Едно време Покемони се бркаа по населби,трчаа како луди,сега ова. Мислам дека ова ни е надминато,не мене,туку на син ми. Лани постојано беше пред компјутер со слушалките на уши и играше Мајнкрафт или ЛОЛ.Сега женски го интересираат повеќе,ама не е лошо да се предупредат децата,на интернет има секакви работи. Се надевам дека сум ги воспитала да знаат правилно да расудуваат,во спротивно,јас сум потфрлила како родител.
Не се чисти ''биолошки отпад'' туку лабилен адолесцентски ум, кој најлесно се манипулира. Родителите не можат да ги следат активностите 24 часа во денот. Но затоа, превентивни совети за заштита во сајбер светот се неопходни, и таквите треба да се воведат по часовите за информатика. Телетабисите беа опасни. Сигурно се сеќавате на оние статии од весниците, каде деца од Хрватска и Словенија во потрага по овие цртани ликови скокаа во отворените шахти, обидувајки се да ги имитираат. Покемоните беа интересни, затоа што ги мотивираа децата да ги бараат покемоните од една до друга локација, па тоа најчесто го правеа во групи со велосипед и ролерки возејќи по градот. Оваа игра не може да се спореди со ,,Blue Whale''.
Toчно дека и родителите имаат удел. Но, сепак и еден родител не може целосно да го контролира умот на едно дете. Мене никогаш не ми кажувале што да правам, што не по интернетов, па ни на крај памет не би ми текнало да прифатам некои глупи предизвици со онесвестување, голтање цимет, шмркање не знам што, најмлаце вакви игри. И ова зошто сум самата свесна за последиците и си го ценам животот, а не зошто моите ме седнале дома и ми збореле да не си го ставам животот на ризик, и да не правам ништо за популарност. Не велам дека родителите треба да ги остават децата да прават што сакаат, но начинот на кој тие се однесуваат произлегува од многу работи, и ако не се контролира тоа во раното детство, после не можеш на млад тинејџер да му кажеш што да прави. А и сепак има случаи каде мирни деца, кои биле потполно воспитани од родителите одеднаш забегуваат под влијание на врсниците и околината.
Дознав за играва уште пред еден месец, и мислам дека само деца/тинејџери со огромни психички проблеми би ја играле "играва", затоа што, не постои здраво дете што би прифатило да си го одземи животот поради некое вакво срање. Ај поздрав!
Не е забавно ништо. Треба да измислат игра (како на филмот "the ring") па да ти излези чудовиште од телефонот и да те убие. Spoiler шала
Мене одма ме заинтересира..Ваљда несум толку будала да се фрлам или обесам...Па јас слушнав дека и луѓе демек те следеле..Ги сретнам ке му ја скршам глата..
Ами ако се пријавиш со лажни податоци ? Како ќе те најдат ? М ? Џи-пи-ес ? Па и тоа да е опција , пак не е сигурна можам да се пријавам од друг телефон кој ќе го фрлам во контињер Што знам .. И јас бев тинејџер , ама најголема глупост што успеав да ја направам беше паѓањето на мраз пред цело училиште а да , и лупањето глава за небитни особи ниту скокав во шахти , ниту бркав покемони ниту пак играв син кит , а сигурна сум и никогаш не би играла некоја од овие игри
Ми текна на телегонија, пошо и тоа беше руска измишљотина, па се замислив што се измислија браќата Руси, па ми текна и на играва
Урбан мит. Можеби имало или има некоја игра или некаков тренд на предизвици на интернет, ама над сето тоа е додадено култ на секта, самоубиства, бабароги и сл. А од кај ја симнале играта? Интересно како пола клас петтоодделенци без проблем ја нашле играта на интернет, а полицијата која може да следи и IP адреси на сервери не може да ја најде, да ја избрише и да го уапси оној кој на аплоадирал Интернет криминалот се следи како никогаш порано. Сега по закон и секое интернет кафе мора да има камера, за да не може некој анонимно да врши компјутерски криминал, тероризам или да се заканува. Дури и овде на форумов да пишете нешто сомнително, за 15мин може да ви се нацрта полиција пред врата. Вашата IP адреса се лоцира, остануваат податоци во колку часот сте го пишале тоа, полицијата со налог до вашиот интернет провајдер одма ќе ја добие вашата локација. И уникатната MAC адреса на вашиот уред со кој се поврзувате на интернет се логира во интернет провајдерот. Нека не ве залажува тоа што во Мк можете да симињате торенти без проблем. Тоа е само меѓу прсти дозволено, иначе следењето задоволително си функционира. Полцијата ако сака може за 1мин да ви се јави откако сте кликнале да ви се симнува нелегален софтвер.
За нас можеби е мрачен, ама имам пријателка што работи во мвр во секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и ми има расправано дека за нив не е баш мрачен. Они имаат од оние наочарине за гледање во мрак
Едноставно интернет криминалот не е возможно целосно да се контролира а посебно МВР не го може тоа дефинитивно... Да можеше тоа да се контролира одамна ќе немаше онлајн продавници за дрога, сајтови со педофилија, детска порнографија и слично. Кога веќе некој решил да се занимава со хактивизам сигурно научил процес кој се нарекува ''прикривање траги'' Хакерска група против анти хакери кои работат во полиција. И двете страни имаат слични познавања. Дали ќе бидат разоткриени хакерите или дали анти хакерите ќе бидат надмудрени зависи од способноста на двете страни. Играта ја имаше на интернет инаку, можеше секој да ја инсталира, се појавуваше на реклами, ја имаше на Play Store и други сајтови за апликации. Верувај дека полицијата најмалку може да придонесе за сузбивање на интернет криминал или слично. Пред 2 години ЦИА беше пробиена а ти зборуваш за МВР што е навистина смешно.
Ма немој, ФБИ и НСА со години не можеа да го провалат Свилениот пат, се дури не успеаа да врбуваат кодош некако, плус еден куп незаконски срања, потрошиле милиони за тоа, овдешниот МВР кои неможат да пронајдат муслиман во џамија ќе го провалеле Тор , ја сам шокиран од вакво инфо. Инаку иам познаник кој тврди дека дигнал 280 км на час со Рено Клио меѓу рампите кај Тетово или Гостивар...