Го гледав фустанов и денес вика не е достапен во ниедна продавница. Ова директно од веб, не сум уклучена преку апп. Дали вика вака бидејќи е распродаден или бидејќи се попусти па најдобро да проверам во продавница
Најверојатно е распродаден зошто е на голем попуст. Штом тука вика дека нема во продавница, многу веројатно нема во продавница. Мене секогаш точно ми покажало кога сум проверувала. Понекогаш некои производи ги враќаат на залиха, ако многу ти се свиѓа стави си го во фејворитс и проверувај. Јас така со една кошула што ја снема со попустите па ја вратија, си ја нарачав. Спојлер
зависи кој број бараш, јас баш го видов фустанов вчера во сцм с или кс беше не памтам е сеа можно е д асе продал у меѓувреме
Дали во сцм или ист гејт продавниците на Зара работат скратено утре или понеделник? Или нема да работат воопшто?
Не од оваа година немале да враќаат кеш, така ми рекоа доколку е мала сумата може а поголема на трансакција.. Лани секогаш враќаа кеш Ама мислам тоа го направија зошто многу луѓе злоупотребуваа правеа сметки по 30.000 ден.
Пост експрес почнаа на живци да ми одат. На 3ти јануари подигната пратка ја чекам уште. Се јавив вчера ми рекоа ќе гледаат денес да ми ја достават и фала богу ги нема .
Кога ќе видам пратката дека е во Пост експрес ми се темни Ама овој пат изненадија. Требаше во вторник, денес ми ја донесоа. Рекоа дека ќе вршат достава и утре и задутре во период од 16:30 - 20:30.
Не разбирам, во продавница не враќаат кеш? Што има врска 30 000 денари или не кога можеш 3 работи да нарачаш и да бидат 30 000 денари. Инаку не е точно провери достапност на апликацијата. Многу работи што не покажуваше дека се достапни во продавница ги имаше, а проверував пред да одам.
Ден 10 јануари Пост експрес сеуште не ми ја доставуваат пратката а превземена 3 јануари. Пишав на Зара страната и ми пишаа ќе реагирале до курисиката служба мада не знам колку ќе реагираат зошто ко автоматски ми делува чатот. Секој ден им се јавувам и секој ден одговорот е утре. Сега ги направив пепел по телефон. Баш ме интересира дали денес ќе ја добијам нарачката. Ме интересира дали може да им кажам да не превземаат веќе мои пратки туку тоа да го прави само Еко?
Нема врска што е автоматизирана, секогаш кога доцнат пријавувај. Не знам дали ќе помогне за побрзо да ја достават пратката, ама знам дека негативните искуства се пренесуваат во централа и се казнуваат доставните служби.
Реално и треба. Цела недела помина они абер немаат да ја достават. Направив и screenshot како стои дека на 3ти јануари ја превзеле дека е во главна база и дека од тогаш нема никаква историја во случај ако почнат да лажат дека не сум се јавувала .
Истооо. Од 3 ти си стои и уште им дреме по магацини сигурно, абер нема. Ама они секогаш и вака прават, ретко на време да достават. Треба да се реагира. Мене не ми е итна оваа и искрено не се замарам, но ич не е у ред вака неозбилни да се. А тоа што рече дали може ти да си бираш преку кое карго да ти стига, мислам не може, од Зара си одлучуваат со кое ќе пратат, нели 3 има сеа.
И јас имав проблем со последната нарачка преко Еко логистик. Ја имаа превземено на 29ти декември и ми ѕвонаја за дали ми одговара за на 30ти или 2ри да ми ја достават, се согласив. Поминаја тие датуми абер нема од нив, телефонот го искршив од ѕвонење никој не крева. Им пишав на Зара чатот ми рекоја ќе пријават во службата. Нареден ден пак ѕвонам и женската на телефон ми вика па јас на пакетот имам пишано База, наводно сум рекла дека од база ќе си ја подигнам. Нареден ден ми ја донесија дома.
Секоја пофалба до Еко логистик, вака брза пратка сум немала од Зара Нарачав на 4ти Јануар, денеска ми стигна, а предвидена беше стигне од 18-22 Јануар, а и празници плус, мислев кој знае кога ќе стигне, ама пријатно се изненадив
Еко логистик и мене ми беа океј и секогаш на време ми доставувале освен еднаш имав баш пишано ама за разлика од Пост експрес се 10 пати подобри и организирани. Ни денес нема да добијам пратката. Утре ако не видам дека е превземена за достава стварно не знам што да направам. Имам порачано чизми од кои стварно имам потреба да ги носам иначе немаше ни да ја земам нарачката.