Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заработи преку интернет

Дискусија во 'Барање работа' започната од littlegirl92, 5 јануари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Marien

    Marien Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво, сакам да ве прашам дали имате искуство или познавате некој што има искуство со предавање англиски онлајн на кинеските сајтови за деца. Имам слушнато за тоа па би ве замолила ако можете да споделите мислење или совет доколку сте запознаени...Поздрав
     
  2. lalamala

    lalamala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Здраво, ако може едно инфо, дали alibaba врши достава до Македонија?
     
  3. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.425
    Допаѓања:
    12.156
    Пол:
    Женски
    Aliexpress? Да, на производот ќе видиш дали има достава за мк или нема
     
    На lalamala му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lalamala

    lalamala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Да, знам за Aliexpress, за alibaba конкретно.
     
  5. maliba.sta

    maliba.sta Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2021
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Дали дозна нешто повеќе?
     
  6. Stefani_33

    Stefani_33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Мене двапати ме имаат исконтактирано од нигде никаде од таква фирма од Хрватска, еднаш девојче баш од Хрватска а вториот пат од девојче од тука од кај нас. Едната ми пиша на Инстаграм а другата на Фејсбук, и буквално од збор до збор истите реченици ми ги кажаа со тоа што едната на хрватски а другава на македонски. И двапати се пуштив на вебинарите кои ми ги препорачаа и ако ти се верува целосно исти беа, до тој степен што истиот дечко исто облечен ги кажуваше истите реченици (заклучок е дека било снимка). Па ако сум сакала да продолжам понатаму, 10 долари влезница. Мене ми е тоа многу сомнително и несигурно, и нормално ни на едната ни на другата не им дадов по 10 долари. Дури и да не е превара, мислам дека не е некоја работа со која ќе се заработува нормално туку ќе треба деноноќно да се остаиш пред компјутер за да заработиш 10 долари едвај. А да не збориме дека од фирмата ни трага ни глас на интернет или било каде. ПО мое мислење тоа е превара и не е сигурно
     
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Не дека не се сложувам, но ако веќе работиш у "странска" фирма, ќе им објасниш дека треба да се плати данок (не се од Тунгузија да не знаат дека секаде се плаќа) и на работата за која си ангажиран ќе си додадеш културно 10% и тоа ќе биде твојата плата. Така нема да имаш потреба од Пајонир, тајни сметки и глупости. Уште поарно (зависи од која струка си) ќе им додадеш 33% и ќе им објасниш дека треба да уплатиш и пензиско и здравствено и таканатака. Данок и давачки се обврска на фирмата што те ангажира. Ако нејќат, ќе си бараш секогаш бруто плата или нето+. Многу ги фалиме странците, ама тие не цицаат така неприметно многу повеќе од државата.
    пс. Плус не заборавај дека после одреден хонорар кој ќе ти стига на сметка (едно време беше над 190 илјади годишно) ќе мораш приватно да си го плаќаш здравственото ако не си осигуран преку фирма, и тој трошок ќе си го додадеш затоа што кога ќе ја надминеш сумата, здравствено бесплатно автоматски губиш (ако не се пријавен).

    Ако зборуваш германски добро (ама реално добро, а тоа е б2, биди малку самокритична), а не си вработена, ти препорачувам да пробаш со СитиКонект, Хелоо или Вебхелп (немам лично искуство, но сум слушала добри работи) корисничка поддршка работат, но се работи од дома, па ќе имаш флексибилност. Ако не си вработена секако. Кинеските сајтови искрено плаќаат и помалку од нашите, не се лажи, повторно велам, ако можеш да предаваш германски и англиски, буквално сите школи бараат професори, ќе најдеш сигурно, многу е дефицитарен кадар за овие јазици.

    Треба и македонски да се знае, ама не им иде на сите. Друже.
     
    Последна измена од модератор: 2 октомври 2021
    На cresa-jagoda и Mikha4 им се допаѓа ова.
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Данок и давачки се обврска на сите лица само таму каде што се регистрирани и резиденти. Така да, странските фирми немаат никаква даночна обврска кон нашата држава, туку во државата каде се регистрирани.

    Ако како физичко лице, резидент на Македонија, остваруваш приходи од странство, само твоја обврска се за да ги пријавиш, па кога се преговара за плата, треба да се рачуна бруто, а не нето колку ќе ти остане.
    Придонеси не се задолжителни за фриленсери, само персонален данок на доход.
    Пајонир не може да претставува тајна сметка, затоа што нема никакви законски пречки како граѓанин на РМ да си отвориш сметка во странство.

    Што се однесува на цицањето, колку ќе дозволиш, толку ќе те цицаат, и тука и во странство има секакви газди :)
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Немаат обврска кон државата, но имаат кон својот вработен. Јас сум вработена за италијанска фирма која сака да го регулира моето работење затоа што тие ме ангажирале и имам регуларен договор за вработување тука, преку приватна агенција за вработување, важечка во Македонија, каде што во моментов живеам. Така што, многу е лесно и изводливо, ама странските фирми не сакаат да плаќаат. Придонеси не се задолжителни за фриленсери, но ако не си осигуран на друг начин, а добиваш пари од хонорар на локална сметка, над одредена сум за здравствен фонд мораш да плаќаш, тоа не е прашање на избор, туку буџетско прашање :) Затоа и пишав дека фриленсерите не треба да се мачат со било какви сметки во странство, туку убаво да прерачунаат колку им е бруто трошокот.
     
