Можеш преку апликацијата. Отвори ја нарачката и најдоле кај "options" отвори го "view e-ticket". Ќе го скенираат бар-кодот. Спојлер
Па зависи од кај ги праќаат. Обично ми стигаат за една недела. Иначе над 3000 ако не е на попуст не се плаќа карго, испод 3000 или над а да е со попуст е 250 денари.
Примаат рекламации, ќе завршиш работа и со електронската. Нудат замена или гифт картичка ќе ти издадат на сумата на ташната.
И јас приметив пред некој ден. Да не се спремаат за попустите па го тргнале? Онака брејнстормам, немам поим како било порано и дали има логика.
Дали бројче од кошула што моментално го нема online би го пуштиле? Ја има во Ист Гејт величината која ми треба, но online не, а не можам да одам моментално до Скопје
@FridaodaMk Да, достапноста на бројчињата постојано се менува. Само треба често да следиш Можеш и да ги прашаш да ти ја пратат од Скопје т.е од самиот бутик (и така праќаат од таму некогаш). Обрати се до нивниот контакт центар и пробај си ја среќата
Бев да видам фустан го меркам оддамна на апликацијата ама двата што ги имаа на залиха искинати кај патентот. И ги прашувам ако го нарачам онлине дали е можно ваков да ми го пратите ми вика да. Никој не гарантира дека нема баш од оваа продавница да го испратат. Што прават со оштетената роба баш ме интересира. Да речеа еве попуст купи го ок ќе средев патентот, ама 2600 за скинат патент не давам.
@CareTee Обрати се до контакт центарот и замоли ги да биде испратен од странство. Најчесто тие во продавница се многу пати пробани, а и има доста безобразни луѓе кои ги кинат патентите. Воедно, и да стаса таков и од Странција, секогаш можеш да го вратиш
Ја пратив сестра ми во сити мол тами имаа повеќе на залиха да го најде неоштетен. Таков е моделов нежен малку. Ако не го најде и она таму баш ќе пробам како што викаш. Инаку да нема проблем исто ми рече и девојката ако ти пратат скинат можеш да го вратиш. Ептен ми нема логика зарем не проверуваат пред да испратат.