Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заработи преку интернет

Дискусија во 'Барање работа' започната од littlegirl92, 5 јануари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Нормално дека земаат провизија, никоја банка не работи без пари.

    Payoneer не е класична банка, туку вид онлајн банка и платежен процесор, наменет е првично за американци во странство, но сега се користи низ цел свет од фриленсери.

    За да отвориш ти треба валиден пасош и девизна сметка, не е битно во која валута, препорачливо е да е во евра или долари. Ќе си отвориш во банката кај што имаш трансакциска. Ако ти бараат дополнителни документи од Payoneer, треба и тие да им ги пратиш.

    Ако сакаш да вадиш директно, имаш две опции:

    1. можеш преку девизната сметка која ќе ја отвориш овде, откако ќе ги префрлиш, при што истите треба да ги пријавиш во Ујп и да си платиш данок соодветно. На Payoneer нема да платиш многу провизија туку на домашната банка при откуп на девизи и сл. трошоци.

    2. Друг начин е да извадиш Master card која ја издава Payoneer и да си пазаруваш секаде со неа, поевтино е отколку да вадиш кеш од банкомат, што и тоа е секако опција кога ќе ја имаш картичката.

    Инаку на нивната страна има наведено колку проценти и во кои случаи земаат провизии.
     
    На Divinebutterfly, lavinija28 и theunforgiven им се допаѓа ова.
  2. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    3.091


    Жити све, колку се плаќа данок на УЈП? Колку проценти од заработката? Ова ќе испадне да работам за 500 денари :D
     
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    10% од бруто / вкупната сума.

    Плус бараат договори, фактури.. Зависи како ќе го фатиш службеникот на ќеиф што треба да ти го одобри налогот за уплата на данокот :!:
     
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    3.091

    А не треба онлајн нешто само? Ја поим неам како одат тие работи значи, ама ова ме демотивираше. Кој К државава тука помага, кој фактор е у приказнава (ако работиш онлајн) ? Стварно не знам зошто јас да и давам пари на оваа ... Аууууу лошо.
     
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Паа повеќе ги игнорираат, не сакаат ниту да ги трчкаат, затоа што сепак овде се трошат пари стекнати во странство и ако потрчкат сметки на наши во странство, ќе ги добијат и на тие со по 200 евра и на тие со милиони, а тие не се чепкаат :rofl::whew:
     
    На GirlLove и theunforgiven им се допаѓа ова.
  6. Naatashka123

    Naatashka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2020
    Пораки:
    2.082
    Допаѓања:
    10.162
    Пол:
    Женски
    Некој искуство со страната Mayaclix да не има?
    Превара е, не е, вреди да се започне или не..
    Знам дека за се е потребно време и упорност, не барам јас веднаш незнам какви пари да има, али сепак некој денар да се вади:rofl:
     
  7. cvet.pet

    cvet.pet Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2021
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Машки
    можеш да купуваш секаде најнормално без провизија. Ако вадиш кеш имаш провизија, на НЛБ е 300 ден.Јас купувам секој ден и веднаш проверувам. Има само блага разлика доларот како го пресметуваат
     
    На theunforgiven му/ѝ се допаѓа ова.
  8. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    15.942
    Пол:
    Женски
    А, како се плаќа кога картичката и е во долари, а таму на тоа читачот, портот како се викаше, ко ќе помини на тоа долариве ги претвара во денарот?
    Или за да купам денес нешто, проверувам средна курсна листа и терам.
     
  9. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Master, Visa и сите картички се читаат од банкомати, терминали, онлајн терминали. Секаде каде што имаш терминал/банкомат кој чита платежни картички (Visa, Master се секаде прифатени ) не е битно со која валута е врзана сметката од која картичката влече пари. За секоја картичка да функционира мора да биде врзана со банкарска сметка во одредена валута.

    Така, кога одиш во странство и пазаруваш со картички врзани за денарски сметки тоа воопшто не е битно на терминалот, исто важи и кога пазаруваме онлајн од странски фирми.
     
    На lavinija28, cresa-jagoda и GirlLove им се допаѓа ова.
  10. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    15.942
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. :)
    Како што сфатив, кога плаќаме дирек со картичката, не зема провизија за извршена трансакциија? Само доколку вадиме кеш, зема 300 ден?
     
  11. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Да, секогаш кешот е поскап
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Skylar

    Skylar Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    480
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира за Maya clix некој да сподели искуство?
     
  13. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Која е постапката за пријава и плаќање данок онлајн?
     
  14. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Сѐ логираш на https://e-pdd.ujp.gov.mk/ или се регистрираш ако не си досега, бираш креирање пресметка, тип, вид на данок (зависи каков пријавуваш), поднесуваш со документи (ако се потребни), чекаш служба од УЈП да ти ја одобри пресметката, ако не е ги исправуваш забелешките, ако е одобрена ти се генерира налог за во банка кој треба да го платиш и voilaa, си завршил :D
     
    На majavel1 и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  15. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам :) За типот на данок треба во УЈП да прашам?
    Овие кај мене ништо не знаеа. :tmi: Најдобро може Скопје да прашам.
     
  16. Naatashka123

    Naatashka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2020
    Пораки:
    2.082
    Допаѓања:
    10.162
    Пол:
    Женски
    Јас направив профил, започнав, па ќе видиме
     
  17. Mime1992

    Mime1992 Нов член

    Се зачлени на:
    30 август 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Јас веке две години работев на Маја кликс и значи вака: да, исплаќаат, меѓутоа, многу малку заработуваш, повеќе потрошив на реферали отколку што јас земав. И можеш само преку пајер да вадеш.
     
    На Boyanna и Naatashka123 им се допаѓа ова.
  18. cvet.pet

    cvet.pet Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2021
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Машки
    Најнормално си ги претвора во денари, нема провизија никаква.Само терај
     
  19. AnadeMaria

    AnadeMaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2021
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво луѓе, се надевам дека овде ќе го најдам одговорот во врска со Payoneer. Планирам да почнам со онлајн работа па сакам да отворам Payoneer account, но некако не сум информирана во врска со него:sweat:. Сакам да знам доколку ми пристигнуваат пари од странство дали би имало некој проблем и дали би требало да плаќам данок на државата ?
    Се надевам дека некој којшто веќе работи со Payoneer ќе ми помогне со моите сомнежи и нејасни прашање(секоја информација е добредојдена). Однапред ви благодарам:D
     
  20. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Ако пребараш во темава или прегледаш низ форумот, повеќе пати е објаснувано за Payoneer, како функционира, со какви проблеми можеш да се стекнеш, искуства...
     
    На GirlLove и AnadeMaria им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.