Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Заработи преку интернет

Дискусија во 'Барање работа' започната од littlegirl92, 5 јануари 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. neo

    neo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    163
    Па не си се информирала дека таа страна е скам, а се проверува многу лесно.
    http://www.ptc-investigation.com/pages/buxto.aspx

    За фивер се сложувам, но како што знам за тоа треба пејпал сметка а пејпал не работи во Македонија. Секако најверојатно има начин да се повлечат пари, но не сум доволно информиран.
    За одеск исто, супер што работиш таму но не ги потценувај ни проверени сајтови како необух. Реков дека на нив не се заработува само од кликање. Поточно од кликање се заработува многу малку на необух.
    Еве линк до форумот од еден член, сигурно од него не си заработила повеќе. :) Но типов и многу вложил што секако не го препорачувам. Е сега дали со знаење, со работа или со вложување, секој со својата среќа.
    http://www.neobux.com/forum/?/30/191552/
     
  2. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Друже машко сум не значи дека ако во некој збор има pussy дека е веднаш женско. :lol: Како и да е, воопшто не верувам и сум голем скептик кон било кои сајтови кои нудат “лесни и брзи“ пари или пари со кликање. Во најголем случај е превара или ако е вистина, трудот е макотрпен, а на крајот земаш 100-200$ за неразумно долг период. Исто така треба и од свој капитал да вложуваш, да купуваш таму статуси или луѓе кои ќе ти кликнуваат или што ти знам. Единствени сигурни пари на интернет се ако со поштена работа си ги заработиш, среќа моја што сум одбрал благородна професија како што е информатиката и програмирањето. Исто така добар начин на заработка е преку Gооgle огласи, само треба да имаш доста фреквентен сајт и од секое кликнување на огласите добиваш одреден процент. Фирмата за која работам така ги прави парите. Има одлична посетеност на сајтот од над 100 000 посетители секој ден и од нив само 1% да кликнат на банерите што е 1000 луѓе * 0.5$ = 500$ дневно. Месечно тоа се 15 000$. Не знам колку чини кликнувањето на гугл банерите, ама земав 50 центи произволно. Има пари на интернет, самиот интернет е уствари машина за правење пари, ама не секој знае да ја исползува и искористи. ;) Што се однесува до пејпал намерно не го воведуваат овие од владава во Македонија за да не се одлеваат пари во странство или да не се отворат очите на луѓето дека на интернет можат да си вадат јака пара отколку да рмбаат за 150-250 евра месечно. Но за среќа има moneybookers од каде можеш да си повлекуваш пари на картица и да си ги искешираш на банкомат. И ондак то. :D
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ivanivan1002

    ivanivan1002 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Тотално се сложувам со PussyHunter. Едностано е многу многу тежко да се заработе преку интеренет, потребно е да закупеш добар, скап, сервер а инаку мислам дека гоогле плака од 0,02 до 0,5 долари за клик, и тука ако се има инвестиција може многу тешко да се заработи нешто. Инаку што се однесува до овие другите сајтови што викат дека плакат по клик, едноставно не си го трошете времето, добро ке биде за пола година ако заработеш 50 долари и на крај ке ти речат дека се тие некој виртуелни долари и ке може да ги потрошеш само на нивниот сајт да си купеш посетеност на твојот профил. хаха глупости.
    Инаку и тоа е точно зашто не се дозволува пајпалл во македонија, пола економија ке оде во странство, сите ке купуват од ебаѕ за споредба нокиа слусалки во кина се 55 денари со испорака до мкд http://www.ebay.com/itm/WH-701-Headset- ... 5aef94caec тука минимум 150 денари.

    Единствена реална работа преку интернет е ако си вработен како програмер накаде и да може да работеш еден ден во неделата од дома преку интернет :)
     
    На PussyHunter му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Оваа надменост на програмерите, демек тие се единствени чија професија по благородност е само достојна за онлајн заработка, не ти се чини претерана? Реторичко е инаку прашањево ;) .

    Еве, конкретно за букс-сајтовите членувам на неколку, убаво ви опиша членот Нео (ама кој да чита очигледно), постои надворешна компанија CrowdFlower, која се занимава со собирање податоци за своите клиенти, кои мора да бидат обработени од луѓе, бидејќи ботовите не успеваат да категоризираат, препознаваат каузални односи и сл. Во соработка со буксовите се даваат задачи во вид на прашалници, кои те упатуваат до пдф документи или веб страни, на кои преку читање на артикли одговараш потоа на прашања, категоризираш, собираш податоци и сл. Една задача е обично од 2 страни и е платена зависно од тежината, од 3 до 26 центи (овие цени се одредуваат за секоја посебно, овие цени кои ги наведов се оние кои досега циркулирале), па имаш право да сработиш колку што можеш, додека даваш добри резултати на сработеното. Ако си посветен се заработува. Ама повеќето сакаат, како што и сам рече, брза и лесна заработка, па се откажуваат, па и плукаат по сајтовите демек скам биле, не се заработувало (а ги мрзи да работат посветено за навистина да заработат). И не гледам што е тука нечесно, ајде објасни ако сакаш или мислиш дека знаеш повеќе.

    Фактот дека сајтот на кој си работел пред години пропаднал, не е ништо ново и во реалноста секојдневно пропаѓаат компании, ама има сајтови кои уште од 2007 се одржале (тоа е стартната година на овој вид сајтови).

