Заработување од дома

Дискусија во 'Барање работа' започната од sofce, 22 ноември 2010.

  1. sofce

    sofce Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    19
    Здраво. Јас сум мајка на дете со посебни потреби и ми треба работа од дома. Пробав со интернет кликање на реклами, но не ме исплатија.За жал само во Македонија нема таква работа која би ни помогнала да се осамостоиме. Ако најдете нешто слободно пратете ми и контактирајте ме. Благодарам.
     
    На reddevill му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tweetygirl

    tweetygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    10
    дајте ми некоја идеја

    Феминки ми треба помош.. во последно време некако сум ептен слаба со финансиии... па размислувам да почнам со некоја работа... но тука има еден проблем... поради моето здравје не смеам да работам никаде во фирма, конфекција и сл. мозам да работам само од дома дајте ми некоја идеја што мозам да правам...

    фала ви... ;)
     
  3. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    2.031
    Ми треба работа итно ама проблемот е што не смеам да работам во фирма, конфекција.... да работам нешто од дома дајте некоја идеја фала :*
     
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.588
    Прашајте во конфекциите дали имаат некои кошули за везење. На почетокот ќе ви оди потешко, но постепено ќе напредувате. И плус, нема потреба од никаква инвестиција. Тие ти даваат конци, игли, монистри и се што е потребно. Нема никој да ти виси над глава, дома ќе си работиш.
    Јас за месец дена заработив 7000 и нешто. Ќе заработев и повеќе да немав обврски. Ама школо, излегувње, навака, натака...
     
    На gjoker4e, okcenzi и somebady им се допаѓа ова.
  5. dorjanka

    dorjanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    6
    па дај кажи која е таа конфекција да се јавам и јас таман сум слободна
     
  6. reddevill

    reddevill Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    21
    имаш оглас на пазар 3 и на реклама5 нешто гледав побарај има секако
     
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.342
    Пол:
    Женски
    Во странство одат од врата на врата по домови и прашуваат дали имаат потреба од направени слатки и нудат. Значи дома припремаат јадења, слатки, колачи(мафини), солени работи во огромни количини и после ги продаваат.
    Исто домашна изработка на накит, некои украси и тоа се смета за работа.
    А друга работа да ја работиш преку нет не знам, не сум запознаена, налетав на едни страници на нет, кај што некоја демек заработила 1000 евра месечно, да имаше повеќе информации за ова не ќе беше лошо.
    Не знам со блоговите и видеата преку јутјуб како може да се заработува, нешто со рекламирање, ама како оди појма немам. :|
     
  8. An-na

    An-na Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    12.515
    Пол:
    Женски
    Еве и јас сум една од тие кои заработуваат од дома :)
    Конкретно, работам графички дизајн и тоа исклучително со странци. Арно ама не секој може да го работи ова, бидејќи како прво и основно треба да се поседува талент т.е чувство за естетика, а потоа треба убаво да се "загрее" столчето за да се научат програмите со кои се работи и постојано да се следат новите трендови.
    За сите останати кои не се "уметнички" настроени имам примери од некои луѓе кои работат средување на книги т.е припрема на книгите за печатење и сл. работи. Единствен услов е добро да се познава англискиот јазик и граматика (бидејќи најчесто се работи со американци). Исто така многу работа има и за програмери.
    Сигурно има и други работи кои можат да се работат преку интернет. Можете да пребарате на google "freelancer jobs".
     
    На FotoLina3, Artemission и zhap4e им се допаѓа ова.
  9. Meggy

    Meggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    384
    Сте го пробале ова? Јас денес го почнав, па ќе видиме до кога ќе истерам :)

     
    На Маца 1123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tanjich

    Tanjich Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    61
    Со среќа па пиши ни како ти оди :) :wasntme:
     
    На Meggy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.043
    И јас студирам за графички дизајнер,па планирам исто приватно даа си работам од дома,и многу ми е мило што можам сама да го работам ова....
     
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.737
    Слушнав за некоја фирма, барала луѓе кои ќе продаваат енциклопедии (енциклопедиите биле скапи), се земало процент од продажбата. Слично како Орифлеим и Авон.
    Кој сака нека се распраша, јас немам подетални информации...
     
  13. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    155

    И, како оди работата со ова? И јас сум заинтересирана. Ама се двоумам, пак за цена на тоа, да не се трошат повеќе гига и мегабајти, па на крај огромна сметка за интернет? Како што разбрав, се што треба е само да го имаш отворено прграмот и да имаш интернет конекција?
     
  14. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    542
    ете јас ке ти кажам , незнам дали се работи за истата фирма,јас имам пробано конктретно во младинска книга, пред некоја година,ама не ми одеше неможам јас така. треба да одиш особено по фирми, од врата на врата,бидејки енциклопедиите се многу скапи, неможеш да им ги нудиш на обични луѓе, се е над 3000денари до кај 10000-на мислам беа,и да се продаваат на рати и ти имаш процент... треба да си таков човек, да не тие срам да тропаш од врата на врата, од фирма до фирма... жената која мене ме подучуваше да речам, добро го имаше разбработено бизнисот ;)
     
  15. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    200


    Жива превара ова :!: Ќе се мачат луѓе само, ќе се трудат да собираат реферали и слично за на крај (извинете на израз) да им го спопикаат кај што не треба :D
    Земете малку прогуглајте, прочитајте искуства со ова "cash fiesta", сите коментари се негативни, луѓето пара не виделе од нив...
    Мое беше да ви кажам, ваше е дали ќе се излажете ;)
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.737
    Мене ме информираа роднини, но не сум била на презентациите.
    Го кажаа истово, веројатно за истото се работи.
    Енциклопедиите биле претежно околу 6000ден. и треба да одиш по училишта, фирми..., т.е. кај некој кому би му биле потребни, ем да има пари да ги плати. :)
    Што за кај нас, во оваа беспарица, кога луѓето леб немаат е тешко да продаваш вакви книги.
     
  17. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16

    И како оди? фукнционира??????????
     
  18. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    192
    Има некој искуство со Bux.to ? гледам по форумите се фалат дека исплаќале, хммм :?:
     
  19. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    98
    Јас работев во Bux.to .. премногу бавно оде работата и треба да имаш поголем круг на луѓе кои ке кликаат за тебе.. Требе да имаш нерви пред се :)
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LeonaS

    LeonaS Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    24
    Луге ај ве молам некој да ми објасни околу исплакањето. јас се регистрирав bux.to и сеа кликам на тие сајтовите ама како за исплакање, си направив само сметка на alertpay.com и само на тоа остана, ни број од картичка во некоја од банките ни ништо. Како се исплакаат парите?