Со господ напред од утре да трошам рационално овие попусти и да се воздржам од нарачување на 15 нарачки .
И јас знам дека од 19ти се,ама ако беа од тогаш нели ќе имаше известување на аликацијата дека започнува ден порано онлајн,а ден подоцна во продавниците. Сега гледам нема ништо такво.
За враќање само во карго враќате или мора маил да се прати? Дека со апликацијата не ми дава опција да вратам.
Пред две недели јас враќав...преку апликацијата одев, кај што е за враќање...апликацијата те води па ти пуштаат на маил еден лист што треба да го испринташ и да го залепиш на пакетот.
Дали е можно нарачката да стигне порано од предвиденото? Само што нарачав и ми излезе дека ќе стигне на 4ти јули, а нареден викенд сум на свадба.
Прва нарачка направена на 04.06 ми ја доставија на 08.06, втора нарачка нарачана на 08.06 ми ја доставија на 14.06 Така да можно е и порано да стигне
Ако го имало производот тука во продавница можно е, ако го немало ондак тешко. Мене некогаш 4 - 5 дена порано ми стига, уствари секогаш последниве 5 нарачки. Вип пошта работат и сабота па може и тогаш да ја достават.
@Bananki023 Пиши им на вработените од контакт центарот и прашај ги. Во случај да ти кажат дека е можно порано ако ја праќаат од Скопје, можеш да им ја објасниш ситуацијата, да ти ја достават кога сакаш и ќе ти излезат во пресрет