се допаѓа ова.
  8. mmmmmmm

    mmmmmmm Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    па како и да е вреди да се проба...а и во денешно време кој ти гарантира сигурна исплата НИКОЈ! што ако идам на работа и работам по 8 часа дневно еден месец нема плата два месеца и ете ти проблем....ич да не се секирајте правете си парички ако мозете ич уво нека не ве боли....позз феминки мои....
     
  9. notforyou

    notforyou Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Заработка!

    здраво.
    знам дека во доста држави, младите не се запознаени со начини на заработка од дома, т.е. од стоење прет компјутер. се одлучив моето искуство да го споделам со вас. Пребарав по форумов и видов дека ваква, а ни слична тема не постои. Значи јас месечно заработувам од $300-$550, кога на тоа ќе му надоврзеш дека јас имам само 18 години, ке сфатите од колкава важност ми се тие средства!
    за да не ви образложувам премногу ќе ви оставам еден мој маил на кој можете да ми поставувате прашања thisnotforyou@hotmail.com (инаку маилов го креирав само за вие да можете да поставувате прашања)
    начини.
    1 начин. На овој начин можат да заработуваат и деца т.е. 10+ гидни... се состои од тоа што јас веќе имам 10 проверени страни на кои треба само да се кликаа по реклами. дневно можее да се клика само еднаш тс еднаш на 10 до 20 реклами. дневната заработка од една таква страна е $0,15- $0,2 а кога ќе помножите со 10 страници тоа ви доаѓа околу $1,5- $2 дневно. така да за еден месец можете да направите мин $15 (нормално од тоа колку вие ќе сте активни)... за било што друго, слободно пишете ми на маил, во најкус можен рок ќе добиете одговор.
    2. налин. овој начин се состои од тоа што доколку имате многу посетувана страница, т.е. со +1000 обожователи на ФБ, некој си блог или Твитер вие можете многу брзо да заработувате големи суми. се што треба да правите е да барате интересни стории, статии или били што друго, што занете дека баш тоа ќе ги заинтересира вашите обожователи да го кликнат тој линк, со нивното кликање на вашиот линк вие ќе заработувате а вашите обожователи ќе ги носи до вистинската сторија, приказна или било што! со ова и не се расправам многу (лично јас) но мислам дека 2500клика = $1. овој начин е многу полесен од претходониот поради тоа што не ви одзема ни половина час дневно.
    3. начин. е за малку посериозни лица, кои ќе мораат да вложат многу повеќе труд а прет се се бара добро познавање на англискиот јазик! Се работи за тоа што вие им нудте на луѓето некои си услуги, а тие ви плаќаат за тоа високи суми т.е. $5 за една услуга. услугите можат да бидат од било каков карактер ... на пример. преведувам статии од англиски на шпански за само 2-3 часа... можам да ви направам 100 лајкови на фб за само 2-3 часа ... значи се се содржи на тоа колку вие ќе имате креативност во себе а и знаење...

    нема да пишувам повеќе, поради тоа што сигурно веќе сте потрошиле 5 мин кои би ги искористиле да стоите на фб и да се досадувате... (шала)
    исплатата се врши на PayPal, Payza, Liberty Resever, Skrill чекови и.т.н.
    Слободно прашувајте! Да направиме нешто корисно за нас, самите!
    Се надевамдека админот ќе ја овозможи оваа статиа да ја прочитат сите членови на овој форум, во спротивно би испадне многу себичен)
    Бидете поздравени Македонска младино!
     
  10. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Notforyou, како ги зимаш парите, јас неможам да направам акаунт на paypal...
     
