Мене во еден ден ми се процесираше, испрати и ми се јави курирот за достава. Краен датум беше 13ти, на 8ми ја добив со Мик мик. Се случувало и друг пат вака.
Е така е ок , ама јас дури нарачам цел ден ми стига на меил го има , па го нема , дали се зезаат којзнае
Не знам како сум се одјавила од апликацијата и сега во државите што ми ги дава ја нема Македонија? Што да направам ако некој знае?
Купив фустан во сити мол (не онлајн), ама ми треба да го заменам за помал број. Ми покажува дека го има само во ист гејт. Може во ист гејт да го вратам и да си земам друг или мора во сити мол?
Дали некој има подигнувано онлајн нарачка од продавница, како оди процедурата? Зборувам за во странство (Грција, Бугарија) ,овде кај нас нема таква опција.
@Elena878 Се досетив на тебе дека пред некое време го бараше каишот од Зара со монистата. Во случај да не си видела, сега е достапен многу сличен модел, повели линк. (Го пишува како повеќенаменски ѓердан, но е и како каиш, да не те буни тоа)
Не можам да си влезам на профилот на Зара, внесувам маил и лозинка и ми дава погрешна, пишувам ресетирај, и не ми стигнува маил за да ја сменам. Има некој друг начин?
Имате некој контакт број од Вип Пошта? На овие двата шо им се на нет недостапни се а на апликацијата пишува дека пробале да ме добијат а не ме нашле. Мене никој не ме побарал. Само ако ја вратат пратката назад…
Да, тоа го прават. Изгледа имаат многу пратки и не се во можност се да достават на време. Од попустот имав повеќе од 10 нарачки кај нив и три ми ги вратија. Среќа реагирав на време, пишав на Зара на чет додека не беа распакувани, па ми ги вратија назад. Многу се неодговорни, и во сите градови истото се случува.
Тоа им е редовна пракса на Вип со "неуспешен обид" за достава. А за телефоните еднаш прашав зашто никој не крева и почна да ми се жали колку повици имале, не можеле да постигнат. Ако денес ти стигнала нотификација за "неуспешен обид" најверојатно утре ќе те побараат за достава. Кај мене така се има случено неколку пати.
За враќање онлајн нарачано, бараат нешто да кликнеш преку апликација на каса? Сакам да пратам друг да ми врати нешто, не знам дали е сменета процедурата