Кое бројче ти е? Може го нема на залиха и затоа ти дава така. Ми се случило да го ставам во корпа ама кога ќе ставам уште нешто да пишува дека не е достапно повеќе.
Различни шифри се. Го знам фустанов го меркав ама нарачав друг. И овој што не е на попуст со редовна цена го видов исто пред некој ден. И јас помислив дека е ист ама бил сличен Мене за 1 недела максимум ми стигаат Дури и порано од тоа што ми пишува.
Мене ми даде дека треба на 23ти јули да ми ја достават па еве денес ќе ми ја испорачаат. Не е секогаш точно
Јас направив нарачка на 9ти јули пишува дека ќе стигне на 18ти јули, но мислам побрзо ќе стигне. Стои само испратена засега.
Имам направено нарачка на 05.07 кога стигнала овде во пошта (вип пошта) ми се јавија од тамо во четвртокот (11.07) да ме прашаат за точна адреса, нешто не им било јасно каде е точно. Им објаснив во која населба е адресата и ми рекоа дека се помешале со друга адреса и дека дента покасно ке ми ја достават. До сега никој не се јави за пратката, а на апликацијата за следење пишува дека вчера (12.07) повторна достава - магацин и во забелешка од доставувачот пишува: покасно ____ (населбата) Прашањето ми е дали ќе ми ја достават или не пошто до сега никој не се јави? На апликацијата ми пишува дека од 12.07 до 15.07 треба да биде доставена Прв пат ми стига нарачка од вип пошта , претходно сите ми стигале со еко логистик
@MorskaSirena Би требало Понеделник да ти ја достават. Ако не биде ни во Понеделникот, пиши им на Контакт центарот од Зара, да им се јават на тие од Вип пошта и ќе средат
Женски да ве прашам. Ми фаќаат два плетени фустани око ама си викам да не ми биде топло со нив летово или? Сте купиле ли какви се?
Секој четврток или петок, како беше има дополнително намалување на веќе намалените цени на одредени артикли. Би требало уште еднаш до два пати да намалат. Ама имај на ум дека и залихите се намалени па вистинска среќа е да начекаш број.
За враќање да прашам Планирав по курир да ја вратам, си испечатив и лист, но, испадна да не сум во можност да ја предадам во каргово кога ми ѕвонеа. Ќе имам проблем да ја вратам во продавница? А, и само кај мене немаше фискална сега во нарачкава од попустиве?
Немаш проблем. Ако е во предвидениот рок. Фактурата покажи им ја, на апликацијата ја имаш. Не мора да се печати. Се дешава така да не стаат фискална. Ми се десило. Не сеа последниве пати ама бидува и тоа.
Да не раскинале соработка зара и еко логистик? Сите пратки до сега ми се со вип пошта, а богами со нив имам проблеми за достава