Крај на август цените ќе бидат прениски ама па и слабо бројчиња ќе има. Не дека е јак бренд ама на попуст има многу убава облека за солидни цени. Сега на почетокот уште држат цена ама ќе видиш за 2-3 недели колку ќе спуштат. Јас сега само си го купив палтото што многу ми се свиѓаше. Беше 2690 сега го начекав 1790 Следно ќе нарачувам во август сега не
И јас се прашувам истото, некои парчиња се со добар квалитет, други катастрофа, за најобични материјали ги дигнале цените. И немам попаметна работа од тоа да отворам апликација по 50 пати на ден да видам за број и со секоја нарачка да плаќам по 250 денари за достава.
Мислиш ги даваат за 100 денари... Какви ценишта бупнале, ја не знам кај иде светов? Маичка 2000 денари, де бре? Коа ќе ми текне кој ли ја крои... Тажно. Е, Зара било, биг дил!
Во август ќе имаат 5 парчиња и тие ги ставаат на апликацијата и само ги вртат. Број за жива глава не можеш да најдеш, што ако плаќаш едно парче по 250 денари кога доставата чини исто толку. Да фабриките им се во сиромашни земји. Катастрофа. Мала споредба имам маичка купена од Sinsay за 200-300 денари така најобично ја земав ништо посебно, не знам колку пати сум ја испрала досега, како нова е, материјал топ и квалитет ова второ лето ќе и биде. Иста таква од Зара по првото перење се собра материјалот катастрофа, а цената дупла.
Same here. Да земам да се трескам од земја, да станувам во 4 сабајле и да отварам апликација 50 пати на ден за 30% попуст на зара - не, благодарам! И тоа ќе го доплатиш со карго и нервози. Па уште и ако не ти се погоди број па да враќаш, дополнително нервози и губење време. Да беше некој екстра квалитет ќе разберев!
Јас сите работи што ги сакам си ги ставам во омилени така ги следам и секогаш сум ги начекувала по супер цени
Проблемот е само доставата, која некад знае и поскапа да е од самите артикли. Како коа се тие огромните попусти и коа начекуваш стварно за ич пари работи. Тоа е глупото, дека неколку ствари да начекаш одеднаш е скоро невозможно, а за број ќе се најде ако среќа имаш ама посебна порачка да праиш.
Како и да е, ја не купувам гардероба онлајн т.е. додека не си пробам во живо. Мислев деа Зара ќе имаат попуст и на парфемите, ама изгледа ништо.
Направив нарачка сега за попустов ама од 26ти ми стои being processed, дали дека се попусти па волку се чека? Прв пат нарачаувам нешто за време на попуст
Исто. Баш сакав да прашам дали на некој му е сменет статусот или можеби му стигнала веќе. 5 дена стои дека се процесира. До сеа колку што памтам и за време на попусти волку не сум чекала да се процесира, побрзо идело. Веројатно доста нарачки имаат, тогаш па демек немале. Ајде ќе почекаме.
По не знам кој пат сандалите дали се всушност санки и слободно ќе се лизнеш некаде? Заљубена сум во нив, ама страв ми е да не се лизгаат. Искуства?
Зависи какви,ако сакаш од тие како римјанки што се јас имам до сега не сум се лизнала ама внимавам,а на другарка ми и се лизгаа знам и плус јас на нив не можам повеќе од 3 часа да сум,не се баш удобни.
@JuLleE Зависи за кои конкретно прашуваш, но претежно да, за жал. Сепак повеќе се модни сандали, отколку за ептен удобно шетање и брзање насекаде
@JuLleE Мене обувки никогаш не ми се погодиле од Зара. Прекрути некако ми се и колку за мода(сандали/штикли). Тоа што ќе кенкам после 2 саати носење не ми вреди за парите. Барем мене.
Да се надоврзам,патики по третото носење каде што се прекршуваат од страните се одлепија,а за неудобноста да не зборувам..
Баш позитивно искуство иам со обувките нивни до сеа. Сандали рамни, патики, мокасини и едни други чевли. Удобни ми се и еве ги тераат. Ја плус проблематична сум, се праам со рани, со чуда, сеа неам таков проблем. Рамните сандали, друг модел кој више го нема, од лани беа, не се лизгаат. Зависи кој како и како ќе ти се погодат.
@JuLleE Купи си ги, не се мисли воопшто. Штом им имаш мерак, удоволи си Потоа ако се баш неудобни, носи ги само во одредени пригоди, пример некаде ако отидеш на вечера, кога претежно е поладно за да ти бидат и стапалата по океј, а и кога би го поминала времето седејќи
Ги имам од пред два месеци, ги изнаносев, +/- само во нив сум, не се лизгаат, меки се и удобни. Само се поголем калап, а не стои тоа во описот и тоа баш поголем.