Мене никогаш не ми стигнало оштетено или пробувано (со пудра, парфем) кога сум нарачувала од Зара. Оштетеното што нема да се продаде, го враќаат во Шпанија, не даваат попуст за фелери. Ова одамна имам прашано, уште кога се отвори Зара кај нас и така ми кажаа.
@CareTee Мислам дека многу мали се шансите да биде искинат ако е порачан онлајн (и притоа испратен од странство). Досега сè што ми има така стасано, се гледа дека било скроз ново, непробано. Good luck, се надевам ќе успее сестра ти најде/ да си го добиеш како што треба
Мене ми имаа пратено оштетен производ. Баш беше за ќерка ми пред да се породам, комплетче за од болница. Апла беше отпарано. Им пишав, ми пратија ново пошто сакав да го имам. Инаку од надвор беше не беше од продавница, тогаш не ни имаа бебешки во дуќан. Така што пробај, наведи им, па секако може да го вратиш ако нечини.
Се дешава и тоа, да пратат оштетено парче. Еднаш ми имаа пратено така. Со расипан патент комбинезон, згора на тоа и етикета немаше на него. Не разбирам како може така да не проверуваат. Пакетот од Полска пратен беше иначе. И моја грешка што не го вратив. Беше на попуст, а го сакав. После си викам што ако го снема и не најдам веќе број и така остана. Првпат така се деси тогаш, инаку обично се е ко што треба но вакви пропусти не би требало да си дозволуваат.
Ако не го најде систер обавезно го нарачувам преубав е, за 1 роденден на ќерче го меркам да се дотерам конечно. Фала ви мислам дека ќе се погоди не сум до толку баксуз се надевам.
Имам едно прашање.. гледам детски патики, кога идам да проверам број, што им значи цм во првата заграда а што цм во втората заграда? Колакви се во должина не ми е јасно? Еве конкретно за бр.36
Ако производот не е достапен во ниту една продавница, а го нарачам, за колку време ќе ми го достават? Немам нарачувано онлајн од Зара.
Сакам да вратам една нарачка....треба да ја напишам трансакциската сметка на тоа што ми го бара на нет?
На апликацијата на Зара пишува дека артиклот е веќе вратен...за колку време да очекувам парите да ми ги префрлат?
зошто не ми дозволува да се логирам од компј, пробав и со нов профил, сесијата истече постојано ми пишува