Јас имам купено од Х&М пред некоја година исти вакви (не од МК но би требало да ги има и тука), супер се
Нарачав од Зара почеток на јули, а сеа веќе 10 дена ми е заглавена којзнае каде во ВИП пошта, кога и да си ја побарам пратката само велат не е стигната во градов, уште е во магацин во Скопје, ќе стигне деновиве ќе ви ја доставиме ... Претходно по елс ми стигаа од зара нарачките, точно на датумот ми беа доставени, како што пишува во апликацијата... Сте имале ли и вие проблем со вип пошта ?
А те побарал некој доставувач или само нотификација доби? Мене Вип пошта ми прават вака, секогаш добивам нотификација дека демек е направен обид за достава, а всушност никој не ме побарал. Потоа се јавуваат сами, најчесто следниот ден и ми ја носат пратката.
Би требало да ти се јават деновиве, но ако никој не те побара до крајот на неделата, ѕвони им и прашај што биднало со пратката. Кај мене секогаш вака првиот пат апликацијата ми дава нотификација дека имало неуспешен обид за достава, а ниту ме побарале од Вип, ништо. Потоа сè е регуларно со пратката, ми ја носат до дома па можеби им е некоја системска грешка ова со нотификацииве, не знам...
Мене ми вратија пратка. Од ЕЛС. Лажеа два пати ме контактирале. им приложив и доказ дека немам повици. Е нервиве ми ги дигнаа. Два дена чуваат пратка и ја враќаат инаку.
Не, ограничени се на 30 дена поради законски регулативи. Од утре ќе пишат пак нови датуми и попустот си продолжува
Јас пред 1 недела порачав, уште стои "купено", така што очекувам да си се изначекам. Еднаш чекав цели 3 недели
На 18.07 направив нарачка пишува до петок треба да се испорача статус уште купено додека пак на 26.07 нарачката што треба да стигне исто петок е пратена денес .
Исто, и ете ја денес пак ја нема. Во вип пошта е, ми стаса нотификација дека имале неуспешен обид да ме контактираат, што не е точно. Цел ден сум дома на тел. Ниту некој дошол ниту се јавил
А имаш некој број каде може да ги најдеме? Покатастрофа достава, амин. Незнам како Зара може да работат со ваква фирма, зарем пред да потпишат договор немаат некои барања од нив
Здраво. Овој модел конкретно го немам, забележано имам дека ги имаат подобрено моделите со тоа што имаат додадено перничиња кои што овозможуваат удобност и комфорт при носење.