Ако враќаш во продавница веднаш добиваш кеш, а ако враќаш преку карго јас за 7 дена ги добивам парите на сметка.
Дали ќе ми вратат пари ако вратам сукња ама картончето од етикетата е скинато? Значи конецот стои, картончето го нема. Така ја добив, не го скинав јас. Фискална имам.
Што искомплицираа со ова враќање пари на сметка вратив нешто , ми стигна за брзо мејл, и сега кај да внесам податоци за сметката барам и по самата апликација не наоѓам
Влези кај нарачката. Најдоле имаш опции ќе стиснеш треба да ти искочи враќање средства (ако си од апликацијата) ако си од страната ( банкарски податоци).
Дали ако на нарачката во апликацијата ми пишува canceled значи ја вратиле веќе? Ме бараше курирот во вторникот, му звонев после 15 мин ми рече утре ќе ти ја донесам. Не се јави наредниот ден и вчера во 5 ме барал, дури после 2 саати видов. Ја отворив нарачката и гледам канселирана е. Да ги барам од курирска има поента или не?
Да, откажана е. Мислам дека два дена се обидуваат за испорака и потоа ја откажуваат. Барај, види што ќе ти кажат за секој случај да не е сеуште кај нив.
Нарачав нешто пред 3 дена, не можам да ја земам пратката, неочекувани проблеми ми искочија Што можам да направам, да кажам на каргото да ја врати или ? Да не ме стават на црна листа па да не не ми праќаат повеќе
Слободно кажи му да ја врати. Јас две нарачки немав подигнато им кажав на каргото да ги врати и тоа е тоа. Еве ми праќаат сеуште пратки од Зара .
Дали некој скоро нарачувал онлајн? јас гледам деновиве и дали погрешно време отварам све е out of stock
И јас исто никако не можам ништо да начекам овај попуст, претходните доста често можев да начекам нешто
Како што повеќе ги намалуваат цените на производите така многу потешко е да начекаш нешто. И да начекаш мораш одма да го земеш зошто ако разгледуваш отишол производот а работата да земеш да правиш 5 нарачки за 5 различни производи и да плаќаш 250 денари карго не се исплати. Затоа јас земав на почетокот нарачав некои 5 работи на попуст јесте да беа поголема цена од сега ама ги начекав. Исто еднаш пишав дека успеав да фатам капут за 1590 денари ама цел ден дремев и само тој го земав друго не нарачав ништо
Голема среќа треба да имаш да начекаш тоа што бараш. Две - три работи среќа ги начекав и тоа за едни панталони случајно. Дури ги заборавив на нив и коа отварам, ете ги. Цениве веќе се смешни за некои работи, баш штета би било да не се земат по таа цена ама јбг.
Чизмите што ги земав за 799 ден , почесто се појавуваа , после два дена паднаа на 399 и сега многу ретко да се појават на залиха.. Така да најдобро е до крај на јануари да си нарачате што ви се допаѓа, бидејќи потоа многу мал избор има .
Зошто не ги изложуваат сите алишта на попуст. Прееска 2 работи на апп ми ги дава дека ги има во продавница, а вработените викаат дека се што е на попуст е изложено. Зошто ги кријат?
Работите што ги праќаат по карго се нови спакувани или ги зимаат од рафт ако некој ги пробувал и оставил пудра на бела кошула на пример?
Мене до сега се ми стигнало чисто, немало нити флеки нити лош мирис.. И по изгледот се гледа дека не биле пробувани, а сум порачала баш доста работи па не ми се случило да добијам нешто валкано.