    Од друга страна, постојат и сајтови за внесување податоци (Про-тајпрс и сл.), па сајтови за форекс тргување, па до сајтови за инвестиции и интернет обложување, секој си го бира оној начин кој му одговара за да дојде до дополнителни приходи, а можности за заработка постојат за сите, не само за елитата програмери, лол...

    Најмногу ме испровоцира со делот за нечесноста, едно неблагородно е да судиш некому, а немаш баш доволно информации, а во крајна сметка, секој за свои пари одговара само пред себе, дали, колку и во што ќе ги инвестира.
     
  5. samovilamila

    samovilamila Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    19
    Zdravo ve molam za pomos pišete mi vo lična poraka kako da za
    Kako da zarabotam pari koj mi trebaat za lečenje na moeto dete.za žal moram da sedam doma i sum zavisna finansijski od drugi luge(maz,majka,sestra......)i mnogi bi mi ubavo vasata pomos
     
  6. bobmarli

    bobmarli Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    2
  7. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Оваа вест за пејпал не е ништо ново, години наназад се кажува и секогаш е "ќе биде наскоро" ама никако да биде, но и онака можност каква-таква постои и сега...
     
  8. ladyh07

    ladyh07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    31
    Online rabota od doma

    Me interesira dali nekoj znae, nudi online rabota od doma, kako na primer pisuvanje kolumni i sl? :)) Blagodaram :)
     
    На bobmarli му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bobmarli

    bobmarli Активен член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    2
    Online rabota od doma

    И мене ме интересира истото...
     
  10. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Ја разгледав темава и нешто разбрав нешто не.Ако има некој кој работи(а видов има) нека ме извести,или преку ЛП.Колку е минималната заработка за да ти исплатат пари,предложете страна за заработка,како се подигаат парите,какви задачи се извршуваат и сл.Благодарам однапред.
     
  11. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Секоја чест на тие што заработиле од нет! Јас се зачленив на секој можен сајт, ма не со кликање, барање работа, нудење услуги (преводи, пишување итн) до сега 1 денар не видов, што веќе ми е нереално ова што го зборувате, дека супер се заработува. Полека се откажувам и не продолжувам да губам време и нерви.
     
  12. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Еве зошто упорно викам дека треба да има известување кога некој те цитира за да можам веднаш да одговорам. :) Не си ја форсирам мојата професија како единствена која носи добра заработувачка, само ја спомнав. Гледам некои феминки имаат бунт и незадоволство што немаат капацитет за програмирање, па го изразуваат бесот преку постови во темата СДК. :D Не го зборам ова за тебе, ќе се препознае дотичната. :D Многу работи од дома можат да донесат заработка преку интернет и сите се поврзани со работа на компјутер, многу логично пошто за интернет ти треба компјутер. :) И графички дизајнери можат добро да заработат, и странски преведувачи, било кој од дома кој има специфична професија. Физички работник не можеш да изиграваш од дома, значи само умствен работник, затоа ваквите професии се добро платени.

    Немаш потреба од откажување така лесно. Ако збориш за сајтови со кликање, подобро не ни почнувај затоа што и самиот сметам дека се превара или ако извадиш некоја пара, има душата да ти излезе и со месеци да ги чекаш. Реална заработка на интернет има на 2 начини: или преку коцкање (играње онлајн кладилници, покер и казина), што е зезната варијанта :D, или работа на фриленсерски сајтови што е многу посигурно и носи сигурна заработка. :)
     
  13. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Ако веќе имаш искуства,ќе те замолам да ,ми објаснеш убаво,пишав погоре што ме интересираше за овој вид на работа.Благодарам.
     
  14. luna589

    luna589 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    како да направам веб сајт како фемина, црнобело, кафепауза...?
     
  15. Mar4u

    Mar4u Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    22
    Еве и јас решив да си ја пробам среќата. Случајно дојдов до овој сајт и видов дека добро плаќаа па викам ај да видиме.. Ако сака некој нека кликне на линков (ништо тешко) а ако сакате може и да се регистрирате ;) :*
    http://Peopledone.com/?ref=36085
     
  16. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Дали некој има искуство со оваа страна? И ако има да сподели како функционира, дали има исплата итн... :)
     
  17. didicool

    didicool Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    85

    дали може да ни кажеш нешто околу страната и колку си задоволна до сега од работата што си ја нашла? :)
     
  18. Mar4u

    Mar4u Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    22
    ^ Епа не испадна ништо од работава. Сајтот изгледа не си е на место, нема никакви информации. еве јас имав собрано 20$ и сега не можам да се логирам, ми покажува Username/Password does not match, а сигурна сум дека ми се точни :D
     
  19. Jugop

    Jugop Активен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Moже да се заработи добро преки PTC сајтовите, само треба да имаш добра стратегија. Јас најдов добри водичи на интернет, и сега заработувам од 5 до 12 долари на ден, ама треба да бидете упорни. Тежок е само почетокот додека се соберат 2 долари, после е лесно.

    Најдобрите стратегии за профитирање со NeoBux:
    Стратегија 1 http://www.scribd.com/doc/143624068/NeoBux-Strategija-1
    Стратегија 2 http://www.scribd.com/doc/143624884/NeoBux-Strategija-2
    [​IMG]
     
  20. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.515
    Сакав да прашам која беше таа страницата кај што коментираш песни и си заработуваш пари, ама истите не ги подигаш во кеш туку нарачуваш на амазон и ти стигаат предмети ?!
    http://www.slicethepie.com/ ова
    https://www.mturk.com/mturk/welcome ова или друго беше? (и подетални информации ако може :D )
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.