Моите стигнаа. Едната четири дека пред крајниот рок, другата два дена порано. Прв пат вака, лани повеќе чекав.
Дали при подигање пратка може со картица да се плати? И дали некоја знае зошто онлајн не може со картичка во мк?
Зошто кога ќе искомбинирам производ ми го дава дека не е достапен а кога е само тој во кошничка можам да го нарачам? Можам одпосле да го нарачам?
Јас сум досаден со ова, ама стварно не ми е јасно зошто кај нас парфемите не се на акција... Како што разгледав по сајтови од соседни држави-и парфемите се на попуст. Само кај нас-не. Баш чудно.
А зашто артикл на попуст кој беше до вчера, денес по редовна цена го стаиле? Нели треба да е на попуст дур траат намаленијата? Глупости.
Стварно? Мене не ми се десило такво нешто. Може грешка направиле следи го. И мене често ми прави така . Па еднаш успеав да го начекам пак со други артикли. Пробај .
Не им е грешка. Еве глеј, на првата слика коа беше на попуст, денес префрлен у новата колекација и по ненамалена цена. Нели е истиот модел или ја сум делулу?
@Mrs. right Според мене, не е истиот бидејќи цветот до копчињата се разликува. Општо целиот распоред на шарите не им е ист, пример и долу при работ. Валјда од истиот материјал, ново издание. Плус, шифрата им е различна. Воедно, досега не сум забележала така да намалат, па да ја вратат цената.
Мене ич не ми се разликува, тотално е ист фустанот. Старо нова колекција, глупости си прават, не само Зара, кај мн имам приметено ваква глупост.
@Mumoftwo30 Распоредот општо на цвеќињата се разликува. Кај копчињата горе, долу при работ и сл. На првиот како да има повеќе slightly помали цветови, a на вториот малку поголеми и поретки.
Што знам, на попуст коа беше друга манекенка го носеше, сега друга. Сум приметила така знаат по две манекенки различни да носат ист модел. Еве ја иам зачувано и другата слика. Се слагам со @Mumoftwo30 можеби прават некои финти, кој ги знае.
И во Ваикики имам иста шема приметено, и тоа пази се продавааат едни у нова, едни у стара колекција, и "бог те пита" која им е разликата, освен нели цената, друго се исто.
Исти модел, исти материјал, иста должина... упс чекај ќе смениме распоред на цвеќенцава, и може у нова колекција да иде.