Секако дека наједноставен начин е да се врати директно во продавница но може е од друг град па не и се иде до Скопје специјално само за враќање на нарачка. @Panovic има 2 начина колку што глеам да се врати преку карго, едниот е сама да ја однесеш во база и е бесплатно, а другиот начин, да дојде курир и да ја земе пратката и чини 149 денари. Следи инструкции понатаму што ти бара.
Здраво девојки, како да направам замена на Зара онлајн порачав, ако не може да заменам барем да вратам само? Пишав на Зара сма не ја сфатив таа нешто преку корисничка сметка Купување мојто име?
Не може замена мислам, само враќање, или у продавница или преку карго, баш погоре пишав дека има 2 начина за враќање преку карго, иди у апликацијата, кликни на производот што сакаш да го вратиш и има објаснување. Секако ти треба фискална или фактура да имаш за да ти рефундираат.
Дали некој ја има,не знам кој број да порачам бидејќи сакам да ми скроз тесна а пишува 8% еластин. Носам М но понекогаш С зависи до моделот
Последниве години почнуваат за време на Католичкиот Божик, 25.12 и траат до крај на февруари некаде. Сега има попусти само на одредени производи во делот special prices. Колку што знам 2 пати годишно им се попустите, еднаш на зима и еднаш на лето.
Здраво девојкии, во план сум за мантилче е сеа кажете ми како сте задоволни од Зара, дали е квалитетен, не сакам многу гужлив материјал, но како што видов доста се гужваат!?
Парфеми и козметички производи не може онлајн да се порача, затоа и не дозволува, избриши го парфемот и ќе можеш да нарачаш.
Да, не знам што им е финтата, дали ради транспорт па да не се скршат или поради хигиенски причини, појма неам зашто не може да се порача. Парфеми единствено во продавниците само може да се купи, глупости.
Само тоа што враќаш, за тоа ти враќаат пари, за останатите работи од нарачката не, ги задржуваш. Ако мислеше на тоа. Нигде не пријавуваш, ако си од Скопје идеш у продавница и враќаш, ако не, можеш и преку карго да вратиш, има на апликацијата/сајтот опција за враќање.
Здраво друштво, би сакала за прв пат да порачам онлајн од сајтов е сега според водичот на димензии ме буни табелата. Имено на самиот артикл димензиите се други а додека димензии на тело се други по која да се водам, од која табела си гледате?
Ми ја доставија пратката денес преку Вип пошта за прв пат, досега преку Еко Логистик идале. Дали можам да вратам преку еко логистик сега или морам да го вратам преку чичково што ми ја достави?