Ништо не ми пишале сеуште... Битно сега ми стои дека е во процес на достава . Од Приштина ли ќе ја носат ???
Исто и мене Или од Приштина во моментов ја носат до некое од нашите пошти па од утре ќе ни ја достават
И мене вчера ми ја подигнаа Мик Мик, на линкот кога ќе отвориш пишува на албански да, меѓутоа во Македонија е ова карго, си имаат и сопствени возила со СК регистарски табли и со нивно лого назначено, и веднаш следниот ден ,односно денес ми ја доставија.
Дали може да вратам во продавница фустан кој го нарачав онлајн? Што треба да носам со мене, само фискална, така, или ми треба и нешто друго? Во таа нарачка имав три артикли, но сакам да вратам само еден. Дали тоа ќе претставува проблем?
Дали кога порачувам, предвидената дата пр. денес сакам да нарачам пишува Понеделник, 29 Јули е релевантна или може и порано да стигне? Како можам да знам дали ја имаат на залиха во Скопје?
@Powder Може да стаса и порано, некогаш и 5 дена порано, некогаш само ден да подрани. За достапноста, кликни тука: Откако ќе кликнеш, избираш величина и внесуваш адреса
Ти благодарам многу, сега откако порачав, пишува дека ќе ја добијам уште порано на 25ти јули, видов и дека е достапна во Скопје така да, да се надевам дека ќе стигне порано.
@Powder Некогаш може да се случи и да ја праќаат од Скопје, не од странство и тогаш стасува многу побрзо
Служба за грижа на корисници, може да започнеш разговор преку апликацијата или преку веб страната, еве ти на линков поконкретно и работно време https://www.zara.com/mk/mk/contact