Зарем и ако сами ја враќате нарачката во карго (drop off) наплаќаат 99 ден? Кога враќав онлајн последен пат беше бесплатно , освен курир ако дојде 150 ден.
Женски, од попустите имав некои стварчиња ставени во омилени, надевајќи се дека некое бројче ќе стане достапно да си го порачам. Повремено беа достапни во Л број а пример чекав М. Од денес листата во омилени е празна а гледам дека и акциската продажба ја нема како опција на страната/апликацијата. Толку е со онлајн попустите, има некој што подобро знае?
Ја има ли некој јакнава , дали одговара на величина или треба едно бројче поголемо , ми стои кратка вака на моделот, а баш и е супер цената сега за 1500 денари.
Зашто некој производ не ми го дава онлајн да го нарачам т.е го нема бројот а кога проверувам дали го има во продавница ми дава дека има само едно бројче тоа што ми треба
Не се поврзани онлајн и продавниците околу достапноста. Не функционираат како Фешн груп, Зара имаат магацини/складишта и залихата онлајн се наоѓа во нив. Доколку е нов производ и не е во оние со намалени цени, стави во кошничка и чекај да стане достапен, сигурно ќе е пак. Или ако можеш трк до продавница. Зара почнале да работат со Мик мик? Ауууу скрос лошо искуство имам со поштава, гледам една нарачка треба они да ми ја достават, краен датум е денес, ќе ја видам изгледа за еден месец Вип и они се боже сачувај откога се смени курирот на мој реон, има еден млад и со него е ок, ама со еден некултурен чиче ауууу, ѕвони и ти вика "јас тука сум", или поѕвонил и не си се јавил и за едвај 5мин му ѕвониш и или нема да крене или ќе ти каже дека веќе стигнал на локација која е 20км далеку од тебе Се радувам кога ЕЛС ми носи, еден ром носи, ама толку е љубезен и приступачен алал.
Исто мислење за Мик мик. Не сум од Ск. Се пожалив на чет и ги замолив да не ми праќаат преку нив. Три нарачки ми вратија дека не сум ги подигнала, па дека реагирав побрзо пак ми ги пратија назад уште нераспакувани. Јас работам во друг град на околу 40 км од дома. Мик мик нема во мојот град туку во соседниот. Се јавува курирот тука сум излези надвор. Има реков ќе подигнам од база, кажал не сакаше да ги подигне и ми ги вратија. Дефинитивно мора нешто да сменат во комуникацијата. Или да доставуваат попладне. Или ден претходно да се јават да се договориме. Вака и нив не им одговара и нас.
Мик мик се надевам се управиле и изгледа "кампањски носат" и како ќе ти се погоди. Ок, за едната се јавија наредниот ден како мина краен датум, но за другите две се јавија 5 односно 6дена порано. Скрос љубезен курирот.
Некоја што нарачувала овие денови, за колку ви пишува дека ќе стигне? Над 2,600 беше бесплатна доставата?
Пред да ја финализираш нарачката, ти дава датум кога ќе стигне. Јас вака си проверувам, ако не ти одговара, можеш да стиснеш "back" и никому ништо . Над 2590 е бесплатна достава.
Од 25ти фебруари нарачана краен рок за достава ми е 13ти март а уште не е пратена, никогаш волку немам чекано а секој месец имам нарачка, не знам кај е проблемот