Фустанот што цело време го следев конечно го начекав денес ама С број а јас сум М. Се надевам стварно дека ќе успеам да влезам во него .
@doll.a Зависи од дизајнот, како и материјалот. На некои видно пошироки, може и да им пишува дека се поголеми од вообичаено. Кај некои, иако надолу може да бидат пошироки, сепак горе кај градниот кош и рамената одговараат на стандардната дадена величина.
Пред една недела вратив нарачка преку карго и сеуште нема ништо..треба да ме известат преку маил дали е стигната кај нив така ли?..дали да почекам уште или да идам во каргото да прашам?или како можам да проверам?
Да стигнува известување на меил дека е прифтена пратката назад и во рок од неколку дена ги враќаат парите на сметка.
А како ги враќаат на сметка коа нели нема можност со картичка туку единствено у кеш да се плати? Или не живеете у Мк? Ваљда не ги ставаат на гифт кард туку ги префрлаат на сметка. Не знам, никогаш не сум враќала преку карго туку директно во продавница.
Кога ќе одбериш на профилот што ти е креиран дека сакаш да вратиш пратка ти бара трансакциона сметка на која ќе ти ги вратат парите
А после колку време ти стига известување дека ја имаат пратката назад...бидејќи јас веќе една недела чекам и нема ништо
Значи двете карга Еко логистик и Пост се катастрофа. Искуство Еко Логистик. Ја превзеле пратката во средата. Четврток не се јавија. Петок се јавувам да прашам дали ќе ми ја достават денес ми викаат да. Чекам цел ден за да видам во 16:00 часот на пратката кајшто ја следам дека јас не сум се јавувала и затоа не ми е доставена. Се јавувам на телефон и барам образложение бидејќи никој не ме нема побарано. Ми одговорија топло било човекот си отишол дома сега во 17 :00 часот друга достава ќе дојде (да не се јавев немаше сигурно да ми ја пратат). Денес со Пост експрес. Ја превзеле пратката во петокот. Чекав до вчера никој не ме побара.Едвај ги добив денес на телефон . Прашувам зошто уште ми ја немаат доставено и добивам одговор сега ќе се јавам да ви ја достават од утре ??? Значи јас треба да се јавувам за пратката да ја достават. Немам коментар повеќе.
И мене исто од ЕЛС вчера, не ми се ни јавил курирот, а видов пишал коментар дека не сум се јавувала... После ја го барав и реков у база да ја остаи. Не знам шо им е, не праеа вака порано, ко да ги мрзи да работат. Па не ја чуваат долго, ден два можеби освен ако не сте се договориле за одреден датум. Затоа денес подигни ја најубаво да не ја вратат.
Здраво женски. На која емаил адреса да ги контактирам од Зара бидејќи за нарачка над 2500ден ми наплатија карго 250 ден, за да ми ги рефундираат средствата? Курирот ме праша дали да ја врати пратката назад меѓутоа не ми се ризикуваше да ја чекам пак 2 недели а му напоменав неколку пати дека не треба да плаќам. Фискалната ја сликав, ја имам.
Мислам ако имаш производи на попуст не важи опцијата бесплатно карго. Немам многу порачки направено, па ако ова не е точно нека ме корегира некој.