Здраво, нов сум на фемина.По занимање сум програмер и дизајнер на игри.Гледам дека многу од вас сакаат да дојдат до пари, најчесто со кликање линкови и слични работи.Сум пробал и јас и се е превара но ве разбирам на сите ни требаат пари.Некои од вас трошат и по неколку месеци за да соберат 10 долари.Тоа е губење на време, енергија и креативност.Некои се со деца, можат само да работат од дома.Работа како фриленсер се сведува на тоа да ги победиш пакистанците и индијците кои се нудат за работа дури некаде од 3 до 10 долари. Значи многу не има што не сме вработени па идејата ми е да ги преземеме работите во свои раце.На пример јас имам прекрасни идеи за изработка на игри но се потребни луѓе.За изработка на игри се потребни уметници и програмери.Меѓутоа во изработка на игра може да учествува секој без разлика колкави му се уметничките или програмерските способности.Најбитно е да има желба за работа и да сака да учи. Изработката на игри е занат и не е тежок.Пазарот се мери со милијарди долари.Добра игра може да заработи од неколку стотина милиони долари до неколку милијарди.Поентата ми е зошто да го губите скапоценото време на глупости кога може да се загрее столчето и можете да влезете во бизнис и финансиски да си ги осигурате вашите деца и фамилии.Се што ќе научите во дизајн на игри ви е занат и може да го искористите и за работа во странство (доколку сакате). Пример само со две бесплатни алатки Blender и UnrealEngine (нормално и да имаш компјутер) може да се добие грант до 500000 долари https://www.unrealengine.com/en-US/megagrants. Да се собереме 10 тина луѓе и да направиме демо верзија од игра.И само да добиеме грант (да не успее играта целосно) секој ќе добие по 50000 долари (еден стан).Што мислите место 3-4 месеци по цел ден кликање една година да одвоиш (да се загрее столчето) и да направите вистински пари.Најмалку 50000 долари а ако успее и се продава играта секој би добил милиони долари. ШТО МИСЛИТЕ ?
Не мора да е сон. Играм една игра скоро година и навистина сум зачудена колку луѓе има во светот што даваат пари (дури и по 500$) за играта, да купат опрема, ресурси и сл. Најпрво ја спуштив онака како занимација малку, после стекнав доста познанства и дознав дека може да се заработува од неа. Пред месец и јас имав прва заработувачка од неа. Не беше којзнае колку голема сумата ама ги добив парите за бадијала
Со таа разлика што ова е чиста реклама, а не идеја за развивање на игра. Не наседнувајте на глупости.
Колку тимови земаа пари од Epic плус ги ставаат игрите и зимаат пари од kickstarter или indiegogo и потоа ги продаваат на steam https://www.google.com/url?sa=t&sou...FjAAegQIFhAD&usg=AOvVaw2rlhMUsH7fKQLuSJii_I9Z
Hello fellow софтвераш. Ај едно прашање. Ако ти е толку добра идејата, оти ти е проблем да најдеш 10 луѓе кои се веќе во струката? Сигурно имаш доволно познанства, неќе да е тоа. Пре би рекла дека луѓе без работа и желни за заработка по секоја цена ти се целна група затоа што голема е веројатноста дека целиот труд ќе биде за џабе и тие нема да заработат ништо.
Нема врска, сосема погрешно си ме проценила. Ние се собравме 6-7 луѓе и почнавме од нула односно паралелно дизајниравме игра и ги учевме алатките Maya, Mudbox и тн.По месец и нешто мнозинството се откажаа - ТЕШКО ИМ БИЛО.Тука лежи проблемот сите сакаат пари но никој не сака да се испоти.Затоа барам луѓе кои сакаат да ЗАРАБОТАТ ПАРИ и не им проблем да научат колку што треба да се научи.Ако можеш да научиш и положиш испит за месец дена тогаш (со туторијали) можеш да научиш блендер.Значи ништо со сила не бидува потребна е воља. Потоа пробав да стапам во контакт со луѓе од струката но програмерите кои се занимаваат со развој на игри најчесто се веќе вработени и работат игри во слободно време.Артистите (уметниците) кои имаат обука во Maya, Mudbox и тн се веќе зафатени и си имаат ангажмани. Затоа пишувам јавно кој е заинтересиран нека пише.Доколку се собереме ќе се почнува од нула и сите ќе бидат обучени. Да се изработи игра не е научна фантастика, не треба да изградиш авион или ракета.Во македонија веќе има тимови што изработиле игра ако можат тие можеме и ние. Значи јас немам целна група само повикав кој е заинтересиран дај да се собереме.
jas sakam igri i igram ama vrska nemam od programiranje i sl ako mislis deka mozam pisi mi ,bi se nafatila koa etaa igra kesakas da mi kazes? jas igram igricki razni
Ме 'дупи в очи' темава неколку дена... Убаво е да си криеативен и иновативен, ама јас да сум програмер, не би ризикувала сопствени пари за да развијам бизнис... посебно не во Македонија.
Не е битно дали бара или не бара... битно е дека ќе мора да инвестира некој пари. Во Македонија, не би инвестирала во бизнис. Климата е 'климава'. Посебно ако си во бранша која е дефицитарна и добро платена и лесна за наоѓање работа.
Не знам како успеваш секоја тема да ја одведеш оф топик. Не се воопшто збори ни за инвестирање на пари ни за македонската бизнис клима во темава.
Ајде @WildMk учи Блендер. Јас верувам дека е тешко да се најдат луѓе, на едни не им се учи, на други не им се троши време безпари оти некој може да им го плати времето сега-веднаш, не некои милиони по некое време можеби.