Не, од Вип нема шанси да дојдат со пари и да ти ги вратат. Ако не ти вратиле кеш во продавница тогаш сигурно на сметка ќе ти ги вратат. Не ми е јасно од постот, викаш кога побара онлајн рефундирање си пополнила сметка, а на крај викаш дека никаде не ти побарале сметка. Штом првично онлајн си селектирала производи и си напишала трансакциска, тоа е тоа. Артиклите се вратени (наместо од Вип, стигнале преку тебе) сега треба да чекаш средства на сметка само.
А зошто си барала онлине рефундирање кога веќе си била во можност да ги однесеш во мол? Јас имав иста ситуација на првата нарачка ама во Бершка стиснав онлајн рефундација а ги вратив во мол но парите ми ги дадоа таму.
Не сум од Скопје и првично немав прилика до датата за враќање да отидам, ама му напоменав дека имам направено онлајн рефундирање а не ми се јавиле од вип пошта да ги подигнат работите, може и затоа ми е кажал така,имаше гужва и не сум разбрала добро Кога побарав онлајн рефундирање имаше поле да напишам сметка, но кога отидов во продавница таму направија одново рефундација и добив мејл но на него има само информации (кои производи, сума која треба дс ми биде вратена и до кога на начин на кој што сум ја платила нарачката) немаше да пополнам сметка, затоа прашавда не има некој искуство слично
Враќаат јас пред недела вратив. Можеби си ги купила производите преку картичка и тогаш де враќа само гифт картичката
Јас бев враќав денес ми понудија исто картичка гифт кажав не сакам ,пари сакам на рака. Немале пари во каса. Се вратив по пола саат ми дадоа пари. Значи не ми е јасно 3000 мкд ми беа за враќање не некои по 6000 и повеќе што прават. Мада и тоа треба да си го решат не е во ред ова. Ќе размислам веќе и јас дали ќе нарачувам од Зара. Нема смисла веќе.
Не ги купив преку картичка, денес на сите така им кажуваа. Мене ми кажаа дека повеќе немало да враќаат пари само поклон картички, јас прифатив и ја зедов картичката, но воопшто не ми се допадна што ме условуваат со картичката кај нив да ги потрошам парите што требаше да ми ги вратат. И јас ќе размислам дали ќе купувам повеќе кај нив.
Не смеат така да прават и да кажуваат. Си пишува на страната дека враќаат пари ако не ти се допаѓа производот. Иначе во сити мол ли вака ти кажале ?
Јас пак си мислев дека јас не знам дека така враќаат бидејќи оддамна немав вратено. Почнаа многу да претеруваат, ќе размислам два пати дали ќе порачам повеќе од кај нив. Да. Како што кажав веќе ја зедов картичката, тие си го направија своето на некој начин ми вратија пари на нивна картичка хахахха.
Kade city mall ili east gate? I jas veke ne naracuvam od kaj niv, isto mi rekoa nemame pari vo kasa , pa utre ke odam pokasno, ete naracav za decava nisto ne im e tocno sto da im pravam na rabotive, pari sakam ne karticki gluposti.
Vo koja Zara bese? A vo kes veke ne vrakaat kaj treba da se pise smetkata ne gledam nikade vo ap;likacijata del za smetka ili otkako ke vratime se pojavuva del za pisuvanje?
Во Сити мол. Иначе кога ќе вратиш ќе ти стигне мејл за да пишеш трансакциска сметка . Ја пишуваш во апликацијата и стискаш кај нарачката којашто враќаш и во опции ќе ти искочи враќање пари.