Ја изгасија апликацијата, ги тргаат сега од лагер 80 посто од работите да се оут оф сток во 21, да видиме блек фрајдеј реприза
Сабајле ги ставив во кошничка, точно 21.00 вклучувам да нарачам, нема на залиха. Мхм, важи нема грешка
Јас од примерот со Black Friday се откажав од онлајн нарачување, барем на првиот ден… Ако ми треба нешто, ќе одам в продавница и то е то…
Ви се има случено да ви ја откажат нарачката? Помина терминот за испорака, каснеа си викам ај пред нова година, ама никој ми се нема јавено за достава и сега гледам откажана. Сега земав пак да ја нарачам и го нема бројот...
За колку време ви дава дека ќе стигне нарачката? немам нерви во продавница гледам за децава се наоѓаат броеви да ги снабдам ☺️
Во средата нарачав, пишува дека ќе стигне на 9-10 јануари. Ама мислам дека порано ќе стигне, веќе е испратена.
Ви се има случено да не бидете дома кога ќе ви се јават и ми рекоа дека они се должни пратката да ја вратат во магацин и не знаат дали понеделник ќе им ја дадат пак за достава или ќе ја вратат во зара? Не знам дали да ја чекам утре?