Ова е масло на секта на секаков начин се обидуваат да се пробијат порано на базен ни даваа ливчиња, списанија и се во нив против бога пишуваше јас фатив го искинав... Па ги лажеа демек бенд се журки правеа секоја вечер на базент со цел да ги измамат да се здружат и таквии ѓубриња да им даваат жалосно до каде дојде светов, познавам личност која се самоуби од секти кои го излажаа да оди по нивни памет и тоа на неговиот роденден си пукаше во глава
Ај пред да се изнасмеете и тропнете некоја глупост на темава читнете малку за психологија на игри/книги/социјални мрежи и слично. Самата игра без разлика која и да е, ти го привлекува вниманието скроз а кога вниманието ти е привлечено тогаш самата потсвест е отворена за уште повеќе информации. Кога ке се почне со игра свесноста се отсранува и настапува потсвеста со тоа што почетокот на секоја игра е да ја залаже потсвеста т.е. да ја привлече уште повеќе. Според целта на некоја игра/книга/музика и сл постепено се доаѓа и се стига до самата цел. Сите имате приметено како некоја книга ви влијае и на емоции, како некоја песма или вид музика ви прави да се однесувате на некој начин (личен пример имам со тоа). Така да, пред да се изнасмеете и доколку сте родители сериозно истражете се што вашето дете лајкнува и игра на пц/лаптоп/таблет/мобилен и сл. Мој совет ви е да направите муабет и со самите класни раководители за да се преврземат уште посериони мерки.
Решение е родителите да ги научат децата да не веруваат на сè што ќе стигнат и да не му пристапуваат наивно на интернетот, а не да им го следат секој чекор, бидејќи тоа е невозможно. Тинејџерите се доволно паметни да знаат дали да следат вакви работи, а и искрено не верувам дека некој наседнал. Буквално и јас можам да си направам своја верзија и да чекам жртви, ама тешко дека некој ќе ми оди по паметот.
Другарки мои веќе пробуваат да ја симнат на App Store, не се децава да им кажеш нешто.И јас сум радознала особа ама не би се осудила да ја играм играва..
Добро бе луѓе, еве да речеме дека стварно постои играва и е достапна и на плеј стор – на кого при здрав разум би му паднало на памет да ја симнува и игра покрај сите овие viral опширни крипи информации за истата?
Јас веќе го извршувам 21от предизвик. Треба китот да си го нацртам на рака со нож, е сега проблем е што не знам да цртам...познавате ли некој уметник? Хелп плс. Тнкс. п.с. И се смеев на мајка ми дека ми викаше да не читам За 2-3 саати 20 предизвици извршив. Спасете се вие барем.
Мене ми е пак трагикомично исмејувањето на деца што подпаѓаат под вакви влијанија. Имаше баш спомнато погоре, свесни сте колку е лесно да се манипулира со деца?! Децата се воглавно наивни, и знаете колку лесно може да поверуваат на некои вакви работи?! Ова не е ново, само што кај нас дури сега се дознава, баш прееска и на вести гледавме со мајка ми. Со години наназад имаше разни верзии на играва, и беа извршувани повремени самоубиства. Инаку играта не може легално да се симне преку play store, има други начини. И фала богу дека на возрасни, свесни суштества дека нема да влијае исто како на деца
Само премногу сум зафатена да разгледам подетално. Шала на страна, јас на брат ми не му ни споменувам нешто зошто ако речам ќе го интересира поќе зошто како мене е, ако му речиш дека нештото е многу лошо, уште помотивиран ќе биди да оди кон тоа нешто. Можеби не сме најблиски ама работите прво ми ги кажува мене, после на моите, а можеби и не. Секогаш дома сме блиску и гледам што прави од прилика. Друга работа која ме интересира на темава е - како родителите не сеќаваат? Абе имаше паднато на училиште и имаше мала џумка под вратот, незабележителна, мајка ми го скапа прашување што е, а не да си ги резба рацете и никој да не помисли дека нешто не е во ред. Само ова не ми е јасно. Не, не сметам дека родителите се целосно винови, главен виковник за ова е оној кој ја креирал играва, ама родител кој е отсутен од животот на детето можи само да не забележи вакви промени во рок од два месеци кои му се случуваат на детето.
Покрај сите овие предупредувања и апели да се престане со играва, некој ако се обиде да ја игра од љубопитност и да се прави голем фраер...па уште го гледаш со нацртан кит шета...Ќе се смејам и тоа како.
Не е таква игра. Туку преку социјална мрежа, слична на фејсбук (руска верзија) таму има групи исто како на фејсбук што се прават , под името Blue Whale влегуваш и ти праќат линк од чат нешто такво. Прегеска гледав видео едно каде што се е објаснато. Само што уште пред да ја почниш играта, ти го кажуваат дека последниот предизвик е да се убиеш. Јас мислам дека под влијание паѓаат само емотивно нестабилните, оние што уште предтоа мислеле на самоубиство. Сепак страшно е како и да е.
Реално е чудно како играва ако воопшто е игра може толку длабоко да опседне некого психички. Ама пак од друга страна, се знае дека има и многу полоши работи по интернетов за кои ретко кој знае, и корисници кои се опседнати со интернетот, посебно неговата мрачна страна, така да секако ќе се најде некој што толку наивно ќе наседне на играва. До пред некоја година, тинејџери за популарност ризикуваа да се угушат во обид да голтнат лажица цимет. А имаше и случаи каде каде завршиле во болница. Играва е нешто поразлично, но сепак е едно многу повисоко ниво на начин на манипулација на децата и тинејџерите што решиле да чепкаат таму каде друг не се осмелува.
Кога бев многу мала, се зборуваше за деца кои влегувале во шахти да си играат нинџа-желки, други кои рипале од тераса мислејќи дека се Супермен... Така да, секогаш ги имало ваквите од глупи/неодговорни родители таму некаде по светот. Don't panic.
Овде не станува збор за наивност, туку глупавост грубо кажано. Секој е свесен дека Интернетот е најголемата мрежа и на денешницава секој има пристап до неа, па и психопати и ментално нестабилни личности. И секој треба да сноси одговорност за постапките. Па овде не ја гледам поврзаноста со родителите. Што, тие треба да спречат нешто? Ако нивното дете има проблеми и работата е стигната до помисла на самоповредување и самоубиство, веќе ситуацијата е испуштена од рака. Треба да се спречи да не дојде до таму. На интернет има толку глупости, и ако се наседнува на секоја од нив, каде е крајот. А и не знам кој би поверувал, освен "слаби" личности.
Епа затоа ударна мета се децата. Тие од каде знаат да разликуваат што е добро а што не е. Плус и со оглед на фактот дека има многу родители кои не обрнуваат внимание што нивните деца гледаат на нет и што воопшто прават не е ни чудно што некоја ваква игра би успеала.
Не ми е нешто многу веројатно за да биде вистиното, но ОК, можеби. Зарем толку наивни деца има, зарем тие деца дури и по дома додека се пред компјутер не се под надзор на родителите? Иако, откако ја прочитав темата а и некој линк по социјалните мрежи , нешто се повеќе ова ми наликува како на некоја секта.