Да , кај мене беше адреса во Скопје ,им пишав ми рекоа не било проблем само да го однесам во тоа карго што пишува на етикетата и ми направија поврат преку трансакциска за 5-6 дена.
Не е толку кратка, не е ни средна, долга најмалку, нешто измеѓу кратка и средна. Зависи и каква преферираш. Имам друга слична на оваа и уште пократка мојата е, а не ја сметам за кратка, добра ми е, 48 см е.
Што е со Зара со зимските попусти... Со летните попусти можев се да начекам . Сега пример гледам едни чизми два дена стои број 36 дека има други броеви нема. И тоа цел ден проверувам. А со летните секогаш си начекував. Исто и со едни панталони . Стои само м број дека има други броеви нема. А проверувам буквално на секои пола сат.
Да, за време на летните попусти како поише залихи да имаше па и подобар избор и доста работи земав за смешни цени, сеа тапа ми е некако скоро све. Инаку може да вратат некое бројче но треба ептен среќа да имаш да го начекаш. Види и кај што пишува достапност во продавниците, некад само таму има, и може у магацин да им е, а не изложено па со све шифрата ќе идеш и може да најдеш.
Нарачка од 26.12 сеуште има статус "купено". Во се случило ли толку време статусот на нарачката да не се апдејтира?
Мене не, ама кога има попусти ништо не ми е чудно. Можеш да прашаш за статус на нарачката на корисничка подршка. Ќе те праша број на нарачка, ќе го впишеш и ќе ти даде одговор.
Ги контактирав на апликацијата, за таму ли мислеше? Ама одговорите ко автоматски ми изгледаат, во предвидениот рок била, затоа што 10 јануари е рокот за испорака. Ама барем во припрема да беше, мене тоа ми е чудно. Сеуште има и опција за откажување на нарачката.
Автоматизирани се, да. Мислев да пишеш за да ти потврдат дека се е ок со нарачката, да не ти е на мисла. Јас мислев дека рокот ти е неделава, а уште не е испратена. Јас имам од 22 нарачка уште што не ми е стигната (наредната недела е рокот), ама веќе подолго стои во "испратена". Ваљда зависи и од каде испраќаат, а и во период на попусти повеќе се чека.
и мене ова ме интересира, зошто секоја година, секој петок цените се намалуваат плус.. овој пат немаше такво нешто се надевам ќе се намалат деновиве.. само незнам што им е на ред, обично различни артикли се намалуваат (една недела фустани, друга недела панталони итн..) Лани попустот траеше до февруари се надевам исто и оваа година
ne naracuvam nisto sega, za brzo ke ima golemi popusti. Lani pocetok na fevruari zimav jakni po 800 namaleni od 5000 i kusur.
незнам зошто сеуште нема и јас се чудам.. лани секој петок имаше плус попуст на веќе намалените цени.. да се надеваме дека од овој петок ќе почнат