Како е во Х&М? Во продавница, само -20% со сметка над 1800ден мислам, многу слабо некако… А и општо некако, за мажи барем, слабо избор кај нас. Инаку на апп, некои од производите повторно стануваа достапни од време на време. Јас затоа две нарачки си направив…
Не бев денес, онлајн уште нема ама вака од грчкото ХМ што ми стига њуслетер ноон стоп имаат некоја акција, е кај нас уште не сме стигнати до тоа ниво, ама како и да е подобро е од ова циркусов на Зара секоја година.
Да, дефинитивно се прават циркузи секоја година, ама гледам луѓето не се откажуваат.. Денес во продавница, во 10.30 беше full, се зачудив кога пристигнале толку многу луѓе во само половина час.
Исто и јас приметив утрово, сите можни работи што ми се допаѓаа и ги снема одма сега ги има на залиха по фул цена.
Зара попустов катастрофа. Повеќе ми беше некои слатки бебешки работи што ми се допаѓаат да видам дали ќе има попуст ама слабо многу. Премногу очигледно беше дека ги ставиле на попуст само тие што слабо им се трошат.
Мене прв пат сега во четврток порачана а денес ми се јавија дека можам да ја подигнам. Сигурно во Скопје го имало фустанот и дома ми го прати ја.
Мене денес ми стигна првата пратка, шо беше со рок до 11.12., преку микмик. Супер се договоривме, немаа некои испади…
Дечки здраво. Имав нарачка од Зара и денес имено си ја превземав-беа изненадливо брзи,и океј курир. Ја отварам внатре,имаше дел од нарачката. Се јавувам кај курирот,ми вика ајде другиот дел ќе ти се достави утре и најверојатно внатре имаш сметка,бидејќи си ја побарав јас. Прашањето ми е дали секогаш внатре ставаат сметка Зара? И дали ако евентуално немаат ставено,ќе се разберам некако со вработените ако сакам нешто да вратам? Можеби глупаво прашање,ама до сега онлајн Зара немам нарачувано
Сметката е од надвор прилепена секогаш, но не ти е потребна, на апликацијата имаш електронска сметка.
А има бар код за скенирање? Мене малце ме нервира што не даваат сметки кога нарачувам онлај, а баш големи суми правам што нема како да ги скенирам.
Да да "Нормална " сметка си е . Секогаш ,на секој пакет од надворешната страна прилепена е во бело мало пликце
А ова од сите продавници? Јас последно од Спорт-М нарачував и имав сума над 4000к, фактура имаше но фискална не...