Јас И од машки и од женски дел сум земала и 11-12 и 13-14 (висока 161, тешка околу 53) зависно од моделот. Обувки редовно од детскиот дел.
Хаха блазе тебе, тие од 11-12 од прилика на која величина одговараат ме занима? Ххс можда или уште помали се?
Имам на пр една машка оверсајз кошула шо јас ја искористив за над блуза. Би одговарала на м величина. Затоа велам зависи од моделот, општо од Зара ми се точни и хс и м од некои модели.
И на мене. Дали две-три работи имаше што ми фатија око и планирав да ги порачам ама никако да ги фатам, цело време вика "нема на залиха". Според мој вкус од Зара вредат само јакните, оделата и по некои панталончиња и фармерки ако ми се допаднат, иначе вака не ми се баш по кејф 95% од работиве. Ама тоа што им е убаво, убаво им е и сакам да го имам.
Што знам, сум наоѓала и ташни ок и кратки панталони што ми се допаднале и се тоа, ама сега ништо убаво немаше.
Тогаш броеви многу слабо. Се случувало да порачувам по еден производ, пример блуза 400 и плаќам карго затоа што пак се исплати. Сега фустан под 1700 не најдов. И броеви слабо се наоѓаат.
Мене искрено ми недостасува Зара од времето кога имаше по 4-5 закачалки на страна и измеѓу нив растојание од пола метар . Ем уникатни парчиња, ем рајски шопинг. Ова сега е буквално како некоја индиска тезга. Од една страна нешто попусти, од друга одма нови парчиња секој ден. It ain't it
Јас не сум нарачувала до сега, ама знам дека лани земав фармерки ко за 600 денари само не ми текнуваше кога беше точно. А завчера што бев од сѐ што ми се свиѓаше за пола работи не можев да најдам број и тоа м, најчест. Не знам дали мене ми се погоди така или веднаш сите зграбија сѐ. Па реално индиска роба е, фест фешн, пазар, тоа е.
@Angie1432 Не е само индиска, се прави и во Португалија, Шпанија, Турција итн. Зборот ми беше не ни е потребно толку многу барем според мене. И така парчињата се слични, за да мора секој ден ново
Знам знам, дека спомна индиски па да се надоврзам. Леле ова второво да, ама цела една тема посебна треба да се отвори.
Hii Да прашам,за колку време ви пишува дека ќе ви стигнат порачките сега за време на попустиве, втор пат порачувам,првата порачка беше скоро за брзо,а сега ми пишува дури 10,11 јули
Дали некој извршил поврат на стварите преку курир и враќање на парите преку банкарски трансфер? Дали стигаат парите на сметка ? Како оди процедурата ако може некој да ми објасни?
Имаш се објаснето на апликацијата, пратката која што сакаш да ја вратиш мора да одбериш на апликацијата дека ја враќаш, ќе видиш дава опција дали ти ќе ја однесиш во карго или тие ќе дојдат да ја земат, исто така ќе ти побара да напишиш трансакциона сметка на која сакаш да ти се вратени парите. Враќаат пари без проблем