Аха Дека прочитав листа на чекање , мислев да не има некој начин да си ставиш што си сакаш у корпа и ноќеска да отвориш и ќе ти се појави дека го има достапно Значи ако станам ноќта ќе треба да си барам "регулар" низ апликацијата. Ќе се расонам ако навијам аларм у 4 Како до 15.02 да прочитав дека траат попустите
Ама претходно ја имаш стаено у корпа? Ако си ја имала, тогаш би требало да се појави, коа ќе стане достапно. Или у корпа или па во омилени, па одма ќе најдеш што ти треба.
Не,не сум ја ставала никогаш оти има само помали бројчиња,не тоа што јас го сакам. А како е тоа во омилени , можеш да ми објасниш
Во тој случај, не може да ти ја врати, пошо ја немаш стаено, па пак треба да пребаруваш. Нели коа отвараш артиклите има едно знакче како bookmark, кликни го, и ти ги зачувува во делот кај Омилени. Тој ќе го најдеш кај профилот што ти е, одма таму се тие артикли, ти ги покажува зачуваните, за брзо да најдеш, а не низ сите да пребаруваш. Корисна опција.
Баш пишете дали ќе ви стигнат уловените страни. Јас едвај уловив една кошула и направив нарачка, 10 дена чекав да се процесира и на крај ми стигна маил нарачката нема да била целосна, кошулата веќе ја немало, само останатите ствари ќе ми стигнеле.
Неможеш Овие ми беа во корпа, ама дури направам нарачка магично снема се. после само ти јавува ако станат достапни Ајдееее мене веќе еднаш ми направија така и сега пак стана достапно и го нарачав. ако ми напраат пак така , аман !
Кај сите доцни доставава? Веќе една недела помина и ми го продолжуваат датумот за ден два и пак ништо
Направив нарачка на 29.01 успеав да начекам тренч мантил за 1000 мкд и сако исто за 1000ка . И сега осеќам дека некој производ го нема зошто после толку дена нарачката уште стои купено...
Јас ќе ја пробам вашата финта и ќе си го навијам саатот во 4 за да си ја пробам среќата, може ќе начекам бројчиња од тоа што чекам .
Не мора да значи Мојата од 20ти некои 7-8 денови стоеше така, на крај ја добив три дена порано. Инаку најдобриот улов овој пат ми беше во 8 наутро, во четири не начекав ништо неколку пати.
Ако некој знае да ми каже. 30 дена за поврат од издавање фискална или од нарачка. Ме буни една нарачка ја добив на 13 јануари, а на апликација ми пишува поврат до 02.02 (направена на 01.01)
Од издавање на фискална. По ова они ја издале фискалната на 04.01, а тоа што курирот ја донел на 13ти е друго, многу доцнел.. Ја имаш фискалната? Кога е издадена? Или отвори на апликација доле лево кај опции, па фактури и ќе видиш.
Мислам дека до 02.02 можеш да вратиш. Тоа е така зошто повратот го рачунаат од денот кога ја пуштиле нарачаката затоа ти стои тој датум . Зошто нели доле кога ќе стиснеш кај нарачаката имаш само опции немаш враќање. Можеби грешам ама пиши баш да ни кажеш.