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум направила paypal акаунт, НО, и кога би ти стигнале пари на таа сметка, ти мораш на УЈП да и плаќаш данок на доход, бидејќи ќе бидат твој профит, доход. Ај тоа ќе го платиш, ќе пријавиш доход на крај на година, но што правиме ако, како што велат и овде, не можеш да ги извадиш парите? Ем твоја заработка, а не можеш да дојдеш до неа, ем треба и доход после, зашто на твоја сметка се, нели.
    Сите пишуваат за начинот и за веб просторот за заработка, но никој за начинот на исплата и за можноста од полнење на компјутерот со вируси.
     
  12. Optimistic

    Optimistic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    14
    јас претходнава 2012 година зреку moneybookers подигнав околу 1000 денари, кои ги заработив на microworkers. И јас се мислев за тоа да не треба да платам даноци, ама досега ничто не ми стигнало по пошта, ниту некој ми кажал.... па не знам?
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Па за годишна заработка од 1.000 денари, не им се троши хартија да ти пратат решение :lol: , плус трошок за коверт, па за пошта ехеее... извини ама смешно е, одн.заработката е смешна. А и за доходот од 2012 уште не сме пријавувале, мислам до март дека се пријавува, па ќе ти стигне решение на крај на годинава. Стварно "големи" заработки се случувале преку овој интернет бизнис. Не знам како се осмелувате да давате свои лични податоци, копија од лична карта, пасош еееј тука е ембг, твојот идентитет, па плус и броеви од електронски картички и се друго. Пазете само да не ви ги снема и тие пари што ги имате на сметка,зашто со копија од лична карта вие им го давате и вашиот личен своерачен потпис, па вашиот идентитет би можел лесно да се злоупотреби.
     
  14. Optimistic

    Optimistic Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    14
    Не бараат ниту лична карта ниту пасош, само мејл адреса и сметка во банка. Јас на таа сметка немам пари, ја отворив само за тоа, за да пробам дали ке може да си ги земам парите. И да на интернет може да се заработи, но јас си префрлив околу 20 долари за да пробам, инаку има добра заработка, само зависи кој колку е информиран :)
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    ^^ Кога спомнав копии од лични документи, мислев на постови кои ги прочитав овде, не значи дека се однесуваше само на твојот пост, пишував генерално, за тоа колку овие демек брзи заработувачки, не се за верување. А ти како сакаш, така прави. Јас сум доволно информирана за да размислувам со своја глава и да не се впуштам во нешто што би носело ризик по моите пари и мојот идентитет.
     
  16. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Може да се заработи преку интернет.
    Мој добар пријател фотограф, напушти работа и се посвети на тоа. После една година проучување на пазарот, стана член на неколку сајтови за фотографија, Ајсток, Шатрсток, Аклами и др. и сега заработува минимум 1.500 евра месечно. Но претходно како што реков цела година прочуваше што се бара на пазарот и комплетно се посвети на тоа. Парите се исплаќаат преку манибукерс.
    И јас работам преку интернет ама во МК. Таква ми е работата, клиентите не ги знам, само оставам сметка и после ме исплаќаат. Значи може. Наместо да висите на ФБ, барајте начини за работа.
     
  17. TheBrunettelady

    TheBrunettelady Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Незнам зашо им перете мозоци на луѓево на сајтов кога ништо од тоа не е вистина ! :devil:
     
  18. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Значи треба работа и упорност. Вистина е, го осетив на своја кожа. Треба и снаодливост и многу знаење. Толку!
     
    На Optimistic му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Profesional

    Profesional Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Искрено да ви кажам може да се заработува на интенет ја до сега имам заработено 740$. Почнав да кликам пред 8 месеци но сепак парите што ке ги заработам не ги вадам, како што казав до сега имам извадено 740$ но парите што ке ги направам ги инвестирам за побрзо да правам и така мојата зардаботка секој ден се зголемува. Имам познаничка која дневно прави 100$.


    Еве ви ја страната:http://www.neobux.com/?r=bile70

    Јас ви кажаб кој сака нека веруба кој несака не мора.
     
  20. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    49
    Ти изгледа само за ова си се зачленил/а да промовираш страни.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.