Како веќе некои артикли се out of stock, а попустот не е ни почнат? Заради тоа шо некои ги ставиле во кошничка?
Така прават они редовно, имаш у кошничка ствари или у фејворитс ти се и си ги тргаат или пак се аут оф сток, се заебаваат нешто. Не, не можат да се резервираат однапред. Не знам шо им е фората, ваљда никој не е будала да ги истроши залихите по редовна цена, без да чека попустот да почне. Реално моментално не ни има некои ствари на попустов кои вредат да се купат, бар според мене. Ако поарно, ќе се заштеди.
Не разбирам како во 21:02 90% од работите во favorites ми се недостапни. По колку ли имаат од сите величини? По едно парче?
21:00 се беше аут оф сток. И во 6 отворив да додадам нешто за малите, од сабајле што беше тоа на залиха до 6 аут оф сток.
Се е маркетинг шо не ви е јасно. Имало и поголеми и подобри попусти коа завршувала сезоната, па чистеле магацини, а не овој исфорсираниов блек фрајдеј.
Значи лажат, гасат артикли и залиха, пошо работам со нешто слично, исто прават и кај нас. Глупости, а бев со маж ми проба капут за број имаше милион у См, и сеа као нема.
Не ја разбирам потребата од тоа да се прави, кога веќе прават цел настан за околу 500 артикли пример. Се чудам како од артиклите шо ги имав зачувано, а имаше од сите величини на залиха, сега нема воопшто.
Работава со Зара, ќе има попуст-ама ништо нема да си купите…се е out of stock, за после магично да се вратат сите големини кога ќе заврши попустот
А што им е на ненормалниве, коа се попусти знам дека се плаќа достава без разлика колку кошта ама зарем нели ако ставиш артикл кој не е на акција и надминува 2590 денари, доставата е бесплатна? Или ова не важеше за блек фрајдеј? Пробав така со финтата да зеам две работи и да вратам едно за да избегнам достава ама не ќе може. Ај нека се гонат, не им нарачувам. Една работа ми се допадна од све и сакав ама ме фати инат сеа.
Исто во 21:01 отворив, имав 3 работи и тоа рандом бодиња за малата и тоа редовна цена, кошула една и хулахопки и нормално се беше out of stock. Смешни се Зара со ова што го прават.
Може. Баш сега пробав. 2 парчиња на попуст и едно од 4000 денари регулар цена и доставата е бесплатна.
Ама како? Еве, 2684 доаѓа вкупно, едното со попуст, другото не и ми пресметува плус 249 за достава. Спојлер