Ама ми пишаа дека ќе ми го заменеле без трошоци зошто е оштетен.. мене тоа што ме мисли е како тоа ми дава на страната дека го има производот, а ми викаат дека го нема
Ти дава да го ставиш во корпа? Ако толку многу ти се допаѓа сакото, врати им го оштетеното, нарачај си онлајн ако има твоја величина од моделот. Јас така би направила, криво би ми било да пропуштам нешто што ми се свиѓа ради нивна грешка.
Не знам што им е, и мене една нарачка така, комбинезон летен тексасен со скинат патент го пратиле. Сакав да го заменам ама исто вака го немаше достапно во продавница и мислев шо да праам, дали да го вратам па пак да порачам друг, имаше онлајн достапно и не го вратив. Да бе, ќе си играм само, ќе плаќам достава два пати, која не е воопшто мала, а демек на попуст беше и го задржав таков. А немаше ни етикета на него, извадена беше кога ми стигна. Разочаруваат вака со вакви работи, до тогаш све океј стигнувало без фелер и оштетувања, првпат вака ми се деси од кај нив.
На страната дава залиха од сите зари од цел свет, ако го нема во Мк ти го праќаат од најблиската држава каде што го има. Во Мк сигурно го нема затоа и не можеш физички да го замениш
Епа може имаат некоја грешка. Зашто ако пребаруваш по град и ти даде пример дека во сити мол има Л, мора да го има.
Мислам дека вечер ќе објават кои артикли ќе се на попуст а од утре вечер веќе може да се нарачуваат по таа цена .
Здраво, бидејќи досега само сум купувала во продавницата, сакав да прашам како оди ова онлајн нарачување. Дали е доволно да направам профил на нивната страна? Кај што бара меил и лозинка?
Не знам на која страна гледате, Австрија се веќе објавени артиклите. Онлајн стартува од утре од 20:00. Има многу артикли без воопшто попуст. Попустот е генерално на производи во боја која помалку се троши. Јас планирав детски да купувам, ама од сѐ што имам ставено во favorites на ниту еден артикл нема попуст. Тоа е, нече среча поштеног човека.
Димензии отвори и види ја големината, некои знаат и помали да се па и џабе шо е стреч коа може многу да оцртува.
Имаат тргнато работи што ми беа во фејворитс и сега тоа што бендисувам утре треба да се истепам или наједноставно одма од старт out of stock ќе е