И јас имав слично искуство, во споредба со досегашното искуство со достава од други места, баш се изненадив пријатно.
Да споделам и јас искуство. Пратката ми беше испорачана во рокот кој си стоеше. Немаше никакво одложуваање за плус денови, иако се посомневав дека можеби ќе доцни зошто ја немаше долго време, ама ми ја испорачаа во последниот ден кој си стоеше на онлајн нарачката. За наоѓање ме контактираше телефонски. Малку сум зад седум ридови и мориња со адресава ко за првпат. Ама сѐ на сѐ сум задоволна, супер спакувано, неоштетено и по договореното.
Ми стигна и мене, вчера на последниот ден пратија маил очекувајте ја нарачката за брзо, па најверојатно од скопје до битола дур стигни ме фати еден ден покасно од рокот. Е сега... кожните хеланки што ги порачав ми се големи (ги зедов 1 број поголеми оти по интернет сегде кај што ги видов предложуваа поголем број оти не биле многу еластични бла бла..). Какви ви се искуствата за враќање производ?
Вчера ми стигна палто од зара,но ми е мало и сакам да го вратам.Пробав на апликацијата внесов број на сметка но неможам другите податоци да ги внесам.Дали дека е купено на попуст неможе да се врати?Претходно сум враќала без проблем.Има ли некој слично искуство?
Многу сум изненадена колку брзо ми стигна пратката, вчера нарачав околу пладне денеска околу пладне стигна. Солидно спакувано со фискална, многу сум задоволна.
Ми стигна нарачка од Зара. Треба да ја заменам, но во кутијата нема сметка. Ниту пак доставувачот ми даде. Платив во кеш. Има само лепенка на кутијата која цена е. Се јавив на доставувачот ми кажа не давале сметки. Како сте заменувале?