Им пишав овде ми вратија дека неможат да ми помогнат бидејќи не им бил апдејтиран статусот на мојата нарачка и ми го изгасија четот. Фала ти сепак
Им ѕвонам пола саат никој не крева. Останува уште да одам у продавница да се расправам се испонервирав.
Девојки го има ли некој нарачано ова палто Нарачав S, но тесно ми е. А сите други јакни што ги имам од Зара се S.Сега сакам да го нарачам овој модел па се мислам дали S или М?
Може да ми кажете како им пишувате на чет, зошто им пишав денес на англиски дека рокот до 16ти е истечен и не е додтавена нарачката, не ми одговорија ништо
Јас ја земав вторава јакна М величина бидејќи таа величина и си носам, но моделот ми беше тесен во градите и рамената па ја сменив за Л. Веројатно некоја величина измеѓу би ми била најтаман, но Л ми е далеку покомотна.
Мене многу ми се допаѓа како стои и многу топли, иако е тешка и изгледа големо. Сепак јас барав баш зимска јакна и најбитно ми беше тоа.
Чисто за информација не креваат на телефон и цел ден да им ѕвонеш.. Кога сакав да вратам нарачка прв пат не знаев како оди протоколот па вртев со часови и никој не крена
Ужас. Кога се веќе толку зафатени, треба да си вработат некој што ќе одговара на телефонските повици!
За Зара онлајн потребни се секунди и ненормална брзина за да порачаш нешто кога почнува попуст. Сепак не останав без ич, ама тие работи што најмногу ми правеа мерак веќе ги нема
Здраво, нарачката од Зара ми пристигна на 16/12, но истиот ден направив return request и курирот ја подигна нарачката за враќање во рок од 48h, меѓутоа не ми даде никаква потврда ( дали тоа би претставувало проблем ) ги контактирав зара на chatot ми кажаа дека нарачката се уште не им е пристигната, 29ти е јас се уште немам никаква информација ни мејл. Дали има некој со слично искуство?
И кај мене слична ситуација.. На 11.12 ми стигна нарачката, на 16.12 направив return. Бидејќи во рокот од 48h никој не дојде да ја подигни ги контактирав на chat и дури на 23.12 курир ја подигна. Досега никаква информација немам. Дали праќаат маил за вратен производ или само да очекувам пари на сметка да вратат?
Дали при подигање на пратката курирот ви остави некаква потврда и дали плативте во готово односно како би ја имале вашата трансакциска сметка?
Здраво. Не е темата за ова, но сакам да прашам дали зара враќаат пари ако сакаш да вратиш производ купен од продавница со сметка нормално или само може замена?