Има една ташна out of stock е, имам стиснато на тоа notify me, да ми стигне мејл кога ќе е достапна. Два пати до сега ми има стигнато и во рок од пола саат е распродадена. Како да "ја фатам" Можно е толку брзо да се распродава или грешка некоја е?
Додај ја во омилени, и таму проверувај си нпн стоп и кога е достапна одма преместувај во корпа. Од досега искуство мејлот кога го праќаат веќе е касно за многу работи.
Што се случува со апликацијата ? Утрово разгледував се беше достапно, сега повеќе производи не се достапни или нема броеви.
Кај мене 0 достапни од работиве што ги сакав. Не ми е ни смешно веќе, стварно ми станува одбивно да чекам да се улови нешто. И што сега, пак во ситни саати ќе ги ставаат на залиха парчињава, па кој фатил-фатил.
Јас секогаш порачувам после 3/4 недели од како ќе почне попустот,баш кога ќе намалат повеќе па што начекам тоа,затоа сега не се замарам.Ставив многу работи во корпа и ќе си чекам бидејќи ако почнам уште сега -3 плати ќе биднам