Многу брзо се трошат, треба почесто да проверуваш и обично ова време 2-3 часот, јас успеав за 750 ден да нарачам дебел џемпер, фармерки, боди и еден топ и плус достава сѐ вкупно за 1000 денари, жал ми е само што не успеав и некој фустани да си нарачам и некоја кошула , затоа што премногу брзо се трошат а и немаа баш некој избор на по секојдневни фустани од овој попуст.. Инаку веќе е завршен попуст до вечерва беше. Крај на јуни, ама таков поголем попуст имаат после 15 јули.
Порачав едни фармерки од 1990 + едни на попуст од 249, се вкупно беше 2488 денари. Сега сакам да ги вратам и двата артикли, па приметив дека во "Начин на надомест" пишува 2090 денари. Зошто е тоа така? Кога 150 ден е враќањето од дома, па и за двата да е по 150, пак испаѓа 2188 денари враќање Ако може некој да ме просветли, ако има промени, не дека ми многу прави разлика. Само сакам да знам
2488 ти е сумата вкупно што ја плаќаш со доставата која чини 250. Е сега 2488 -250 = 2238 2238-150 (зошто сакаш од дома да ја превземат ) ти е 2088
Подигнав денес нарачка ама гледам она залепеното пликце на кутијата празно, нема фискална... му се десило на некој? до сега стално имало, и сеа како да вратам некои работи?
Имам пратка за подигање од Зара, треба да ми стигне околу 6 март. Сега отворам во локација на пратка и пишува дека 2 пати се обиделе неуспешно да ме добијат и пратката е вратена во магацин, а никој не ме побарал. Имал ли некој слична ситуација и дали после тоа ја добил пратката?
@butterfly6223 Јас од неодамна имав проблем со сим картичката на телефонот и не можеле да ме добијат. Воедно стасала порачката 5 дена порано од предвидениот датум. Па го сменив бројот во податоците на Зара профилот. Но, истовремено пишав на тие од Зара да ја објаснам ситуацијата, за да не ја вратат порачката. Воедно, како и секогаш беа супер љубезни и пратија допис до курирската служба да ги известат за проблемот и да ми ја донесат кога мене ми одговара
Денес бев во зара во сити мол да вратам фустан нарачан он лине и ми рекоа веќе не враќаат пари во продавница за он лине туку ми стигна мејл да оставам трансакција. А другарка денес сабајле во Ист Гејт и вратиле пари исто онлине нарачано не и спомнале ништо. Искуство некој?
Женски, да не ја има некојa јакничкава? Тешка е за одржување? Ми се виде многу нежна, а пишува дека може да се пере во машина на 30. Сигурно нема да ми се истутка така полнењето внатре?
Имам слична, купена е лани, ама колку што гледам на сајтот, матетијалот е ист. Не сум ја перела досега, освен ракавите рачно, ама мислам дека во машина ќе се истутка полнењето и ќе треба рачно да се истресе
Здраво, дали имате искуство со патики од Зара. Дали вредат да се купат? Пошо не сакам да дадам пари а да не траат ни 2 месеца. А вака на изглед доста ми се допаѓаат. Конкретно да овој модел, но ако имате искуство со какви било кондури од Зара, пишете.
Твојата е гумена, подобар квалитет има, а тие материјалните не им се баш квалитетни до толку . Цели се истуткуваат , воопшто не се убави после некаде полно со пердуви некаде ептен празно, а и конкретно оваа ако ти е за секој ден многу ќе ти се валка да знаеш , и на 30 не излегуваат флеките...јас лани купив ваква боја за 3 дена ми стануваше за никаде ..
И оваа е како гумена, ептен е слична со таа мојата, исто и двете се до -20, а и цената е иста, само што сега е на попуст.