  10. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Така е, но тоа е твојот случај и секако голем плус за фирмата. Што не значи дека треба сите во ист кош да ги ставаме, општо кажано странските не се споредуваат со нашите, има такви што работат со фриленсери од цел свет и ако не ги прашуваат за нивните даночни обврски во нивните матични земји, не значи дека не ги плаќаат. Едноставно не им е нивна обврска, но прават многу и се светлосни години напред во одржување здрави работни средини, така кога ќе те праша на интервју колку би сакал да земаш, треба веќе да си имаш направено математика.
    За здравствено осигурување дека е задолжително а си хонорарец, првпат слушам искрено, знам дека можеш доброволно, но не и задолжително.

    Исто така, знаеш дека приватните агенции за вработување тука земаат процент од твојата бруто плата? Зависи од агенцијата, од 20 до 50% некои земаат. Ако на твојата фирма толку ѝ е гајле за тебе, зошто да не ти ја плати директно целата сума која и така ја дава?
     
    Последна измена: 24 септември 2021
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Инаку нема како буџет да се полни, задолжителна е таа давачка. Не реков дека ги нема, среќа сум работела со такви, затоа препорачав дека е најчесно и наједноставно наместо пејпал, скрил, пајонир, фино да се договори бруто плата со вклучени вакви давачки и сите среќни.
     
  12. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Имаше пред некоја година таков предлог за да бидат задолжителни тие давачки за сите, но не се донесе таков закон.
     
  13. Marien

    Marien Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу за одговот, моја грешка, не напоменав само дека јас веќе 2 години живеам во Германија и би сакала да најдам нешто преку некој глобален сајт... За СитиКонект, Хелоо или Вебхелп мислам дека мора да имам адреса на живеење во Македонија. Ама ќе ги контактирам и ќе прашам дали може да се работи од тука, меѓутоа мислам дека не би успеало, бидејќи се outsourcing и платите им се прилагодени на тамошните стандарди...
     
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Вебхелп сигурно има начин, не знам дали имаат регистрирано фирма во Германија, но Французи беа тие и имаат фирми во доста земји низ Европа. СитиКонект и Хелоо се Хрвати, тешко дека ќе може ако немаш тука живеалиште. На толку фирми во Германија не можеш таму да најдеш? Мислам пазарот е дваесетпати поголем, таму сигурно имаш повеќе шанси затоа што си таму.
    пс. Телеперформанс се Германци, имаат таму фирма регистрирано, пробај кај нив.
     
  15. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.168
    Пол:
    Женски
    Ne znam kade da go postavam mislenjeto no eve tuka, pa posle neka se premesti ako ima posoodvetna tema.
    Mi treba predlog kade mozam vestinata za pisuvanje na tekstovi da ja inkorporiram vo proizvod koj ke bide poveke platen od seminarskite i diplomskite. Profesorkite veke pocnaa da pravat razlika pomegu tekst napisan od studentot i tekst napisan od mene ili nekoj koj pisuva freelancerski seedno. I ne velat nisto, tuku posle toa baraat korekcii minimum 2 pati. So cenata ne mozam da smenuvam ili poskapam, a tie pari se trosat na edno kupuvanje vo prodavnica na 3 ili 4 prrodukti. Ili slobodno ako nekoja pisuva za stranski platformi koi plakaat (za platformi koi ne plakaat ima eden kup i skoro site mi se poznati). Ili nekoja ideja ako imate, I am clueless.
     
  16. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Fiverr, Upwork, Guru... Секаде бараат писатели, а копирајтерите се доста платени по маркетинг агенциите за креирање содржини.
     
  17. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.168
    Пол:
    Женски
    Upwork me odbivaat dva pati, makar i da platam simbolicna suma - bi sakala da mi pomogni nekoj da napravam profil tamu. Na Guru imas profil? Pisi mi LP ako imas profil tamu....Marketing agencii vo Makedonija se dobra ideja fala ti

    Nekoj da ne raboti kako chat moderator za stranski firma? Dostapno e za americki pazar pretezno, me interesira nekoja ako ima raboteno ili raboti seuste takov tip na rabota
     
    Последна измена од модератор: 2 октомври 2021
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Извини не ти се јавија од Персонел?
     
  19. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    19.212
    Пол:
    Женски
    Случајно таа од Инстаграм дане беше dubravka2107? Пред некое време мене ми нудеше таа работа поврзана со маркетинг и бараше хонорарци по 2 часа на ден па си мислев можеби е истата девојка.
     
  20. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.168
    Пол:
    Женски
    Ne mi se javija, ama mozi da mu trae podolgo vreme oglasot, ic ne zaprimetiv, sigurno 10tina dena ke trae, pa ke pravat selekcija, apliciraj si
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.