Дефинитивно е до страната. Пробав и на апликацијата да се најавам зашто ја немав спуштено до сега и не ми го наоѓа профилот.
И апликацијата не им е во ред, кога сменав телефон и на новиот пробав да се најавам не сакаше, а на страната ме најави, и морав нов профил да правам на апликацијата, за да не влегвам постојано на страната
Дали приметувате дека сега веќе кај овој попуст работите се цело време out of stock? Барем јас тие што ги имам зачувано ги проверувам често и ниеднаш не можам да ги фатам да има број
Многу слабо годинава, едно палто го скапав чекање никако хs не се појави, одвај нешто подобро да се начека, порано од сабајле и навечер имаше избор се наоѓаше по нешто...
Оваа година навистина послабо попуст ама сепак се начекуваат работи ако ептен често се проверува. Начекав капут за ич пари, маички некои и за син ми ептен за џабе за 300,400 маици и блузони.
1590 со последново намалување во четвртокот, како капут се води, ама е измеѓу капут џемпер, многу убаво стои и топли. Сигурно го имаш видено често е на залиха.
Женски на кој начин се врши замена доколку ми стигнала пратката по карго и си платив регуларно достава 250 денари? Некако конфузно им е напишано на сајтот, може да правам замена ако сум порачала онлајн?
@christinnn Да, можеш да ја вратиш и да ги добиеш парите назад. Ако ја вратиш порачката во карго базата, ќе ти биде бесплатно. Види каде точно можеш да ја вратиш (во твојот град или околината), на страната за информации. Ако ја избереш опцијата од дома да ја преземат тие, ќе ти биде наплатено 130 или 150 беше, толку отприлика беше. Рефундација на средствата се врши така што парите ќе ти бидат вратени на трансакциската сметка во рок од 15 дена.
Да замениш не можиш, туку ќе ја вратиш нарачката ќе видиш има опција на апликацијата и после ќе си нарачаш друг број ваљда на тоа мислиш замена
Така значи ќе треба да платам дополнително 250 денари. Нека, сепак ќе ги стеснам пантолоните, поевтина варијанта.
Друг пат мој совет ако не си сигурна за број нарачај ги 2та меѓу кој се мислиш, па после тоа што не ти одговара врати го
Треба ептен да си упорна и ако немаш друга работа да висиш на нивната апликација. Се случувало за 1 минута да ја отворам апликацијата 2 пати и по вториот пат да начекам бројче. Јас годинава сум задоволна од шопингот. Скоро се што имав на ум се начекав
Никој нит не побарал нит ништо Гледам и на апликацијата дека стои rejected/cancelled Упорно им вртев денеска и им пишав на еко логистик не крева никој. Дали сте имале сличен проблем?
@eli25 На мејл никогаш не ми вратиле, а и адресата како нефункционална испаѓала кога сум пишувала на почетокот. Но, јас би ти препорачала да им пишеш на чет, одлично функционира, секогаш одговараат брзо. Работат секој работен ден до 16h.
Ми пратија грешен број на патики, сум си нарачала 38, а они 41, го пратив маж ми демек рекле се случуваат такви грешки но мене ме изнервира што за нивна грешка им плаќам 250 ден достава! А каде има чет , на апликацијата?
@eli25 Оф, мора да си ја исправат грешката, сепак е од нивна страна направена. Инаку, за апликацијата не знам, но претпоставувам е исто како за сајтот. Односно, прво ќе се најавиш на твојот профил. Па одиш најдолу на Info на паѓачкото мени, па Contact us, и кликнуваш на четот. Автоматски ќе те поврзе со некој од одговорните и ќе ја објасниш ситуацијата. Автоматски и ќе ти се појави прозорчето за чет. До 18h работеле од пон до пет, а Сабота било до 16h. Исто вообичаено ако треба нешто накнадно да одговорат, ќе ти стаса одговор на мејл следниот ден. Но, на истиот не можеш да враќаш. Ти ги сликнав визуелно чекорите за појасно Спојлер: Instructions :) Чекор 1 Чекор 2 Чекор 3
За враќање пратка мора преку Пост Експрес или може со Еко Логистик? Ја добив преку Еко Логистик, на return label - от сега ми дава да ја вратам преку Пост Експрес.
Па чим така ти дава врати ја преку пост експрес, лани мене ми кажаја дека само со елс соработвале за враќање на пратки, но можи се има сменато то